Личност што ми остави најдобар впечаток...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Queen-of-truth, 31 јули 2012.

  1. Queen-of-truth

    Queen-of-truth Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Сите ние секојдневно се среќаваме и се дружиме со многу луѓе, познати и непознати, пријатели, роднини итн. Сите имаат свои ставови, размислувања, навики.
    Јас еве лично и се восхитувам на една другарка која е секогаш смирена, секогаш своето мислење го кажува на право место и во право време, секогаш е расположена за совет и што е ми е највечатливо е многу умна.
    Кој е вашата највпечатлива личност што досега ја имате запознаено :?: ;)
     
  2. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Исто и јас на другарка ми. :inlove: ..Толку е смирена,во живот со никого се нема искарано,никого не мрази,за сите има разбирање. :) .Исто таква и мајка имам. :inlove: .Колку и да сакам да сум како нив на моменти неможам бре . :envy:
     
  3. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Мојата наставничка по Македонски! :)
    Толку смирена жена на светов немам запознаено. Едноставно зрачи со позитивна енергија.
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога ја прочитав темава, веднаш се сетив на две девојки од медитација
    едната ми е имењачка :$ ама душичка доживеа пред неколку дена несрека, па заздравува :* за неа
    а другата е секогаш насмеана и весела-двете се како сонциња кои сјаат со позитивна енергија :hug:
     
  5. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Има многу луѓе што ми оставиле добар впечаток, но најмногу една професорка од средно. Толку многу ми фали, дури можам слободно да кажам дека ми фали повеќе и од другарките и другарите со кои учев.
     
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Лично познавам повеќе личности кои ми оставиле добар впечаток и од кои се трудам да присвојам по некоја особина...
    1. Една другарка која е вистински пример за тоа како треба да се однесува една девојка. Значи вистинска ДАМА. Секогаш смирена, внимава на однесувањето, дотерана, нашминкана, никогаш нема направено некоја голема глупост, ги почитува сите, внимава на начинот на движење и тн.
    2. Една братучетка која е многу забавна личност. Секогаш е позитивна, знае да направи некоја мала лудост која ќе ја паметиш цел живот, знае како да ги расположи сите околу неа, праведна е кон сите, комуникативна...
    3. Неколку професори кои ме научија на лекции кои не ги пишува во ниедна книга. Луѓето беа пример за тоа како треба да се постави еден професор спрема учениците и како треба да се однесува спрема нив. Навистина таквите професори се реткост и сум среќна што сум имала прилика во дел од животот да комуницирам со нив.
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Една професорка од средно, најомразена меѓу учениците, демек строга, ваква, таква, ама такви животни лекции сум научила од неа што мислам дека никогаш нема да ја заборавам :bow:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.214
    Пол:
    Женски
    Две личности се: мојата наставничка од 1-4 одделение и една професорка на факултет.

    Првата (за жал сега веќе почината) ни беше како мајка на цело одделение, се грижеше за нас како за нејзини деца. Дури некогаш не’ носеше и кај неа дома на сокче цело одделение, па ни раскажуваше приказни од животот, на кои и ден денес се сеќавам. Вистинска грижлива жена за пример, која не’ учеше како мајка.

    Втората е млада личност, интелектуалка, образувана и со постојан стремеж кон уште повеќе. Ме научи секогаш да се стремам кон својата цел, никогаш да не се откажувам, без оглед колку е тешко. Самата таа е пример за тоа како може да се успее со многу упорност. И многу ја сакав поради тоа што не сум видела човек што повеќе од неа си ја сака работата. Уживаше (и ужива) во работата со млади луѓе, студенти, и секогаш е насмеана, расположена и спремна за секакви прашања и помош.
     
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Мој колега\другар незнам ни како да го наречам.
    Ми остави навистина преголем впечаток,тој е толку добар и толку убаво размислува и после се што има преживеано во животот. Му симнувам капа,едноставно се гордеам што го познавам.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Проф. по македонски јазик и литература од Корчагин. :)
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Мојот тренер - браво на мудроста упосноста и се што постигнал во својот живот.
    Дечко ми - едноставно не ми е јасно како може секогаш скоро за се да е во право. Никогаш не згршил за нешто. И човек кој до сега не прекршил збор.
    Teacher од средно - прекрасна жена која кога и да ја видев денот ми се разубавуваше.
    Класната од 3/4та средно - жена која секогаш наоѓаше време за себе и семејството и беше на 1 место. Со топлина зборуваше за нив и секогаш многу убави совети даваше. Има една приказна од нејзина страна што никогаш нема да ја заборавам.
     
  12. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Професорот по музичко од прва и втора средно....човекот значи плени...не сретнав дете од гимназијава моја која имаше добар збор за него...има некои физички недостатоци проблеми со хормоните ама не сте свесни колку е полн со самодоверба и е една уникатна личност која мислам дека на светов нема копија... Значи да бев во состојба да држам 7 часа музичко немаше да ми биде проблем. Се чудам како моче до толку човек да ги преброди своите недостатоци и да ги надополни со фасцинантен карактен ! :inlove:
     
  13. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Повеќе се.Инаку би ја издоила класната од средно,по македонски предаваше.Која култура ја имаш тоа е чудо.Што се вика човек на место,секогаш знае што и како да каже.Да ти е мило да ја слушаш како предава.Секогаш беше средена од штикли до нокти,важеше за најдобро облечена професорка во цело школо.Затоа јас велам факултет за македонски сите да изучуваат како задолжителен па после нека си тера кој што сака :)
     
  14. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Личност која ја запознав пред точно една година. Чест е да се познава ваков човек, секогаш ќе има посебно место во моето срце...
     
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Една асистентка од факултет. И се восхитувам на жената. Кое знаење го има алал нека и е. Еден ден се надевам ќе бидам успешна како неа :) Вреди за половина од моите професори :P
     
  16. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    Најдобрата другарка ! Момичето е смирено,интересно ,полно со разбирање,талентирана,има стил.
    За се ја бива да црта ,да се шминка,да пее, да се насмее и на своја сметка,да се облекува модерно,да се разбере со секој и во секаква сиуација едноставно чудно :?:
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Никоја. Сите имаат некоја мана што ги расипува.
     
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.854
    Допаѓања:
    32.396
    Пол:
    Женски
    Само мајка ми. Таа ми е пример во животот каква личност сакам да бидам. Какво смирение, толеранција има секоја чест. Да успеам да бидам барем мал дел како неа, добро ќе биде.
     
    На cresa-jagoda и Meckicja им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.791
    Допаѓања:
    48.298
    Пол:
    Женски
    Искрено?
    Самата на себе си оставив најголем впечаток.За тоа каква треба да сум и каква да не сум
     
  20. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Мајка ми :l:
    Жена борец, неуморна, сила невидена.
    Толерантна, грижлива.
    Толкава љубов собрана во едно човечко срце.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.