Каде се сликаше? И јас пред месец се сликав и уште го немам земено бидејќи во МРТ е хаос (а имам отидено 3 пати до таму), да не одам пак за џабе ако е така...
Знае ли некој дали во пунктовите може да се слока новороденче за прв пасош? Дали би можело со него да се влезе одма да не се чека надвор на ладново, бебе нема ни 3 месеци
Здраво до сите, Имав закажано термин за пасош, но по долго чекање од 5 саати не успеав да завршам работа поради тоа што имаа грешка направено во валидација на моите онлајн уплати преку услуги.гов.мк и решив да си заминам зашто изгубив саати од моето работно време. Е сега, слушнав дека по редовна постапка пасошите се чекале и по месец дена (јас уплатив за редовна постапка), а пасошот ми го треба за две недели. Дали е можно да отидам утре во полиција и да доплатам само уште 4500 денари, за да се сликам за пасош по итна постапка? Бидејќи средствата ми се веќе уплатени, дали ќе бидне важечко ако доплатам 4500? Поздрав,
Здраво, доколку некој има понова информација, за колку денови се изготвува пасош за итна постапка? Знам пишува за 48h. ама не верувам дека сега е така брзо, и дали се подигнуваат сите на ист шалтер или итните се посебно. Благодарам
Јас пред скоро месец дена се сликав, уште не ми е готов. Последно проверив пред една недела, тогаш рекоа готови се тие што се сликале до 15 декември, а тие што сме сликани после 15 декември не беа готови. А на вести кажаа дека им фалат пластики/образци.
@Shaya @ITGirl97 Како успеа да закажеш за итна постапка, телефонски или на веб страната на мвр? Ти Благодарам
Ми кажаа за два дена - иако се сомневам во ова. Директно на лице место отидов, уплатив и истиот ден се сликав - ама не сум од Скопје Ми кажаа на лице место дека не ги гледаат термините.
морам да допрашам дека прашувам за бебушот, јас имам пасош - не си од скопје, ама во скопје отиде на лице место, во мвр или на некој пункт? и дали се чека? гајле ми е за мене ако треба да чекам, ама бебево 5 месеци греота ми е на загаденово да го експонирам... на телефон не можам да ги добијам да си закажам за итна