Уште нешто, дали во пунктовите одеднаш може да се извадат пасош,лк и возачка да не акам сто пати и дали имаат плаќање со картичка
Не знам дали таму има пункт. Мислам дека е исто како во МТВ. Само по итна постапка за пасош и за возачка. Јас во април се сликав за лична карта, а во мај за пасош (кај МТВ).
Ми истекува личната карта на 31.01. Се уште немам закажано за нова, планирам да се јавам вторник. Пробав да закажам за промена на сите документи во октомври, ми закажуваа за јули 2024. Јас им кажав дека ми истекува л.к во јануари, ми рекоа ќе мораш да се сликаш штом ти истекува. Преку ред даваат термин за ваков случај или ќе треба да дремам на пунктовиве сега нови?
Здраво, се расчитав во темава, гледам ти закажале за многу брзо. Како успеа да добиеш термин? Јас преку термин странава кој термин и да го одберам ми дава дека не е достапен, при тоа не ми дава следен слободен термин, а преку услуги страната пробав да закажам, не ми го прифати терминот, ми дава предлог 14.10.2024 . Јас стварно не сфаќам како со истечена лична карта ќе шетам една година. Секако ќе се јавам во вторник ама ме интересираше дали преку телефон го доби терминот или преку веб страниве? Фала
Јас закажав за итна постапка за пасош , не живеам во Мк па до крај на април нема да доаѓам , и така да морав.. за итна постапка чекав 2 дена да се сликам и за 2 дена готов ми беше. За л.карта единствено да чекаш ред во К.Вода на пунктот, ама знам дека со часови се чека
Здраво SummerGirl, Пред извесно време прашував на форумов за постапка за вадење на нов пасош и лична карта. Со вапиот одговор многу ми омогнавте и сакам да ве замолам ќе може ли да ми кажете како, и дали може да ве контактирам со лична порака, потребна ми е вашата помош во однос на постапките? Ви благодарам многу за вашата помош Поздрав и ви ѓи честитам празниците
Здраво Koritsaki, Ќе те замолам ако може да ми кажеш како закажа за итна постапка за вадење на пасош? Следам на форумов, и многу од членките велат дека нема слободен термин..И јас сум во слична ситуација не сум во МК и немам македонски телефонски број..на страната на МВР за закажување на термин задолжително бараат да се наведе телефонски број. Те молам доколку може д ами кажеш на кој начин доби терин? Ти благодарам на одгвоорот и ти ѓи честитам празниците
Да, за пасош има опција итна постапка, не знам која глупост им е со личниве карти. Значи кај се погоди во оваа калакурница да ми истече . Државава да имаше 100 милиони народ на тој процент вработен во администрација ќе се испосликаа. Значи тотален крш уфф. Слушнав блокирале сметки во банка без важечка лк, се надевам не е вистина . Фала ти иначе на одговорот, се напнав јас дополнително се испукав
Ме изненадува што во банка не може човек да се идентификува со пасош, во цела европа секој се идентификува само со пасош!! Во банка кај нас не е возможно да се покаже пасош наместо лична карта?
Не, јас во банка не ни влегувам да ти кажам искрено, да живее електронско банкарство, ама демек некако системски добивале информација за истечена л.к и ни од банкомат пари не можело да се подигнат. Ако некој знае дали ова е вистина, може да пише..
Знаејќи каква е ситуацијата кај нас со документи, не би требало ова да е вистина..Сметам дека со пасош секој може да се идентификува, е валиден личен документ, со ЕМБГ. Јави ако добиеш информација... А можеби знаеш колку во просек се чека за нова лична карта?
Може во банка со пасош, првиот пат кога ќе отидете ќе ви го скенираат и влегува во вашите податоци. Лично сум користела пасош.
После сликање како што читам на интернет 15 дена, ама проблемот е што не постои брза постапка за лк како за пасош, па вадат некои немогучи термини
Ви благодарам многу за одговорт. Претпоставував дека е можно, барем така е во сите европски земји. Ви благодарам и среќни празници
@PepicaAn При закажување на нет онлајн нема опција за итна постапка. Барем јас не можав да ја најдам. Јас на брат ми му кажав да ми закаже преку тел , по 2 дена вртење ги доби, и ми закажаа за 2 дена. Можеш да пишеш некој број дали од мајка,татко,роднина, пријател било кој. Најдобро некој нека им ѕвони, јас на нет не можев да се снајдам. Благодарам и јас ви пожелувам среќни празници