Оф леле.... Како не виде, рокот на пасошот многу така се зафркнале.... Со господ напред само полицаецот да се погоди а и има многу гужви па може и да не примети до толку, значи се зависи кој полицаец ќе се погоди, ти посакувам среќен пат мила ќе одите преку ГП Тбановци
Прашав во една агенција ми рекоја со автобус кога патувате не прат проблем не забележале тие мнг а со авион секогаш враќале.. Се јавив и во гранична ми рекоја дека треба да е три месеци но не праеле проблем, заради рок не враќале,
Тогаш не се замарј, одмори се те чека долг пат, среќен пат и убаво да си поминеш, па пиши како помина
Не, не се работи за брак. Сакам по своја волја да го сменам презимето. Само не знам освен пасош кои др док треба да менувам? Државјансто, извод од мат., здравствена книшка, диплома? Тоа не знам.
http://www.skopje.msz.gov.pl/mk/con...onid=EB744D1590F21E0B96B5011CE18F96B4.cmsap2p на овој линк имаш нешто НО тешко вршат промена на лично име и презиме . Треба да отидеш до Мвр , кај началникот на оур тој ќе ти објасни што се е потребно и дали ќе издаде решение за промена на презиме . Инаку после тоа мораш да смениш цела документација . Доколку си кривично гонета или осудувана ,долг кон некои јавни институции нема да ти го променат .
Јас бев во МВР и ми дадоа само два листа да ги потполнам, навидум никаков проблем. НО, пред да го направам тоа морам да видам што док ке треба за менување да не се зезнам со плус трошкови.
Па трошкови секако ќе имаш ,мораш промена на сите документи , па да ги одјавиш преку службен весник , барањата што ти ги дале исто треба да се платат таму со картичка или у пошта со уплатница . Но има места каде и да поднесеш барања за промена на податоци може и да не извршат промена после други проблеми да имаш ама доколку ств сакаш мораш цврсто да си фатиш работата и да не оставаш за утре .
Незнам кај да прашам па ај овде. Дали некој знае колку се чека за извод? Веднаш го даваат или се чека многу? Јас од делчево треба да вадам па некој ако знае ке молам кажете .
@EminemsGirl Постапката односно времетраењето за издавање на извод од матична книга на родените во Скопје и останатите градови е различна. Во главниот град се чека три-четири работни дена, а во внатрешноста изводите се издаваат истиот ден кога се поднесува барањето, т.е. веднаш. Ова го знам од лично искуство.
Дали ако направиш промена на адресата на личната карта, треба да вадиш и пасош со новата адреса или може да се почека да истече рокот на важност на пасошот?
Да,ако се направи промена на адресата на личната карта треба да се направи и промена на адресата во пасошот,исто и во здравствената легитимација иво државјанството и изводот на родените нов ако има потреба да се вади без разлика на тоа дали е поминат рокот на траење на пасошот и на останатите лични документи за да влезе промената во базата на податоци и за да не плаќаш казна за ненавремено пријавување на промената на адресата.Тоа треба да го направиш во рок од 60 дена од промената на адресата,така што ако не ти е итно направи ги промените на документите една по една,не на сите документи одеднаш за да не се изложуваш на големи трошоци за сите документи одеднаш.