@Gokala отвори го сандачето, не можам да ти пишам одговор на пораката што ми ја прати. Или постави го прашањето во темата за заби.
Оди на твојот профил во приватност, штиклирај го тоа кај што пишува "сакам да добивам пораки од форумот". Бар мислам дека таму треба, пробај.
Нема право. Си го пријавила, ќе го банираат. Има такви. Еден ќе го испашкаат, друг ќе никне. Не му се замарај. Само игнорирај ги и пријавувај ги.
Вчера пријавив лична порака, сеуште немаат реагирано. Членката во две-три пораки повеќе пати ми побара фб и месинџер да сме пишувале. Дали следува санкција или како и секогаш за Бубаче не важи тоа правило?
Денес сме петок, пораката беше пријавена во Понеделник. Секако дека за мене не важи ниту едно правило. Мех… двојни арашини
Така ли? Тогаш зошто стои оваа ставка во делот “Правила за форумот”? За украс веројатно 8. Лични пораки Најстрого е забрането испраќањето на рекламни или спамерски лични пораки. Забрането е масовно испраќање на пораки од типот „Здраво, имаш Skype?“, „asl pls“ и сл. Ги молиме сите корисници кои ќе добијат вакви лични пораки да ги пријават со цел да бидат преземени неопходните мерки. За да пријавите лична порака, кликнете на извичникот до копчето „Цитирај“. Убаво би било да знаеш што се пишува,а што применува и сите правила да бидат еднакви за сите,а не само за одредени фаворити.
Зборот со причина е таму. И прави огромна разлика. Не може да се банираат членки ако пишале порака на некој. Затоа имаме опција да си го затвориме сандачето и да одредиме кој може да ни пише.
Членката двапати ми пиша за фб и месинџер да сме пишувале. Ти место да си работиш работата како што треба, ми кажуваш правила за мој профил. Како модератор би требало да знаеш дека ми е затворен профилот и не може баш секој да ми пише. Како што кажав за мене не важи тоа, кога треба да се банира и брише што Бубаче пријавува никаде те нема, се објаснуваш се нешто,а кога треба да се банира Бубаче прва си. Повеќе од јасно е