Може да пријавиш дека ти е изгубена. Треба само да објавиш во службен весник и со потврдата дека е објавена во службен весник одма ќе вадиш нова. Не е комплицирано ни со сл. весник затоа што има како едно баракиче (бар така ми е останато во сеќавање) одма до зградата на МТВ. Само кога ќе одиш таму, немој да ја покажуваш.
Мораш да си ги смениш и личната карта и пасошот ,бидејќи колку повеќе одолговлекуваш толку повеќе ти се зголемува шансата да кркаш казна Сепак доколку сакаш да ризикуваш кажи дека ти е изгубена на една уплатница 60 ден. Во службен весник дека е изгубена (тие секако ќе ти ја поништат у систем ) и 190 за нова лична карта , обично за 10 дена е готова . Поздрав
Хаха, дали е среќа ова моево или незнам што битно ни ја објавув дека е загубена, ни дека е оштетна, фино лепо си пополнив барање за нова лична карта и за нов пасош, за двете пишав редовна замена, во еден ден се сликав и тоа беше тоа...само ме прашаа зошто ја заменувам кога ми важи до јули 2017 и му објаснив вака и вака, не ве лажам дека е загината или оштетена еве ја, ми го пресекоја едното чоше и ми рекоја за 2 недели пасошот ќе ми биди готов, па кога ќе одам за него ќе си ја земам и личнта карта
Вака, треба да аплицирам за студирање во странство и рокот на пасошот треба да е најмалку 1,5 год. Мојот пасош истекува во април а во март се аплицира за факсот. Значи ме интересира дали може да се продолжи без да истече рокот или ќе мора да го пријавам како изгубен? Колку е казната за изгубен пасош и колку брзо биднува новиот?
Може да се продолжи кога сакаш т.е. не се продолжува туку се ваѓа нов,нема потреба да го пријавуваш како изгубен
Може некој да ми каже дали известуваат со смс пораки кога личната карта е готова? И не ми текнува дали тој ден кога се сликав ми рекоа дека ке биде готова за 10 дена или за 10 работни дена.
@deliza Кога ќе биде готова ќе те известат преку смс порака. Постапката за издавање е околу 10-тина работни дена и се подигнува лично.
Дечки да прашам, треба да патуваам Германија но пасошот ми истекува во септември, дали е можно да ме вратат од граница? Ќе патувам со автобус
Точно така, 3 месеци пред да истече рокот треба фа се замени пасошот во спротивно нема шанса да те пуштат на граница.
Ако одиш со група можда и не е, но зависи на каков човек (полицаец, цариник) ќе наидеш на Батровци или Келебија. Јас не би ризикувала.
Да, но и јас сакав да вадам пасош но пред тоа се јавив и рекоја не е проблем за тоа но да се вратиш пред истекот на рокот.
Маџарска, Хрватска...незнам каква им е линијата. На маџарска се поминува и со некое евро во пасош, ако увидат дека рокот на важност е проблем. Кој може да те спречи да извадиш нов пасош? Тоа е твое право. Знам дека сега тоа ти е екстра трошок, но што знам прашај во агенцијата повторно.
Значи не ризикувај, зависи до полицаецот како ќе се погоди ова ти го кажувам бидејќи тоа го работам, што те кошта со мирна глава да тргнеш на долг пат, а не проблеми да су направиш.