А дали барањето за возачка што го пополни беше тип А? Пошто тип Б е барање на албански јазик, а документот го издаваат на македонско-албански. Значи посебно барање за пополнува за тип Б, ако не потенцираш дека сакаш тип Б, се подразбира дека тип А ќе биде документот. Барем за пасоши е така.
Мојата лична карта е од старите треба да се сликам за нова важечка лична карта не дека сегашната не важи важи до одреден датум ме интересира до кога...за новата лична карта треба да се сликам деновиве не знам дали полицијата работи под програма со закажување ако да треба да си закажам термин за да се сликам и притоа за личните документи би употребила само сиво моливче на горниот очен капак и ушите да ми се гледаат значи косата приберена во реп без обетки без насмевка само сериозна фаца.
Може, нека не те лажат. Ако ти е уште во фаза "чека на одобрување" треба да одиш во Телевизија и во соба 43 да бараш постапката да ти биде преиначена од обична во итна. Ако те најдат во купот од документи , за 3 дена добиваш пасош ( нормално ќе си доплатиш 4.000 денари за брза постапка) . Ако веќе ти е одобрен и почната процедура за печатење, не можеш да смениш. Луѓе кои се се сликале околу 03.04ти Јануари годинава ги добиваа пасошите некаде околу 15.02. Ама и тоа е Random, не сите. Приличен хаос е затоа што многу барања имаше а и нашиве неспремни. До пред една недела правеа само по итна постапка дека немаше доволно обрасци, сега дојдоа ама споро е затоа што дневно може максимално 3000 пасоши во Скопје да се направат
Пасошот личната карта секако се со важност од 10 год. А возачката кој што се сликал пред 2024 значи во декември таа му важи исто колку и старата возачка. Доколку се сликал во 2024 год тогаш ќе му биде со 10 год важност
Воведен е нов систем за закажување на страната од МВР, треба само име, презиме и број, па ќе ти се јавеле до термин кога да одиш.
Здраво. Сакам да прашам кои се документи требаат за сликање за л.докумети и дали може барањава да си ги испринтам од дома (овие што ги има на сајтот на МВР) да не губам време и пари да ми ги пополнуваат овие сервисиве, освен барање и платежна картичка треба ли нешто друго пример извод?
Ако не вадиш по прв пат или промена на презиме или склучен брак или за изгубени документи, ти треба барање, стариот документ и таму ќе платиш со картичка. На страната од МВР ги има барањата и сите потребни документи.
Здраво, имам термин за пасош по итна во Јуни. Дали има шанси да ме викнат побрзо, месецов или почетокот на Април?
Дали некој патувал деновиве и знае дали може преку Србија и Хрватска да се стигне до Италија со стар пасош и лична карта?
Што менуваше? Ако е возачка и ти бил истечен рокот да че ти дадат 10 ама мене ми беше токот до 2027 и пак новата ми ја дадоа до истиот рок.Сега декември 2023 ја менав
И јас менував возачка и рокот ми го дадоа до 2027 год. Колку што важеше старата.Не знам за тебе ако си и ала врски или пак тоа си го направила после нова год
Ве замолувам за информација- Дали некој знае дали со стар пасош може да се обратам во банка, односно дали сеуште се смета како важечки документ за идентификација кај нас? Ви Благодарам
Од тие шо се имате сликано за пасош по итна постапка, може да споделите за колку време ви беше готов пасошот?