Дали со новите документи со Северна, се менува рокот на траење на документите или све је исто само Северна? Оти ако не се продолжува рокот, пример моите се до 2025та важност, ич да не се замарам. П.с. сега со ѕвонење полесно се добива, другарка ми од сабајле за 15 души закажа. Лична карта по редовна постапка - септември. Возачка по итна постапка - април. Едит: закажала пасош по ИТНА постапка за во јули... Сите термини се во МТВ, другите пунктови ко да не постојат
А ако се сликам во септември, имам шанси некако да се сликам за со нова важност со оглед на тоа дека во јануари на почеток ми истекнува лк? Ај возачката ми е до септември, тоа држи вода да го сменам ама лк за 4 месеци не мењам
@LiquidLuna оф не знам. Иначе знам дека за да извадиш возачка треба да имаш важечка лична карта. Тоа значи пошто лк ти има важност до јануари, во септември ќе извадиш возачка, а после тоа лк. Но зошто да се мачиш закажи се порано преку летото за 2те и со едно одење ќе завршиш работа. Сега менваат важечки документи затоа што не се со Северна, и заради тоа можиш се наеднаш да извадиш.
Јас баш прашав кога бев да се сликам за ова. Возачката ми е до март 2025 и прашав дали ќе биде со важност исто како старата или ќе си биде за наредни 10 год. да не треба да ја мењам пак во 2025 тој што сликаше ми рече дека ќе биде нова со важност од 10 год. Ќе видиме кога ќе ја земам
Мојот пасош е со важност 10 години. За возачка и лична тек ќе се сликам и ќе ти кажам. Инаку, јас за лична карта имав термин во октомври и пред една недела ми презакажаа во март во Пролече ама во 21.45
Татко ми се сликаше за возачка минатиот месец. Му дадоа со нов рок. Прашал дали може да се слика и за лична карта, му рекле не. Само со закажување.
Јас закажав денес за септември по редовна, ме праша каде дали Беко, Бутел и не ја дослушав и реков МТВ сеа се мислам може да одберев др место ќе беше порано мада чисто сумљам
Нешто рече МТВ,Беко мислам и Бутел ама јас ја прекинав МРТВ за побрзо да слушнам термин, коа рече септ викам да не звонат за порано нешто вика аааа тоа помина сте требале да си мислите на време ) среќа дека можеше да се закаже, а не ми се дремеше пред пункт ама ајде си викам да не не ме закаже ке си поќутам
Дечки ме сликале за возачка тип а наместо б дали има некој инфо како може да се среди ова и дали некој ја има уплатницата за административна такса?