Здраво, Дали знаете од колку часот сабајле почнуваат со работа најрано, за сликање за пасош/лична карта? Фала
Пунктовите од 8, а кабините кај Беко/МТВ од 7и30. Ако се сликаш во некој пункт пожелно е да отидеш порано за да фатиш ред.
Јас ова го најдов, веројатно е предлог и ќе се чека дали ќе се усвои. Како што немам ништо смњнето се надевам да https://www.google.com/url?sa=t&sou...sQFnoECAcQAQ&usg=AOvVaw26aRfrdOHa1JM2HTMPXJ0H
Дали некој знае дали има онлајн да се провери дали е готов пасош? Мм пукна од нервоза ,на 21дек се сликаше,уште не е готов а утре ќе патува.
Катастрофа. Изгледа господата немаат време да ги направат пасошите. А народов може да си чека од сабајле до вечер. Среќа што документи извадив навреме. А за лична карта не е проблем ако имаш пасош. Тоа е замена.
Да не знае некој за колку време од прилика ќе бидат готови пасошите поради оваа гужва? Ние се сликавме на 11.01.2024 а имаме закажано лет во странство на 13.02.2024, па дали до тогаш ќе бидат готви или...
Фала ти. Во другите градови е ептен лабаво, ама во Скопје ќе се тепаме за термин, која глупост е ова, место да овозможат и по другите градови и да растеретат. Систем е тоа, врзан. Држава како не...
Да се надеваме како што кажаа дека ќе го продолжат рокот за замена до октомври, ќе се растеретат гужвите и ќе има доволно време до тогаш сите да заменат.
Здраво на сите. Со мојот сопруг имаме нова адреса ( НЕ е поради склучување на брак). Имаме имотен лист со новата адреса. Прашањето ми е како треба да ја пријавиме новата адреса? За да направиме нови лични ларти и пасоши со новата адреса, дали ни е потребно некое решение за новата адреса или можеме само со термин да се сликаме како при обично правење на л.к. ?
Со имотен лист ќе отидете на терминот за сликање. Пред да се сликате ќе пополните одјава од претходната адреса.
Mmm super ako e taka. Jas se plasev deka poradi nov dom, treba da se prijavi novo zivealiste, pa da se ceka resenie neznam kolku vreme da odobrat, pa duriii potoa da moze da se pravi l.k.
Не. Јас и сопругот на тој начин сменивме адреса. Ќе побараш одјавен лист, ќе го пополниш и ќе го дадеш на тој/таа што ќе те слика. Освен оригиналниот имотен лист, ќе носиш и фотокопија. Пријавување на адреса обавезно во катастар, заради данокот. Ова откако ќе ги земете личните карти.