И јас имам таква информација. После 12.02 со стар пасош не можеш нигде да патуваш. Со стара ЛК ќе можеш само низ Македонија, а со нова ЛК ќе може во Косово, Србија, Албанија, ЦГ и Босна.
Ве молам ќе може ли некој да ми каже, онлајн закажувате термин за пасош преку Uslugi.gov или Вебсајт на МВР? Членки на форумов кажаа дека има термини за две-три недели од денот на закажување, ама нема термин до Април/Мај! дали некој успеа да закаже онлајн месецов? @top4eј Ви Благодарам
Тогаш кога пишував побрзо се наоѓаше термин за итна, сега и тие брзо се пополнуваат, ама се наоѓа пак. И човек додека размислува што и како да прави, времето поминува и работите се одложуваат. Тоа е
Здраво сакам да прашам.Без брза постапка од прилика,за колку време би ми бил готов пасошот?Бидејки ми рекоа јуни,јули а тоа ми е касно.
Каде има термини за мај/ јуни? За во Скопје нема шанси. Закажав лани на крај на август, ми закажаа за јули 2024 како прв слободен термин. Сега и за брза постапка нема термин порано од 2 недели и уште 2 недели за да ти го изготват пасошот- 100 еур за месец дена да го добиеш. Ако го добиеш зошто пластики веќе немаат, не смее техничка влада да прави набавка на тендери ми рекоа, избори во Мај...па набавка, па дрн дрн... Абе во која држава во светот на граѓанинот не може државата да му обезбеди основна работа како вадење личен документ. Граѓаните да му ја мислат дали мвр има мтеријали за работа, кога се избори, кога ќе има тендер....Срамота. Ќути си и плаќај си нови документи на две години, па со врски со молби ко не знам за што да се работи. Во нормалниот свет луѓе дома на лап топ се сликаат и документот на адреса им стига...ај да не се нервирам повеќе. Село бевме и останавме
@top4eј Ти Благодарам многу за одговорот...На фајлот кој го прати, термин имаш за 03. Април? значи се чека два месеца за итна постапка? Kако постапката ја нарекуваат ''итна'' ако први термини кои се достапни се најмалку, по два месеца Благодарам многу и имај убав ден
Пасошот нема да ти важи. Ќе можеш со патен лист. Ако не се вратиш пред 12 февруари, обрати се во македонска амбасада во земјата кај што си за да ти издадат патен лист. Со тој лист ќе си дојдеш во Македонија и кога ќе го подигнеш новиот пасош со новиот ќе патуваш назад за странство.
@*Лорена* мислам дека за два месеци од сега има термин за итна постапка за пасош, не се наоѓа за двe -три недели..Не знаев дека по итна постапка се чека две недели за добивање на пасош? Навистина не се нормални!
А дали тоа ќе значи и можност да се излезе од државата со старата лична карта? Пример во Албанија или Србија?
Јас денес вадев.Ми рекоа петок,најкасно вторник можам да го земам.Термин не ни закажував.Зборувам за Гостивар.
Јас лани сменив документи. Тоа што го пишав ми го кажаа други. Зависи кога закажале. Многу се чекало за термин.
https://www.slobodenpecat.mk/drzhav...FnhCR2rjscD2IZArmc33nu2BcQ_2njdZ_-7ATO6SuNm3E Народен правобранител: Граѓаните може да бараат заштита од Уставниот суд Народниот правобранител Насер Зибери вели дека граѓаните имаат повеќе опции кому да се пожалат што им е нарушено уставното загарантираното право на слободно движење. – Уставот го гарантира правото на слобода на движење и прецизно одредува во кои услови може да биде ограничено. Со неиздавањето валидни документи, на граѓаните им се прекршува ова право. Тука мора да се земат предвид сите патувања во странство – лекување, посета на семејствата, одмор, студии, работа, склучување бизнис зделки и слично. Секој граѓанин може да поднесе претставка до канцеларијата на Народниот правобранител, да достави поплака до Министерството за внатрешни работи, а воопшто не е спорно дека заштита на своите права може да ги бара во постапка пред надлежните судови како и пред Уставниот суд – вели Зибери. Ја би една групна жалба.
Нејќам да бидам досадна али ај. Вчера се сликав а летот ми е на 22.3, типот на шалтер ми кажа 15 работни дена ама сеа читам дека било хаос, ќе ми биде ли готов до почеток на март негде?
Дечки, дали некој знае што се прави во случај да се изгуби лична карта додека во изработка е новата? Да се објави во службен весник и тоа да се приложи при подигнување?