Маж ми пред малку ги добил од мобилен вртел и закажал за во беко за почеток на јули по редовна постапка пасош. Вртел 10тина пати рече.
Call ended тие 10 пати и одеднаш секретарка за бирање јазик, се збунил избрал македонски и почекал 4-5 минути
Ви закажале ли термин околу 19ч? Ми се јавија да ми го презакажат терминот, ама малце чудно ми е толку доцна да сликаат
Мајка ми има утре термин за лична карта, но моментално е во болница имаше операција и нема да може да отиде и да се слика. Ако некој знае да ми каже дали ќе може повторно да се закаже термин за ЛК?
Еве само што си отидов и не успеав да го земам. Хаос невиден, луѓе изреволтирани, шалтерот не работи, а луѓе од 8 саат чекале. Еден човек ги зема ливчињата ни ги подели назад и си отидовме сите. Ми се плаче искрено, дојде време странец да си во своја држава. Албанци одат преку ред и си зимаат возачки, ги пуштаат внатре позади шалтер да влезат. Мизерија.
Дали може да аплицирам за пасош по брза постапка, иако веќе во тек е прпцесот на издавање во редовна постапка? Се сликав на почетокот од Месецот а имам планирано патување при крај на Март и мислам дека нема да добијам пасош по редовна постапка.
Можеш да ама има услов зависи со каков статус ти е барањето за издавање на патна исправа, АКО барањето е одобрено е и влезено во процеруда не може ништо да се направи, ќе си чекаш паа со вакво темпо 2-3 месеци... АКО барањето за издавање на патна исправа чека сеуште за одобрување може да се доплати и да се промени... во Скопје менуваат во другите градови мрчат од старт кажуваат дека не може треба да ги напниш... Моментално има преку 100 000 сликани што чекаат за печатење ( а нема обрасци, деновиве добиле 20к што ќе ги користат само по итна постапака овие од редовна кој ги мати ) од тие 100к пола се процесирани пола не... со среќа во која половина ќе бидеш ти... од тоа се зависи.
@Only1 Ти Благодарам многу за одговорот, ова дава надеж на многумина на форумов..Добро е да се слушне ваква позитивна новост, дека постапките се одвиваат во нормален временски рок. Имајте убав ден
@Skyler Ти Благодарам за одговорот, и искрено можам да претпоставам каква е ситуацијата.. Во коментарите погоре друга членка @Only1 пиша дека без проблем го подигнале пасошот, претпоставувам се зависи кој прв ќе дојде, кој е на другата страна на пултот, понекогаш е и среќа и слично.. А дека сме странци во сопствената држава, тоа е одамна потврдено, дека многумина ќе одат со врски, тоа е веќе очекувано, Kорупцијата е неизлечив и вечен синдром во Македонија..Мислам дека, 'имање врски', конекции е главен предуслов за да постигнеме нешто...Секако некогаш ќе наидеме на добри и поштени луѓе и ќе завршиме работа, меѓутоа реалноста кај нас не научи да огромна трпеливост која никаде во светов ја нема... Како и да е, сите сме во голема мера изреволтирани но ниту една критика нема да ја промени сегашнава ситуација, затоа единствено што останува е да бидеме позитивни, и одново пробаме... Ви посакувам што поскоро да го дoбиете пасошот!
@annii Јас имам термин 19.40ч, што е уште почудно.. @Bratot Дали сте сигурни дека работат до 19ч? јас има термин подоцна (19.40).. Знаете ли каде може да се проверат работните часови (или секојдневно се менува)? Ви благодарам
Маж ми пред 2 недели без проблем ја зема возачката, чекаше 1 саат ама пак работеа. Денеска воопшто не работеше шалтерот, урлаа луѓето, удираа на шалтерот, полицајци доаѓаа ги предупредуваа и ништо. Си отидовме, кој те шиша буквално. Се вратив по два саати пак гужва до врата и така. Жити брзата постапка. Инаку не знам дали спомнав, по брза постапка се земаат кај возачките, не горе на спратот.
@Skyler Претпоставувам не ви дадоа никаво објаснување зошто шалтерите не работат!?. Работно време е фиктивен поим кај нас, особено во јавната администрација.. Верувам дека е револтирачка ситуација, и секако кој и да е, би реагирал, луѓе излегуваат од работа со цел 'да завшат работа', а не обратно.. Благодарам за информацијата дека пасошите по итна се подигнуваат кај возачките, ова e корисна информација за сите (незамислива е фрустрацијата да се чека 2-3 часа или повеќе, пред погрешен шалтер).