Не смееш да патуваш туку имаш месец дена да го смениш пасошот. Инаку ако не спомнеш ништо за презимето на граница нема да те фатат и ќе можеш да поминеш инаку нема да те пуштат.
Јас после свадба патував со моминското презиме, после тоа си закажав и така ми истекуваше стариот пасош, никаква казна не платив, месец дена може.
И јас две години си патував така , не го сменив воопшто ама после лом ме направија во полицијата кога бев да го менам.
Не креваат, мм 3 дена врти не креваат, валиден му е до 2028, ама мора да го смени. А и за брза постапка не верувам дека ќе биде за 48 часа готов, сега има гужви, сите мораат да сменат, истото кога беше за биометриските, демек за 48 часа, а знам многу се чекаше и за брза постапка.
Тоа што ти си патувала и не те фатиле не значи дека некоја друга нема да плати казна. Јас кажувам по закон како е - не смее да се патува со невалиден пасош, а пасошот ти станува невалиден во моментот кога ќе смениш лични податоци (во случајов презиме), не за 30 дена.
Многу значи и кога патувала, глобата (член 44-а) стапила во сила на 26 декември 2020 година, пред тоа немало глоба.
Во 2007 е донесен законот кој предвидува глоба од 100 до 500 евра доколку се користи патна исправа откако се променети лични податоци. Пред 2020 дефинитивно постоеше јас кога менував лични податоци. ЕДИТ: сега проверив, со член 44а е само намалена предвидената глоба.