Дали некој има инфо, колку сега одприлика се чека за издавање на пасош по редовна постапка? Благодарам
А дали може да ми кажеш кога е издаден, пошто читам дека побрзо ги печатат, ама се чекаат за издавање. Ме интересира времето од сликање до печатење.
Слушнав луѓе чекале и по 3 месеци за земање на документите. Дали е вистина? Премногуу е, ако е вистина, значи станавме бетер од Африка, абе бетер.
Јас се сликав на 05.01 а го земав на 25.01 Сега се знае точно колку е најкраток период на некој што му е издаден?
Вчера точно еден месец, отидов да ги земам документите, нема, не се готови и не ни знаеја да ми кажат кога би биле готови. Ужас.
Ќе ти се јават пак. Јас пред 2-3 недели закажав за мајка ми преку мојот број и ми се јавија во среда. Отпосле видов дека е пропуштен повик од МВР и денес пак се јавија да закажат за понеделник... Се надевам е и излезе за 2-3 недели. За Велигден да патува.