Мене ми го украдија новчаникот. Во него ги имав сите лични документи: лична карта, дебитна картичка, здравствена електронска картичка, студентската легитимација, домската картичка и сега треба да патувам за Словенија на 5-ти јули и треба да извадам лекарско уверение. Прво ја немам личната карта, значи, од понеделник одам да ја одјавам и да си закажам за сликање (се надевам дека ќе биде за 2 недели завршена работата, бидејќи сум од помал град). Прашањето ми беше дали лекарското може да се извади само со здравствената книшка, или, потребна е и ел. картица? Колку време трае процедурата за вадење на ел. здравствена картица и кои документи ги бараат освен копија од л.к?
Имам едно прашање. Денес го зедов пасошот, но не можеа да ме идентификуваат со отисокот и ми го дадоа. Дали познавате некој ваков случај и дали е можно на граница да ми направат проблем?
Значи сум од Струмица (кажувам оти е помал град) биометрискиот пасош ми истекува на 1 септември ама слушнав дека не може да се патува доколку има помалку од 3 месеци до истекување на пасошот, па сакам да одам да го продолжам, за колку време излегува новиот пасош и колку пари треба да се платат?
Оди на линков,тука се ти е убаво објаснето. http://uslugi.gov.mk/UslugaDetali.aspx?UslugaID=E737CF857751480FAEF973F05012AC89
Прво да те предупредам- има преголеми гужви , се чека од јутра до сутра. Има само еден сликар, др се пензионирал и сега нема замена. Фати си ја работата на време или фати си врски како мене, за да си завршиш работа на време Пасошот е 1700 ден, се плаќа на лице место со картичка, а во себе треба да имаш пополнето барање кое го има на линкот постиран горе. Се чека околу 15 денови.
Има ли некој вадено пасош по брза постапка? На другарче кое што треба да идеме сеа за некој ден во Грција , изгубен му е пасошот , и ме интересира за колку време може да се среди тоа ? Ние треба да идеме за 4 дена. Дали би можело за 4 дена да се среди се? Фала!
Девојки кога извадив извод за упис во средно ми го запишале погрешно името и тогаш немав време оставив така. Лична карта и пасош имам според изводот. Сакам прашам дали ќе треба да ваѓам нова лична карта и пасош ако го поправам изводот за упис на факултет ми треба...
Девојки, дали има некоја од вас искуство со вадење на уверение за државјанство? Конкретно ме интересира, дали е голема процедура и дали треба да се јавам да си закажам термин или само да отидам во институцијата и ќе ми дадат тоа што ми треба?
@CharmedGirl Процедурата за вадење на уверение за државјанство е едноставна. Ќе отидеш во институцијата со лична карта и ќе ти издадат уверение истиот ден. Јас вадев пред скоро време без да закажам термин и ми го издадоа веднаш. Службеникот ме извести дека уверението може да се извади и од друг град во РМ, не само во местото на раѓање.
Женски за продолжување на пасош дали треба да го уплатам ова http://uslugi.gov.mk/Nalog.aspx?NalogID=4b60071a-ac05-471d-833f-23262ddba96b И дали за продолжување е потребен образецот што е тука http://uslugi.gov.mk/UslugaDetali.aspx?UslugaID=E737CF857751480FAEF973F05012AC89 И ако утре се јавам за кога ќе закажат сликање, дали многу се чека за тоа, и на кој број се закажува?
Вистина е а јас знам за 6мес еднаш од фах кога патував професорката напомена да внимаваме да не ни истекува за 6мес така и наложиле од бугарската амбасада.А можи и да зависи во која земја кај сите можи е различно. Јас најново рабрав дека е стопирана постапката за вадење пасош дека само под итна постапка издавале пасоши.Навистина?
Девојки, ја изгубив здравствената книшка. Потребна ми е бидејќи не сум осигурена и не можам да ја користам електронската картичка. Дали ги знаете процедурите за издавање на нова пошто ми треба за кога одам на лекар да ми пишуваат здравствена историја?