Дали некој овие денови успеа за закаже онлине ? Успеал ли некој преку страната на е услуги онлине и дали може да се закаже од друг профил за некој друг, т.е. од мој профил на е услуги да закажам за некој друг ?
Во 16 отидов после работа, немаше гужви ич за возачка, амааа како и се кај нас тој што требаше да биде на шалтер еден саат го немаше, и никој не знаеше кај е. Си се шеткаше изгледа… иначе брзо оди за возачка, за пасош е поспоро.
Бетер од Африка сме, бетер. Се мислам идната недела дали да отидам рано како ненормална, да фатам ред, затоа што после не се влегува од гужви. Исто беше и за вакцини. Како говеда во штала. Абе се знае, си закажал термин, културно да отидеш да влезеш, да се сликаш и чао. И што е тоа 10 дена чекале за лични карти? Порано нели ги правеа за 7 дена или се вративме три века назад?
https://alfa.mk/izmenite-go-pominuvaat-komisiskiot-filter/ јас бев прееска во една ПС, викам ако може да се сменам за итна, ми вика ѕвони на телефон или на нет. Викам па не функционираат, ми вика жалам, шо жалиш Бог да чува. А една жена имала за денес закажано и ѝ рекоа дека нема место.. и си отиде Без мозок
Група пратеници од сите партии предлагаат одложување за возачките до 31 декември 2024 година. Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка
Бил некој деновиве во МРТВ за подигнување документи, дали уште има такви гужви или порастеретено е? Сликана сум декември, не сум била уште да подигнам
@SummerGirl Ти благодарам многу за позитивниот одговор. Искрено се надевам дека термините се валидни, во спротивно незнам веќе која алтернатива постои..
Не е точно дека чекаме во последен момент за вадење на документи. Од летоска пробувам да ги добијам телефонски за закажување и никако. Дури и кога ќе успее да се конектира никој не крева. Сум пробала и со мак оператор и со албански. Сум пробувала на мвр страната НЕ МОЖЕ Еве мене ми треба пасош и лк да извадам за да си отидам од државава еднаш засекогаш.
Да бе луѓето криви. Во 2021 кога менував редовно нов пасош ми го издадоа без Северна, а Северна бевме, и сега се чекало до последен момент. 2022 почнаа да ги издаваат пасошите со името Северна, значи требаше некој 6 месеци стар пасош изваден во 2021ва веднаш да го менува, пошто предвидел дека сега МВР ќе нема капацитет, пунктови, обрасци и доволно телефонски линии за закажување. Уствари лесно е тоа да го предвидиш во Северен Фиром, ама не може ем два пати си платил за документ во рок од 3 години, ем ти си крив за гужвата.
Не мора ни телефонски линии. Фино лепо да имаат еден саглам да го оправи електронскиот систем за закажување. Да не мора да идеш на тепка туку да ти дава кои се слободни и да ти дава и за после 60 дена слободни термини. И сите фино лепо ќе си најдеа терминче.
Како успевате луѓе ја прееска сакав да сменам директ во станица и ми рече на веб или тел да пробам Дај кажете ми. Треба да одам на патување, платен ми е дел веќе не е фер ова
Мене дек 2021 возачка со РСМ пасош 2020 РМ Лична карта 2019 РМ и сеа да плаќам. Идиоти едни скапани. ете вадени ни се документи од 2018 навака, шо го тапат Мене на пасошот во Грчка ми стаија печат веќе дека е демек на РСМ пасошот. Ее и тоа не чинело Мрш Заслужуваат ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ ДА НЕ ИМ ОТИДЕ И ДЕНАР ДА НЕ ВИДАТ ОД НАС АМА И БЕЛ ДЕН ДА НЕ ВИДАТ ДА ДАЕ ГОСПОД. Ни они, ни татарине, ни нашиве Све е загреота
Жени Јас вечерва ке полудам од МВР Закажување за л.к: Звонам на 0800 телефонскиот број не постои Звонам на 072 9292-исклучува Електронски не фонкционира Чаре некое има
@Feminka22 Не бре Феминке, немам закажано Прашував во смисла дали пример може друг да отиде да закаже во мое име, ако јас сум зафатена