Околу пола година сум активна на форумов и не сфаќам зошто има луѓе што не враќаат на лични пораки? Дали е можно нешто да не е океј и да не им стига или као им досаѓам? Пораките биле најобично прашање во врска со здравствен проблем, ништо навредливо или контраверзно. Дури со некои имам разменето неколку пораки и во сред муабет сум била оставена на seen што би се рекло. А инаку се гледа дека се активни отпосле, ги читам по разни теми. Многу без везе искрено.
Можеби не ги ни гледаат бидејќи има еден куп будали и манијаци тука. Од обата пола. А и ако ги видат, не сакаат да се занимаваат со некого. Или постои можноста дека е местенка да признаат некои информации. Секако и веројатноста администраторите да ги читаат личните пораки, иако велат немале пристап.... нема врска, сето што е на серверот се чита.
Ретко користам лични пораки евентуално ако нешто ме интересира и сакам да прашам а чисто за разговор не.