Od prilep sum dali moze vo skopje da izvadam licna karta vo punktovite bez zakazuvanje ili mora pp da go pravam toa? Poradi promena na prezime ke vadam nova licna karta
Здраво на сите, Сакам да ве замолам за информација за промена на лични податоци и пасош. Месецов вршам промена на презиме (кое сигурно ќе трае месец дена) но сакам да закажам термин за сликање за пасош во исто време (сигурно ќе ми дадат по неколку месеци термин а до тогаш ќе имам ново презиме). Ме интересира дали кога закажувам термин за сликање треба да дадам податоци со ново презиме (кое до терминот ќе биде променето) или треба да закажам термин со моето сегашно презиме и кога ќе одам за сликање да ги известам за новото презиме? Ќе ве замолам ако некој има информација ве молам известе те ме. Поздрав до сите и ви благодарам
Прво земи го решението, па после закажи за пасош. Затоа што ако системот во Увмк им падне, има да чекаш со месеци.
SummerGirl Ти Благодарам многу за брзиот одговор. Сакам да закажам термин за сликање порано, бидејќи ако чекам откако ќе го земам решението, ќе добијам термин средина на идната година (а сум во брзање). Дали можеби знаеш колку трае постапката за промена на презиме? (препоставувам месец дена)?
Јас чекав 5 месеци. Им паднал системот. Кога ќе одиш да се сликаш покажи го решението. А за лична карта имаш право одма да се сликаш. Можеш и на денот кога ќе го земеш решението. Јас наредниот ден се сликав. Ќе те пратат во канцеларија 36 или 37 за да ти се потпишат таму за да можеш да се сликаш. Ќе ти кажат и во која кабина да одиш. И после ќе чекаш ред.
SummerGirl Ти благодарам многу..Не ми се верува 5 месеци, јас мислев дека мецес дена е максимален рок за добување на решение. Значи за лк може да сликам денот кога ќе го добијам решението (без закажување за термин)? За пасош твој совет е да чекам додека не добијам решение? Дали знаеш колку се чека за термин за пасош? Ти благодарам
Со ова што се случува.. Само по итна постапка ќе добиеш термин. Јас мојот пасош го извадив во мај. Можеш да одиш и да прашаш. Ама на шалтер број 4 ќе одиш. Тој е единствен шалтер во МВР (позади телевизија).
SummerGirl Ти Благодарам многу за сите информации, ќе го послушам твојот совет. на форумов читам дека и по брза постапка се чека неколку месеци, се надевам ќе добијам термин. Поздрав
Подигнување документи во Беко можи ли сабајлечки? Лична карта вадев пред 3 недели не ми стигна инфо дека е готова па сакам сабајлечки да поминам да видам дали е готова.
За 15 дена треба да патувам за мк со авион имам повратна карта за 1 недела. Е сега јас имам со Р. Македонија пасош и чекам термин за замена на пасош во Мк амбасада каде што сум. Денес слушнав дека можам со стар пасош да влезам во Мк, ама дека неможам да излезам. Дали некој има инфо околу тоа?
Старите пасоши имаат важност до крај на февруари. Немам конкретна информација за твојот случај, но веројатно зависи и од државата кадешто живееш. За ЕУ пасошот треба да има важност најмалку три месеци, не знам дали ќе е случај со ова.
Дали онлајн можам да закажам за пасош по итна постапка или мора да се јавам на тел? Вчера вртам цел ден никако да ги добијам