Се надевам, иако би требало да бидат сменети во НМК/РСМ. И на возачките стои МКД. Воопшто не сме криви, не требаше да бидеме притиснати со рокови и тоа толку брзо. Или бар на тие што не им беа истечени да им беа бесплатни. Јас на пример сменив презиме, извадив нова возачка и не ја погледнав мислејќи дека 10 години сум раат. Пред некој ден ја гледам истечена 2 години затоа што претходната ми важела до пред 2 години. Значи кога вадиш нов документ поради промена на лични податоци не ја обновуваш 10 години туку до кога ти важела претходната Две години сум возела без возачка и плус сега во најголемата гужва треба да се сликам
Се завршува да ама колку да се сликаш. А за дека че ти испадне пасош, тешко дека ќе завершиш. Мајка ми почеток на јануари се слика (во помал град) и баш прашуваше дали до април ќе и излезе зашто треба да одиво странство, и рекоа тешко.
Хахахахаха,јас скроз ист проблем имав лани и тоа случајно дознав,свекор ми ме удри на паркинг и отидовме да правиме Европски и оп возачката истечена,другите документи ми беа со 10 години исто а возачката 7 заради промена на презиме.
Јас се сликав пред недела и пол,ми рекоа за 1 месец ќе бил готов,баш ќе пишам како ќе биде,а плус кога ми побараа и л.к тука виде дека не ми е сменета,ме праша имаш барање за л.к,реков да,спремно ми беше и ме сликаа тука и за л.к едноставно дечкото сакаше да заврши работа затоа што најверојатно имаат можност.
Не беше за Немачка прашањето, општо беше. Ти пиша до 10 ти јануари ги давале, јас нешто не разбрав, пошто нареден јануари е 2025. Што сакаше уствари да кажеш?
Не знам, зашто мајка ми баш се мислеше далида вади карта и затоа праша во полиција познаници за да не и биде за џабе, па така и рекоа. Па сега не знам...
Тие што се сликале до 10-ти, веќе можат да го подигнат. А кога сме веќе на муабетот https://sitel.com.mk/osmani-deli-pasoshi-vo-minhen
Грешка си Јуле. Јас вадев во јули 2021 и со Северна е. Може сум го фатила почетокот. А тој преталентираниот дечко чија кариера му зависела од кретени што чекал до сега... Па и апел за помош
Да од јуни/јули 2021 е со северна. Ја вадев таа година негде мај месец и за малку не го фатив со северна, па сега си извадив нов. Лани 2023 се јавив на 4ти април ми закажаа за 5ти мај сликање и за 2 недели си го земав и пасош и л.карта. И мојте се силеа ааа не вадиме пасоши и л.карти што ги вртиме ама сеа сменија мислење па со денови вртеа ама на среќа добија па им закажале негде средина на март сликање
Абе арно тоа, шо сака нека праи ама сакав да кажам Америка не е секој ден, Солун ене го кај е. Апел за помош за пасош за до Солун на фешн вик. Ај добро