како да знам дали успешно сум пратила лична порака,и дали директно преку "одговори на пораката" можам да одговарам без да го именувам членот?
Ова да, можеш. А како ќе знаеш дали се пратила? Епа прво ќе ти стои пораката во папката СЕ ИСПРАЌААТ. А кога ќе е веќе пратена, ќе ја најдеш во папката ИСПРАТЕНИ ПОРАКИ. Се надевам дека помогнав.
Ако е успешно испратена личната порака, таа ќе се префрли во папката „Се испраќаат“. Откако ќе биде прочитана од примачот, тогаш ќе се префрли во папката „Испратени“. На овој начин можете и да проверувате дали вашата лична порака била прочитана од соодветниот член или не. Личните пораки се испраќаат моментално, но стојат во папката „Се испраќаат“ сè додека не бидат прочитани. Во тој период имате и можност да ги редактирате ако сакате да промените нешто.
^ Ќе одиш во подкатегоријата каде што би спаѓала твојата тема (на пример во Сингл) singl/ И под името на подкатегоријата ти стои правоаголник на кој пишува Нова ТЕМА *.
Исто е како во постот имаш Img делче кликни па линкот од сликата која сакаш да ја испратиш вметни го.
Неможе во порака да вметнеш од компјутер. Може да ја прикачиш на tinypic.com и ќе го копираш линкот и така ќе вметнеш.
Дали некој освен јас и тој на кој ја праќам пораката може да ја чита содржината ? Администратор, глобален модератор пример ?
Веројатно можат администаторите за на пример ако велат дека треба да бидеш банирана (пример давам) и да ти проверат дали имаш праќано непријатни пораки. Но се додека не се жалат на тебе не гледам причина да ти ја читаат поштата. Но не знам најдобро ќе ти одговори некој модератор или администатор.
Модераторите и администраторите не можат да ги читаат личните пораки, освен ако лицето на коешто сте му ја испратиле пораката не пријави дека таа ги прекршува правилата на форумот или содржи несоодветна содржина.
Не, не може во било кој случај. Содржината на одредена лична порака можат да ја прочитаат модераторите и администраторите единствено ако лицето на коешто сте му ја испратиле пораката го кликне копчето за пријавување на пораката и испрати пријава. Форумот не дава техничка можност да бидат читани личните пораки во било кој друг случај.