Независно дека сте подненле барање за нова лична карта, изгубената лична карта мора да ја пријавите и објавите во службен весник. Новата лична карта претпоставувам ќе може да ја подигнете и со нов пасош (доколку имате).
Бил некој скоро во Пролет? Колку чекал? Работи сабота? Знам дека работеше некои саботи ама.. Ќе ми треба итно да се сликам за пасош по брза постапка, не мислев дека дури за 2 месеци има за брза постапка термин.. Лудница
Исто дали знае некој информација за следнава ситуација... Се имам сликано по редовна постапка но сега гледам дека можеби нема да стигни пасошот на време дали може да си доплатам да ја променам постапката во ИТНА и да ми излезе пасошот побрзо?
27ми декември 2023 сликано, 23 јануари 2024 подигнато. Во помал град, ама Скопје ги праќаат за правење.
A зошто ние што сме пишани и турски да е ги нема уште ? Од Скопје уште не биле одобрени Пред нова година ги менувавме
И мене ме интересира, имам термин средина на февруари а многу ми е битно до крај на март да го добијам. Ангела те молам ако дознаеш пиши ми.
Скопје ги прават да но издавањето во Скопје е уште побавно во помалите градови некако побрзо оди... Важиии....
Мине, не сте само вие, буквално секаде е блокиран процесот и се чека по месеци. Еве, последно што знам е луѓе што се сликани во Ноември, тек овие денови почнаа да ги земаат пасошите. Изгледа пошто е лимитирана изработката поради тоа материјатели што им фалеа, имаат удрено на вадење пасоши по брза постапка на дијаспората што беше вратена за празниците, а на останатите така стоеа.
Jaс допрва ќе се сликам. Катастрофа. Кажуваа луѓето дека чекале со часови и покрај закажан термин. Не се способни документи да издадат не па нешто друго. И што е најлошо, во декември испуштив прилика да престојувам еден месец во Хрватска, да се доусовршувам на трошок на хрватската држава, се платено, и испуштив прилика, немам документи нови. Не можам да тргнам со стари, па да ме враќаат од граници.
Здраво, се закажав online преку страната на МВР за сликање на пасош по итна постапка пред околу 2 недели. Кога проверувам на резервации стои дека сум закажана, но маил ми нема стигнато. Дали и вие сега скоро што сте се закажале online маил ви нема стигнато?
јас ќе идам ќе си чекам. Ама може уште 1-2 пункта да отворат за без термин. А не луѓе у несвест да паѓаат. Толку не им е гајле еј
@anchii15 неколку членки на форуов посочија дека на овој линк ќе може да провериш дали терминот е закажан. https://termin.mvr.gov.mk/Check_Reservation Поздрав
Добро дај кажете како да закажам за возачка, нит online може нит по тел. Како да закажам, ми треба возачката. Сега положив, ама работата ми е со кола. Некој што успеал сеа брзо да закаже?
Дечки, цело сабајле пробувам да добијам на мобилен за да закажам за пасош, ама не успева ни да заѕвони повикот. Вртам на 072 92 92 92 , да не можда има некој друг број?