Јас закажав преку uslugi.gov.mk... за лична карта термини имаше за два месеци, а за пасош одма, за после една недела...ама ова за град од внатрешноста, не СК
(ФОТО) Лични карти и пасоши ќе вадиме во спортски сали https://faktor.mk/foto-lichni-karti-i-pasoshi-kje-vadime-vo-sportski-sali
Многу се иновативни и инвентивни, секоја чест. Хаос напраија со ова како и со се друго. Апаши пореметени, не знаат кај тераат.
Дали лице со стар пасош (без северна) би можело да патува во декември годинава ако пасошот оригинално важи до 2026 година? Пошто нели од февруари нема да важи пасошот пошто е со старо име, а од декември 23та до февруари 24та има само два месеци, нели треба најмалку 3 месеци оред истек за да влезеш во друга земја? Се рачуна во случајов дека е 2026та истекот на документот или февруари 24та?
Дечки, кога го поништуваат стариот пасош? Кога ќе го земете новиот или на сликање? Имам термин неколку дена пред патување, не знам како да постапам.
На мене ми побараа стар пасош кога се сликав. Ама со оглед на тоа што му беше истечен рокот, девојката ми рече дека нема потреба да и го давам.
Да, по правило се носи на терминот, и потоа му прават дупки за да е неважечки, ама не се сеќавам дали тоа го правеа на сликањето или кога ќе го подигнеш новиот. Како оди за презакажување/откажување термин? Мене ми е закажано преку услуги-гов, и плус платено.
Не знам за тоа. Јас закажував преку страната на МВР. Ако можеш оди во МВР, позади телевизија, во канцеларија 36 или 37. Не се сеќавам која од овие две беше. Таму ќе ти објаснат. Јас прашував таму за личната карта.
И мене не ми го поништија, истечен беше, не ми го ни земаа, а го носев коа требаше да го подигнам новиот. Неважечки онака е.
За Скопје ли прашуваш? Скопје го поништуваат или задржуваат(не знам точно како беше) уште кога се сликаш. Ова знам за претходно, годинава како е не знам. Ама за најсигурно прашај на шалтер. Во мој град ако ти важи уште, го поништуваат на денот кога го подигаш новиот.