Денес не вратија од сликање за лични документи, со образложение дека немам активно живеалиште, што мене никако не ми е јасно, заради тоа што уназад време сум на иста адреса веќе 5 години. Дали некој знае што тоа означува "немање активно живеалиште" да ми пообјасни? Фала
Значи по скапана власт од оваа нема! Поради тоа што некој сељак реши да го промени личниот опис на државата сите ние при веќе платени лични документи кои имаат уште по неколку години рок сега дополнително ќе бидеме изложени на трошок, губење нерви и време за да вадиме нови. Преска закажав за лична и пасош, ми дадоа термин дури за средина на јули наредна година! Тоа значи дека ако не ги поместат роковите или нема со месеци да можеме да излеземе од црнава дупка или како што им и е поентата, да ги извадиме пасошите по забрзана постапка за три пати повисока цена. И ако, нека ќутат сите. Дур има овци ќе има и кој да ги стриже. Ова е голем проблем со кој ќе се соочат огромен процент од жителите. У ек на одмори ќе немаат пасош. А за четири члено семејство да извади пасоши по забрзана постапка ќе биде потребна скоро една просечна плата. Класичен грабеж!
Попрво на Марс сите заедно ќе отидеме, отколку да извадиме лични документи во брзо време и како што треба. Толку имам да кажам за оваа тема.
Здраво на сите, закажав термини за сликање преку e-uslugi страната, дали кога ќе одам на терминот за сликање треба да прикажам некаков доказ дека веќе се уплатени средствата? Се плаќаше онлајн со картичка за да го закажеш терминот. Фала!
Ова во Скопје? Татко ми плати на денот кога се сликаше. Во твојот случај... Ќе одбереш опција Преглед на резервации и скриншот на терминот.
Да, за Скопје, а на платформата кога закажуваш мора да направиш уплата на средствата за да се зачува терминот, па не знам таму дали им покажува кога ќе одам дека е платено, или треба да се однесе некаква потврда. Од платформата има само документ- барањето што се пополнува и документ со потврда за терминот.
Само закажуваш и толку е. Јас закажував за татко ми пред 3 недели. Ништо друго не отварав на страната. А за плаќањето, како што веќе ти пишав. Или појди таму и прашај. На овој линк закажував. https://termin.mvr.gov.mk/Reservation
Извини, веројатно не се разбравме. Јас закажав термин преку оваа платформа: https://uslugi.gov.mk/, не таа на МВР. Тука е многу полесно, одма дава следен слободен термин Работата е само што за да го закажеш терминот, мора да направиш уплата (како онлајн плаќање), па затоа моето прашање беше дали треба да се однесе некаква потврда дека е уплатено кога ќе се сликам или системски ќе им покаже. Кога закажуваш од на МВР страната, не се плаќа туку директ кога ќе се сликаш.
Чекав некое друго решение да донесе владата за заменава на документите, ама тешко , па денес се јавив и ми закажаа за 22,07,2024 Скопје. Сеуште се надевам на друго решение, имаше некој поднесоци до влада за законитоста на ова решение и јас ќе поднесам само да видам каде беше имаше спремни докоменти некаде на фејзбук.
Нема термини таму. Освен по итна постапка. Не се нормални. Го тераат народов да дава 6 100 денари за пасош. А некој можеби ќе треба другата година некаде да оди во странство.
Дали некој знае каде се поставени штандовите за сликање во наредниве денови за тие што немаат закажано?
Влегоа во сила законските измени за лична карта по брза постапка. Услов е да нема промена на живеалиште или адреса на стан.
Има некој скоро што се сликал за пасош? За колку време ги издаваат? Знам дека во Скопје се чека за термин, ама ако веќе си се сликал за колку време го добиваш ме интересира. Ќе се сликам деновиве, ама страв ми е да не не ми го издадат за 10-15 дена, а да ми го поништат стаариот, пошто имам лет за месец дена.
A po itna kolku vreme se ceka da go dobies pasosot? I kolku vreme odnapred da se javam da zakazam. Prasuvam za lice koe ne zivee vo Mk, a e knap so vreme.