Дали некој знае каде може да превземам Барање за пасош?, најдов неколку онлајн но не се добри за печатење..дали има некој подобар линк? Ви благодарам
Ти благодрам. Го најдов барањето на страницата на МВР ама не е во добар квалитет документот ( не е читливо).
Јас од страната на МВР печатев Барање за издавање пасош тип А. Добар е квалитетот на документот, мене тој што ми го дава.
Другарка моја имаше закажано за јуни (закажала пред месец) и се јавиле за крај на април и презакажале, мене уште не, се надевам ке се јават јас имам закажано за крај на септември
Неделава треба да се сликам за пасош. Дали можам да однесам фотографија од мене и таа да ја искористат или морам да се сликам?
Дали некој знае дали Бугарија дозволува влез со пасош со старо име? И дали може преку Србија да се влезе во Бугарија со пасош со старо име?
Закажав за итен во понеделник еве четврток помина сеуште ми се немаат јавено.. Ова веќе не се ни рачуна за итно
Ај добредојде во клубчето чекачи. Од 1 Март чекам, а патем секој ден по една апликација пуштам. Патем пробувам да вртам. Годинава ќе видам море преку сториња на луѓе само ко шо тргнало..
А што ќе смени ако пред тоа чекаш 1 месец додека да се сликаш како е тоа ИТНО? Итно се подразбира да те сликаат во најкраток можен рок или истиот ден откако ќе поднесиш барање и да ти стигни за неколку дена затоа е нели “ИТНО” Ако ми е да чекам пак месец додека да помине цела церемонија на закажување па потоа сликање поарно по редовна постапка ќе си поднесам нема смисла стварно
Голгота наречена „итна постапка„ на вадење лични документи Како информација за членовите на овој форум, би сакала да ја разкажам мојата приказна за вадење на лични документи, а можеби некоја од членовите ќе ми каже кои се моите права и каде може да се пријави или можеби најдобро е да си барам адвокат поради лични причини, вадењето на Северните документи морав да ги одложам за есента 2023 година. пробував онлајн и по телефон и некако успеав да најдам термин за итна постапка за на 23 ноември 2023, при што поради тоа што менував адреса единствено решение беше во МРТВ. Сликана за пасош (патна исправа) и лична карта без никаков проблем. Во Декември ( според информацијата дека документите (итни) ќе ми бидат готови си поминав да ги поминам, но за жал после отприлика 4 часа чекање не успеав да дојдам на ред за да влезам. Конечно после неколку обиди, успеав во јануари да дојдам на ред кај личните карти во МРТВ за да ми кажат дека има проблем со адресата, дкеа документите не ми се готови и да одам во соба 35. Во соба 35 после едно 1 саат успеаја да ми ги најдат документите и ме испратија во соба 37, каде што после повторно чекање околу 45 минути ми дадоа 4 образци да ги потполнам, иако истите беа поднесени кога отидов да ме сликаат но успеале да ги изгубат. во Фебруари по препорака на службеникот одам да видам до каде се документите (соба 37) . Конечно беше потврдено дека се е во ред, дека поминале во систем , шефот ги потпишал и дека за два дена пасошот и личната карта ќе бидат готови, но оти немало образци да не сум се нервирала. ОК, оставив да поминат 7 дена и отидов да си ги подигнам, редица од тука до стамбол. Нема проблем, викам за секој случај да проверам повторно во соба 37, каде што ми рекоа личната карта мора во Карпош полициската, додека пасошот во собата за итни документи шалтер 1. Отидов и повторно чекање од околу 6 саати, па морав да се откажам затоа што мора да се вратам на работа. почетокот на март , повторно чекање, и повторно ме вратија овој вторник, се нацртав во 9:00 ч, според процедурата го оставаш ливчето/потврдата и чекаш да те викнат. До 14:00ч чекање и повторно не ме повикаа. ПОбарав да ми го вратат ливчето, но за жал дрските вработени ме препраќаа од шалтер на шалтер за на крај да ми рече еден фраер дојди утре. Вчера повторно отидов, и повторно чекање, оставив жолто ливче со матичен број, но повторно не ме викнаа. Денес повторно , бев таму во 17.30 ч, службеникот повторно ми вика пиши име презиме и матичен број, до 19.30 никаде ме нема. за на крај кавга на шалтер со закани. Ми вика не ти треба ливчето само со лична карта. Е ок, ако е само со лична карта како ќе знам дека ќе ме викнете кога ги викате само тие со ливчиња. Дојди утре во 7 ч. другиот не во 7ч во 7.30ч. нема проблем ќе дојдам во 7 ч, и ако не го добијам конечно пасошот по итна постапка која трае со месеци ќе бидете пријавени. Се надевам утре ќе го земам, макар што не верувам затоа што овие неколку пати бев сведок на навистина невкусни ситуации каде што ги малтретираа луѓето , се караа, им ги губеа документите итн. За сите кои планираат или чекаат ви посакувам многу среќа (ќе ви треба) и се надевам ќе успеете да средите со документите без многу нервози. п.с. се мислам да им отидам со телевизија и трубачи можеби конечно ќе се смилуваат. п.с.с. и не немојте да ги жалите дека имале многу работа и они не биле криви. Јас и сите вие плаќаме данок од кој они зимаат плата за да работат. Како што ние можеме да работиме и да си ја завршуваме работната задача, нивна обврска е да си ја завршат нивната и да те упатат што како треба, да воведат ред, да те ислушаат и да те советуваат што и каде да се обратиш во случај ако има проблем а не да пуштаат со врски, на мајки кои чекаат со мали деца и стари болни жени да им се однесуваат како они да се господ а сите останати од оваа страна стока.
Dali ima nekoj sto se slikal vo fevruari a da e gotov pasosot? Slikana sum sredina na mesecot, me interesira dali se pocnati so izdavanja na tie od fevruari
Да, деновиве додека чекав имаше лица кои беа сликани пред три дена ( со итна постапка) на кои им беа готови документите ( ако си во Скопје). Исто така се сретнав со две девојки на кои по редовна постапка сликани во фебруари им беа готови документите. Ако си од Скопје, може да провериш на страната на МВР готови документи. За друг град, не знам, треба да се провери дирекно каде што се издаваат.
Ако имаш нерви случајов преку телевизија ќе добие најмногу внимание и одговор. Правно незнам колку целава голгота ќе ја докажеш, пр. колку денови и саати си чекала таму, ама секако нешто повеќе треба да направиш од тоа до сега. Ако ништо друго на социјални мрежи, одма ќе добиеш внимание. Со среќа