Здраво треба да се сликам за лична (мажена сум мењам презиме и адреса) ме интересира освен извод на венчани дали треба и лична карта од маж ми? Така им пишуваше на страната. Исто така ме интересира за возачката сеуште ми е со моминско ми рекоа дека можам да возам со нејзе се дур си закажам за да ме имаат у систем за нова или ќе ми праат проблем?
Јас по интернет закажував за татко ми. Така сама си го одбираш терминот. Он за 2 дена го зема пасошот.
Закажав итна постапка за пасош, но за лична карта нр ми дава како опција на оваа странава услуги.гов.мк Дали не може лична карта да се извади по брза постапка?
Се спомна нешто дека ќе може да се сликаме без закажување ,дали знаете нешто за ова ? Да не одам за џабе до МТВ.
Пасошите треба да ги смениме до 2.2024 година. Значи ли тоа дека со посточеките дотогаш можеме да одиме во земји од ЕУ, конкретно за Хрватска дали би имало проблем? Во мојот е втиснато дека пасошот припаѓа на Северна Македонија. Ако некој знае нека пише. Зборувам за заминување следниот месец.
Пред 7-8 години е, но удрен е печат „Овој пасош припаѓа на Северна Македонија“ и затоа мислев дали може идниот месец со него да се патува во Хрватска. Хрватска е сега и во шенген. Oд, најдов одговор. До 2024 година важат.