Нај нова вест е дека треба да се проверува во полициска станица дали те има на список,и да си ја земеш личната карта.
Da se nadovrzam i jas se slikav isto pred 3 nedeli za licna karta pasos i vozacka vo sistemot za licna karta i pasos mi pisuva vo proces a za vozacka ne e pronajden zapis dali e mozno da ne e zapocnata postapkata da imaat nesto zgreseno i da treba pak da se slikam za vozacka ?
Дали има начин онлајн да проверам дали е готов изводот за новородено? Рекоа ќе пратат порака, ама не ми е баш од доверба дека стварно ќе пишат, а да не одам 3 пати да прашувам таму на шалтер.
10 вкупно дена или 10 работни дена? На маж ми му рекле кога ќе добиеш порака тогаш дојди. За првото дете пред 5 години рекоа за една недела, па после 2 недели дека не беше готов на некој му текнало да провери и испадна грешни податоци за мене имале, и му го направија на маж ми за 15 мин. Ама беше 4 пати до таму додека да го земеме, не сакам пак да се акаме непотребно.
Провери на uslugi.gov.mk Јас од таму аплицирав за изводот и имаше опција во пдф или печатена верзија да си ја подигниш. Се изначекавме искрено, тогаш (во октомври) реновираја шалтери кај нас, хаос беа, па затоа аплицирав онлајн и зажалив што не си го побарав во пдф. Дека имате аплицирано на шалтер, да не не можи да се провери онлајн, ама види сепак провери.
Верувам дека не би знаеле ама да прашам... моментално чекам нов пасош, до вчера ми покажуваше дека е “во процес“ а од денес “не е пронајден запис“. Дали тоа можеби значи дека е направен или слабо?
Се сликав за пасош на 25 Јануари во Беко. Уште немам добиено порака за подигање. Дали некој што се има сликано во тој период има земено пасош?
Дали некаде може да го пријавам одделот задолжен за лични документи, бидејќи не работат секој ден, како што е и предвидено? Зборувам за работни денови, не ни за викенд. Благодарам однапред за одговорите
Чисто информативно, овде баш прочитав кога профункционира онлајн закажувањето, аплицирав за бебенце и бабата и тоа на 1ви март, во рок од нецела минута разлика. За бабата се јавија на 11ти март (на мојот тел) ја закажаа на 29ти мај, викам имам закажано и за бебенце бла бла, па ми викаат ќе ви се јавиме, чекајте си тоа е др апликација. Вчера имаше термин сопругот па го сликавме и бебето заедно со него. Од незакажани имаше 10тина лица, гужва немаше воопшто. Ова за Битола.