Јас кога чекав на пунктот во Пролет тие со мали деца влегуваа преку ред, Дури и на вратата пишува дека постари лица и бебиња влегуваат преку ред. Ќе чукнете на врата кога ќе стигнете и ќе влезете одма или ќе почекате и со првата група што ќе ја пуштат ќе влезете.
Одбери патни исправи-итни, и барај крај на Февруари или Март, сигурно ке најдеш, кога копирам линк води на почетната страна, нема да ти помогне ако го пратам.
Дали некој од вас поднел документи за запишување на новороденче во матична книга на родени од септември лани, па до сега? И дали сте ги добиле изводите воопшто или уште чекате? Нас ни рекоа дека не се знае кога ќе биде готов изводот, можело да потрае
Здраво на сите, сакам да прашам во врска со пасош по нормална постапка кои се чекорите кои треба да ги направам односно дали треба првенствено на страната да се пријавам, да вртам на бројчето за пасоши (иако никој не се јавува) па потоа да одам на некој пункт или они да ме викнат или како и да иде тој процес? Доколку може некој само да ми ги објасни чекорите би бил благодарен.
Ќе ве замолам за една информација. Дали некој може да ми каже, кога се променува презиме (врз основ на брак), која е постапката за промена на податоците во банка? Ви Благодарам многу
Најпрво треба лични документи да промените, па со новите документи во банка ќе смените потадоци, и секаде понатака. Прв чекор е промена на лична карта.
@top4eј Ти благодарам многу. Значи само со нова лична карта истиот ден се врши ажурирање во Банка? Поздрав и ти посакувам убав ден
@top4eј Ќе те замолам ако можеш да ми кажеш- Kога се закажува за пасош на веб страната на мвр, дали добивате потврда за термин на емаил? Јас не добив ништо на емаилот кој го дадов!! Ти благодарам многу
Ве замолувам за информација Кога се закажува за пасош на веб страната на мвр, дали добивте поврда за термин на емаил или телефон? Јас не добив потвдра а проследив барање! (оставив и мобилен број и емаил) Ви Благодарам
@Annath Ти благодарам многу Не се добива поврда ниту на емаил, ниту на телефон? како тогаш знаете дека терминот е сигурен, односно поврден од страна на мвр?
@Deva Path Ти Благодарам многу, барем постои начин да се провери терминот..Јас искрено очекував на емаил или мобилен да дибијам потврда, претпоставувам од таа причина и оставаме контактни податоци. Ви благодарам
Одамна не може преку веб страната. Мора да се јавиш, да ти дадат термин, а последно што слушнав за термини дека први слободни се на крајот на 2024.
@Annath Ти Благодарам.... Крајот на 2024 за термин за лична карта?? Па како може личност да обнови пасош, без лична карта? наведено е дека на терминот на сликање за пасош треба да се има валидна лична карта. Kој друг документ може да се смета за лична идентификација (освен лична карта)?
Да, добив повратен меил за термин, ако не си добила имаш опција на веб да провериш резервација со матичен број.