Јас се јавив денес, ми закажаа за крај на август, а пасошот ми трае до 2026. Каде се наоѓаат пунктовиве и дали треба и за таму да се закажува?
Дали навистина по итна постапка термин не може веднаш да се најде? Го откажав редовниот термин следната година да извадам нов по итна, но ми рекоа по телефон дека пак нема по итна постапка до следна година, или грешно разбрав? Нели е малку глупаво да не може по итна да се извади...итно.
Дали некој закажал термин преку uslugi.gov.mk? Бара да се изврши плаќање за личните документи, дали некој има искуство со ова?
Да...јас за пасош така бев, си платив, отидов со испринтано барање, службеникот си го имаше испринтано ама ми рече носи го за секој случај, си се сликав и сега го чекам пасошот да ми излезе...така закажав и за лична карта
Ќе има некои пример парични санкции ако ми текне да не се закажам до февруари за промена на лични документи? Јер не ме чуди и тоа со нашиве буџетари Бидејќи нели тоа е крајниот рок, а ваму закажуваат термини дури за на лето. Јас ќе туркам до последно, уште не давам да ми стои грдиот префикс северна, па макар и да не мрднам нигде од земјава Абе, абе, колку сме послушни граѓани бре, се испотепавме за нови документи, па и поскапени плус, место сложно да удриме бојкот барем до истекот на личните документи, ама кадеее така македончето, ќути има и полошо.
Санкции нема да има. Личната карта и возачката дозвола ќе може да се користат, ама нема да можеш да патуваш.
Не ме чуди ако се премислат. Мора да се полни буџетот. За лична карта ќе треба да закажеш. Иако и за тоа не спомнаа за казна, ама никогаш не се знае.
Добро вечер ..Имам прашање и потребна ми е информација . Синот живее во странство.Декември доаѓаат и треба да му закажам термин за нов пасош по итна постапка.Прашањето ми е дали пасошот треба да се подигнува од Скопје и за колку дена се подигнува ? Или можи да го пуштат во градот во кој е извршено сликањето ? Апликацијата за закажување на веб денес не работи или воопшто не функционира ?
Дали некој вадел државјанство преку страната uslugi.gov.mk и обично за колку време е готов документот?
Здраво ми треба за утре незнам каде кај што работам каде треба да ми дтават печат никаде не пидшува ај вр молам за помош итно ми треба