Не знам дали разбрав правилно, термин за лична карта може да добијам за 10тина дена, или 10 дена се чека од денот на сликање? Ти благодарам
Ви благодарам одново за одговорот..не знаев дека онлај нема можност за закажување за итна постапка. Јас немам роднини во МК кои би можеле да закажат, така да кога ќе дојдам ќе треба лично да закажам некако..Дали можеби знаете, дали постои можност директно во МТВ да се закаже или единствена можност е телефонски? ќе ве замолам ако може да ми кажете на кој број се врти? Ви Благодарам многу
Мислам,дека на лице место не може да се закаже, ама нека кажат и др членови овде.. А да пробаш од странство да закажеш, да свртиш на броевите?
10 дена чекаш откако ќе се сликаш, не постојат реалистични термини за лични карти како што знам бидејќи ако пробаш некаде да закажеш, ќе добиеш термин од 12.2024
На страната која често ја пишувам може да се закаже термин само за пасош и возачка, ама по итна постапка. За лична карта ако сакате побрзо, ќе чекате ред пред пункт. Ако закажувате по телефон прашање е дали ќе ги добиете. По редовна постапка документите ги даваат за 10 работни дена, а по итна за 2 работни дена. Во банка може и со пасош. Тоа е замена за лична карта.
Да се надоврзам на муабетот од SummerGirl, конкретно во комерцијална преку интернет банкарство може и од дома да се обноват документите. Има опција за лична карта или пасош и потребно е само скен од пасошот.
@SummerGirl Искрена благодарност за сите информации, сметам дека помагаш на огромна популација на форумов, секогаш ажурни и корисни одговори.. Сакам да те замолам (тебе или можеби некој друг кој знае) за дополнителна информација за добивање термин за пасош - се обидов да закажам термин преку вебсајт меѓутоа ми бараат МК телефонски број (задолжително поле) кој во моментов немам. - Ме интересира дали доколку се обидам да закажам термин телефонски, бараат да се остави податок телефонски број? Ви благодарам за одговорот, Поздрав
Имам прашање Утре имам закажано за пасош за дете од 2,5 години,дали се плаќа само со картичка и дали знаете која цена е сега за дете? Поздрав и среќни празници
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАСОШ ЗА ДЕЦА ДО 4 ГОДИНИ Лично присуство на детето. Извод на родените – може постар или фотокопија. Присуство на родителот/родителите или старателот со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација. Барање: 1500 денари за образецот (уплатница или уплата преку ПОС терминал) 100 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал) Стариот пасош доколку е во важност.
Мислам мораш во пунктовите да чекаш, мене ми важат сите до 20 Термин јас барав онлајн се зафатено, на тел незнам дал ќе ги добиеш и да ги добиеш бог знае кога ке ти закажат минимум за 6месеци. За број не се замарај нити ке те контактираат, чисто формално е. Најдобро кога ке дојдеш во Мк, колку што разбрав не си и оди во пунктовите ќе почекаш ама ке си завршиш. Јас планирам неделава да одам се треба да менувам, па ке те известам како е колку се чека, верувам повеќето извадиле па не е толку гужва. Како и да е навикнати сме да чекаме тука за се
@Anya321 Ти благодарам многу за информациите, се од голема помош Значи кога пополнувам за термин онлајн ако наведам било кој телефонски број за контакт не е проблем, не не контактираат од МВР на бројот кој сме го навеле? Ова е големо олеснување, барем ќе можамда се обидам преку веб да закажам.. На пунктовите, може ли да се закаже термин и за пасош и лична карта? Те молам изветиме колку се чека! Поздрав и искрено ти благодарам
Маж ми имаше истечена возачка и лична карта од почеток на 2023та, не видел додека не го казнија во октомври, па никој ништо не му блокирал во банките после 8 месеца истечен документ. Се јави за итна постапка во октомври, му закажаа за помалце од 2 недели и после неколку дена си зема нови документи. На истиот повик кога закажуваше за себе, ми закажа мене (и лк и возачка и пасош ми се со Р.М., не истекуваат скоро), мене ми закажаа крај на април 2024. Јас трудна немам намера да седам со саати на пунктовите, а треба да се породам баш за кратко после 12 февруари, се надевам дека нема да имам проблем со документи после за бебето бидејќи ниеден документ нема да имам со Северна, ама со оглед дека до април секако не планирам да искачам од државата, очекувам најнормално да терам додека не си ги сменам регуларно. Е сега после тоа иде лето, верувам дека на многу луѓе ќе им настане проблем ако веќе немаат термини, сигурно пред есен веќе и нема за закажување.
Огромен хаос направија со промениве на документи. Мене регуларно ми закажаа во март, ама кога го отворија пунктот отидов да се сликам за пасош бидејќи можно е претходно да патувам. Е сега терминот за март уште ми стои (верувам така е и за многу луѓе). Јас ќе се јавам да го откажам терминот, ама сигурно повеќето нема да го направат тоа. И така ќе има термини што ќе си стојат празни, а луѓе со саати ќе чекаат во редици. Плус чекањето не завршува кога ќе се сликаш. Огромни редици има и за земање на документите, а господата си го менуваат работното време како сакаат. Работно време во МРТ е до 20, а во петокот чекав од 17 ипол и во 5 мин до 19 излегоа и рекоа толку е до 19 работиме, а само уште неколку души имаше пред мене. Истото го правеле и други денови...
Значи не е точно тоа што сум слушнала. Супер штом така, фала ти. Јас секако нема да извадам до крај на месецов, ама од казна и не ми е толку страв.