Најголем проблем за оние кои се сликале крај на јануари и почеток на февруари и сакаа да ја преиначат постапката од редовна во итна беше да се најдат документите . Мора тоа во Телевизија , впрочем сите пасоши ги прават таму. Во соба 43 , одев два пати претходно и конечно ги најдов денес . Поради големиот број на барања, таму отвориле уште една канцеларија за да ги чуваат документите. Има огромен број на барања за пасоши, посебно последниов месец..... Инаку тие кои се сликале за редовна постапка Февруари и навака , рокот за земање е доста продолжен. По она што ми го кажаа во неврзан разговор за редовна постапка некаде отприлина најмалку 2 месеци од ден на сликање.
Дали може да се патува со стар пасош во Германија? Бидејќи искочи една вест: https://plusinfo.mk/germani-a-bugar...C3TX35KKbO51FyUkl1VVfkKn6kz7bcjNZdEd-3GEMIXe4
Дали пораки стасуваат и за готови лични карти или тоа е само наменето за пасошите? Однапред благодарам на одговорите
Последно време почнаја да идат многу измешано Прилеп средина на Јануари сеуште не е пристигнат, кај некој од крајот ги има... дали ќе земеш пасош ти е нешто слично како лото.
Јас незнам што се случува со Велес, значи сликани на 4ти Јануари нема уште ништо, демек од Скопје не им ги пратиле уште. Мизерија
Здраво имам закажано за возачка дозвола по итна постапка, но личната карта ми е со истечен рок, дали има некој со слично искуство да ми каже дали може да поминам само со пасош, бидејќи терминот за лична карта ми е 2 месеци после терминот за возачка. Заборавив да напоменам за тоа по телефон, па ве замолувам доколку имате информација за случајов да ми помогнете.
Во која институција се вади уверение за државјанство? Општина или полиција? Имам мало бебе неќам да се шетам со него наваму- натаму. Фала Ви ❤️