Може ли да се закажува за термин онлајн или само преку тоа да си пишеш податоци и да чекаш да ти се јават? Работам во Скопје но сум од друг град и ми беше да можам да изберам термин што мене ми одговара, (не ми е битно дали наскоро или за месец-два само на пример да е понеделник сабајлечки барем кога сум отидена за викенд)
Ја се сликав 15ти јануари, и на 7ми март ми дојде порака дека на 11ти во толку и толку часот можам да си го подигнам од конкретен шалтер.
Здраво утре сум за сликање за возачка дозвола ми рекоа во пролече кај се наоѓа тоа поточно со кој автобус може да се оди?
Tocno pred prolece nemas avtobus ama mozes do zeleznicka ili bilna ako ides od dracevo kisela voda ili do avtobuskata kaj vero jumbo
Поднесов апликација на страната за нов пасош и сега треба да ми се јават да ми кажат кога има слободен термин.. Закажав во четвртокот уште се немаат јавено.. За колку време отприлика треба да се јават или сето ова е заебанција да си фатам патот и да со се закажам за итен? Не ми се брза баш ама ми треба за во Мај, совет?
Баш пишував пред некој ден, закажав онлајн на 1ви март за две лица во рок од нецела минута. За еднато лице ми се јавија на 11ти март и ми закажаа дури на 29ти мај. За второто лице уште чекам повик. Ова за Битола
Мислам дека теоретски шанси нема да добиеш пасош по редовна постапка во мај, па и да те викнат за сликање месецов.
Не не, не ме сфати изгледа. Според закажаното за првото лице, закажана е за сликање дури на 29ти мај. Второто лице за кое што чекам повик е бебе, ама во терминот на сопругот го зедовме и бебето. Се сликаа двата на 12ти март, ни рекоа за месец и пол готови ќе се пасошите. Инаку Битола уште сликаат и без закажување, на пример ние кога отидовме имаше некои 10тина лица што чекаа надвор. Така да мој совет ти е да одиш и да си ја пробаш среќата, на незакажано.
Закажав за мене и мајка ми у рок од една минута у петок 1 март. Нејзе у понеделник и се јавија, се сликаше у четврток на 7ми. Јас уште чекам. И за двата штиклирав Итни. Све е отидено. И пази, нејзе и вртеа у 9 саат НАВЕЧЕР за да ја закажат за сликање
Кога ќе ти јават за пасош да им речиш по итна постапка да се сликаш, за да ти стигни, бидејќи јас сум од помало место и од Јануари сеуште чекам, поздрав.