Сабајле поминав кај полициската станица Пролет, во 8 ипол саат сабајле имаше околу 200 луѓе што чекаа, ама фино си беа наредени во ред сите.. А редот, не му се гледаше крај..
И во 7 саат имало редици. Другарка моја живее во Аеродром и кога иде на работа поминува оттаму. Катастрофа.
А ја плати директно? Преку eUslugi бара да ја платиш одма, а преку мвр сајтот не наоѓам слободен термин како најде? Рандом ги гаѓаше или?
Дечки каде се оди за сликање? Ова ситуацијава во пролет е за без закажување или? Каква е ситуацијата во мртв беко?
Не се разбравте, таа прашува за пасош пред истек што е, не за нов. Инаку да, ако е пасошот помалку од 3 месеци пред истек на важност може да ви прават проблем при влез во земјата.
Едно прашање немам извадено нови документи закажани сме дури март. Проблемот е што од на работа ќе не носат Словенија на тим билдинг. Требит да си дојдеме на 12 ти фебруари после пладне. Дали има проблем што ќе се враќам на 12ти во мк?
Јас по итна постапка закажав, преку страната на мвр, а за плаќање кога ќе одиш да се сликаш . За итна постапка има термини, но за редовна не
Јас стварно не знам како сте закажале преку сајтот. Веќе 2 дена пробувам нема 1 ебан термин ден по ден ги изминувам...
Ми кажаа дека некаде, на некој сајт имало да следиш до каде ти е со изготвување пасошот т.е. личната карта. Дали некој знае кој е тој сајт ?
Дали некој што бил да се слика во Пролече деновиве знае дали уште пуштаат родители со бебиња преку ред? Пред некое време некој имаше пишано дека на врата стоело дека бебиња и стари луѓе се пуштаат преку ред...
Не сфаќам.... Кажаа официјално за личните карти дали ќе важат за "домашна употреба" и после 12 февруари, или не? Јас уште со прст немам мрднато да сменам ниеден документ, сакам да се парадувам уште да си бидам Македонија
Денес Министерот за внатрешни изјави дека од среда ќе го зајакнат пунктот Пролет од 4 сегашни кабини на 14, а од нареден понеделник почнуваат двосменски да работат од 8.30 до 20 часот.
@Angela.RRR Мислам дека не би било вистина, нема логика, поскапо е по итна постапка, ќе си го наполнат буџетот побргу..по логично е да нема сликање по редовна постапка.. Меѓутоа како што посочија во еден од коментарите погоре, државата не може да ти го оспори основното уставно право "Слобода на движење" Не издавање на документи или не отварање на термини за сликање, е противуставно. Во овој случај нема ниту еден изговор кој е во полза на државната администрација, немање на пластика е повеќе од апсурден изговор, и секако го погазува основното право на македонскиот граѓанин. Секако, се додека дозволуваме, и ''спокојно'' колабираме пред пунктовите, ќе не третираат како сакаат..Во оваа Апсурдна држава се е можно и ништо повеќе не зачудува!!