Закажав за возачка но заборавив која кабина беше. Ќе ми прават проблем кога ќе појдам таму дека не знам или не е битно?
Здраво, треба да сменам адреса од еден град во друг, поточно во Скопје. Е сега гледав ма страната за документи што се потребни, не ми е јасно дали треба да одам прво во општината кај што имам сега адреса на ЛК да одјавам па да поднесам за во Ск или дирекно во Ск може?
Дали некој го ажурирал сертификатот на еуслуги? Дали многу се чека и дали одма го средуваат? Гледам дека за многу услуги бараат таков...
Бидејќи термини за лични документи нема во Скопје, дали е можно да се сликам за пасош во друг град во Македонија?
Дали на тие што во следниов период им истекува личната карта, а терминот е долго после истекувањето, ќе им важи картата во меѓувреме? Мислам по правило не важи ама дали ќе се смилуваат да важи?
Според логиката со тоа што од јануари има слободно а до феб треба да е све сменето не држи вода да казнуваат како што рекле
На блиска ѝ истекува во декември, значи не ја менува само за со Северна и затоа не знае дали ќе ѝ важи додека извади нова.
По правило треба да одиш во општината каде што се водиш моментално и да се одјавиш. Можеш и во Скопје да пополниш одјава и тие да ја поднесат одјавата до твојот град, ама тоа зависи кој ќе ти се погоди.
Ќе отидеш во МВР кај МРТ, ќе ти дадат и одјава и пријава, од документи потребно ти е имотен лист (или договор за изнајмување на стан). Ќе ти отворат предмет, од полиција доаѓаат на наведената адреса за да проверат дали вистина таму живееш. За 2-3 недели ќе ти биде готово решението и веднаш ти даваат термин за сликање за лична карта.
Дали 072929292 е бројот за закажување термин? Затоа што никој не се јавува на бројов дали има можеби некој друг начин за закажување онлајн?
И јас ѕвонев ама џабе, за среќа една членка тука ми ја кажа страната https://uslugi.gov.mk/ , па тука закажав одма термин, треба само да се најавиш со корисничкото име и пасворт од ујп
Се сликав за пасош по брза постапка ми рекоа за 48 саати готов ама заборавив дека празник па викенд и не прашав дали сабота работат за подигање?
Како ги подигавте лична карта и пасош со старите ли? Стариот пасош го заборавив во кабина морам ли новиот со стариот пасош да го подигнам?
Стариот пасош го задржуваат додека не се изготви новиот, потоа двата ќе ти ги вратат, со тоа што стариот ќе биде поништен со две дупки.
Zdravo na site Mene mi e izgubena licnata karta. Shto treba da pravam sega i dali moze nekako po brza postapka da se izvadi?