Најболно ми е шо освен мајтапи по фб ,утре ќе си биде еден обичен ден во годината сите ќе си тераме тековно.
Правниците велат дека ако граѓанинот тужи ќе добие секако. Како не се најде некој адвокат да направи бизнис зделка 100 од тужба па како поминуваат покрај полициска станица да си поднесат и тужба.
Па ајде сите шофери на ЈСП, таксисти, шофери што дистрибуираат леб и остала храна, возачи на Брза помош и сите возачи што немаат возачка со Северна нека не возат па да видиме до кај ќе тераме.
е, ама треба адвокати да ја покренат работата, секој поединелно не може. А нема ни водач меѓу "водачите" се е со договор за лични интереси. Како што се е наопаку и апсурдно кај нас, така и ова, важечки документи да не важат. Или на некои ќе важат (што ќе доаѓаат од странство).
Уште утре, од вторник нема да важат. Брза постапка нема а уште полошо е тоа што не можеш и до редовен термин да дојдеш. Проблемот е тоа што не можеш да дојдеш до термин. И да сакаш, не може. Мене издадена мие после потпишувањето на преспанскиот договор, значи на сила беше влезен договот за РСМ а овие лудиве ми ја со РМ. Малку е за овај народ. Оваа власт е толку не способна и душманска за овај народ. А еве ви го и тој техничкиот од ДПМНЕ како јаготка врз шлаг. Гласајте си, нека си се вртат тие во фотељи, сдс, дпмне, дуи. Ќе кажуваме сега како требало. Ако ние и малку дури за оваа тортура што ни ја прават, уште треба дур не се освести овај народ.
Така вели и народниот правобранител Не е, погледни го погоре видеото. Барем според народниот правобранител.
@Bitter-Sweet да се надеваме дека е така..Но многумина немаат поврда на маил за закажаниот термин, така да многу луѓе се во неизвесност. Искрено се надевам дека закажаните термини нема да ги анулираат, како што секојдневно менуваат правила и се останато..
Народот Е крив! Упорно се гласаат неспособни и корумпирани гарнитури, од кои реално не се ни очекува поразлично од моменталново. Џабе сега урлање и пишување на социјални мрежи реферати, зашто кога требаше да се излези на протест на почетокот, сите мирно спиеа. Впрочем како и за се, секое чудо за три дена и после сите си легнуваат на брашното. Изминатите години, се случија еден куп работи кои ги засегнаа сите граѓани на РМ, но според одзивот и реакцијата, а богами и резултатите од избори, испаѓа како тоа на сите да им одговара. Епа, малку е и тоа за овој народ.
Некој да не има термин на 8ми мај(втор круг избори)? Не знам што да правам дали да вртиме повторно на бројот за закажување. На вести рекоа дека ќе не барале тие ама некако не ми се верува.
Има брза постапка. Јас закажував преку страната на МВР (за друг беше). Ама гледам дека страната не е во функција. @PepicaAn некогаш не стигнуваат потврди по меил. Ако си закажала нема да имаш проблем. Јас лани кога закажував за пасош не добив потврда.
Луѓе отишле денеска наутро со закажан термин, виделе колона не може да се припари ни до влез, ни до врата, се вратиле назад. Македонија ти е една од ретките држави во светот што не може документи да издаде на своите граѓани.