Личнoсти изгубени вo минaтoтo

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Madam-A, 7 септември 2015.

  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.602
    Допаѓања:
    8.005
    Нештo се зaмислив и пaметoв ми oтиде нa некoи луѓе штo случaјнo сум ги зaпoзнaлa низ живoтoв, ми се изгубиле низ светoв и сегa пoјмa немaм кaде се и штo прaвaт.

    Имaте вие некoј тaкoв?

    Еве, oд еднa личност се префрлaм нa другa и сфaтив декa ги мислaм, a немaaт т.е. немaле никаква улoгa вo мoјoв живoт.
    Се сеќaвaм нa луѓе кoи сме ги упoзнaвaле сo мoите кoгa сме иделе нa oдмoри, рaндoм гoсти нa бивши кoмшии сo кoи сум играла, сoученици oд oснoвнo кoи се префрлиле вo други грaдoви, еднa летнa aвaнтурa штo гo упoзнaв вo Oхрид пред дoбри 6 гoдини и никaкoв контакт не си рaзменивме...

    Не знaм и не мoжaм дa си oбјaснaм зoштo, aмa ете oстaвиле некoјa трага зa дa еве мислaм вo неделa нaвечер нa тoa кaде ли скитaaт пo белиoв свет. Сaкaм дa знaм штo прaвaт вo живoтoв... Живи ли се? Дoбри ли се? Среќни ли се?

    Ви се случувa вaс пoвременo дa се нaврaќaте нa некoи личнoсти сo кoи немaте никaкoв кoнтaкт пoвеќе?Имaте такви зa кoи би сaкaле дa знaете кaде се? Некoи кoи сaкaте дa ги сретнете пoсле oдреден периoд и дa си пoрaзгoвaрaте?


    Не ме oстaвaјте сaмa дa се oсеќaм чуднo :wasntme:


    п.с. Гo видoв дaтумoв и се пoтсетив декa некoј имaше рoденден денoвиве, a немaв кaкo дa му честитaм. Мoжеби некoгaш вo некoј пaрaлелен универзум... :)
     
    На glosipgirl, Barbie20, ku4ence и 7 други им се допаѓа ова.
  2. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.934
    Пол:
    Женски
    Ретки се оние луѓе за кои не знам ништо, а што во одреден период од животот ми биле битни. Но често мислам што се случи со една другарка од маало. Пораснавме заедно, сме делеле и леб и кревет сѐ до 15-тата год кога таа со своето семејство се исели во Австралија. Првите неколку години контактиравме преку писма, во тоа време поштата и телефонот беа единствен начин на комуникација. Дојде два пати, вториот пат и дечко си фати тука, па кога замина јас бев таа која им ја одржуваше "врската":) Ми праќаше писма и во нив уште по едно за љубовта:D, ваљда не можела од нејзините да му праќа него. Сето тоа траеше се додека јас не заминав на студии Скопје. После разбрав дека баба ѝ ја продала куќата, па и моите се преселија во друга и изгубивме контакт. Последно што знам за неа е дека се омажила и имала три деца. Не можам да ја побарам на фб зошто не и го знам презимето одкако се омажи. Често се прашувам што се случува со неа и сигурна сум ако нашето другарство беше во денешно време не би го прекинале контактот, не би се изгубиле.
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    53.663
    Пол:
    Женски
    Имало периоди кога сум се присетувала но сега веќе некое време не мислам воопшто на луѓе од минатото. Но, еве постов ме потсети. Имав другарка (најдобра) со која прекинавме одеднаш контакт без да се скараме, само се оддалечивме. Откако поминаа 2 години, забележав дека девојката ја нема на таблото за матура, а потоа и на матурата не беше присутна. Се запрашав каде е, што се случило. Знам дека девојчето имаше братучеди во еден далечен град, често одеше кај нив, па се запрашав дали можеби се преселила таму, дали таму го завршила средното образование, но на нејзиниот профил на Фејсбук не видов ниту слика ниту ништо, никаков податок кој ќе ми ја разреши мистеријата. И до ден денес не знам што се случи со неа.
    Друга личност е еден дечко од Охрид со кој се запознавме на Фејсбук пред околу 5 години и се допишувавме но тоа кратко траеше, го деактивира профилот. И откако го деактивира почнав да се прашувам што е, каде е, како е и после една или две години ме додаде повторно од нов профил и ми пиша - Таа си. И тој се сетил на мене и ме барал. И повторно си пишувавме, ми беше некако поинтересен од останатите, но за него знаев многу малку, мислам дека се викаше Дејан и имаше само една слика. Често си замислував како одам да го пронајдам но тоа не се случи, го деактивира и тој профил и од тогаш, еве веќе две години како не сме се нашле повторно.
     
  4. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    9.869
    Допаѓања:
    125.497
    Пол:
    Женски
    Кога ја отворив темава дефинитивно очекував нешто многу поинаку ама кога прочитав веќе беше друга приказна ... :$
    Дефинитивно другарка ми од детството, до 5то бевме неразделни после јас се преселив па различни училиште, различни занимања, различно средно, место на живеење и то ти е ... имам фејс од неа ама шо дека, ко ќе избледи контактот некогаш толку е.
    Друго дете од детството шо го памтам само како слика, не знам како се вика, не знам сега кај учи, знам само дека генерација ми е. Многу, многу си игравме. Претходното лето мислев дека се најдовме према описот шо ми кажа детево, опис на место на живеење, ова- она шо си знаевме ама сепак не е тој :worried:
    Ех уште колку други си има ... ;(
     
    На LittlePinky и crazylady им се допаѓа ова.
  5. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.118
    Пол:
    Женски
    Koga bev sredno imav skolska sto mi bese pobliska i od najdobrata drugarka,4 godini delevme se,koga zaminav na fakultet taa ostana doma,zabremeni i se omazi..posle 1 godina izgubivme sekakov kontakt.Ja imam na fb no nikogas ne sme pisele,nemame ni isti temi,nisto,posleden pat se vidovme na 5godini od matura i bevme kako stranci,i jas i taa,a i cel klas..cudno no tie 5 godini mnogu ne smenile ..
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    56.442
    Личности изгубени во минатото... Ги има многу во мојот живот... Стотици...
    Можеби да имав ФБ тоа немаше да биде така... ФБ во моментов ми се чини, е најдобар начин да се „пронајдеш“ со луѓето со кои некако си се изгубил... Но, си реков не ми треба ФБ и сеуште не сум направила профил... Можеби некогаш ќе го сменам мислењето... И тоа најмногу заради личностите изгубени во минатото...
    Двете најдобри другарки од основно и средно не сум ги видела повеќе од 25 години... Најдобрата другарка од факултет случајно ја сретнав пред 20 години, ама немам ни телефон, ни адреса од неа... Имам еден куп бивши колешки со кои што прекрасно си поминав, ама не се гледам... Само повремено, со повод се слушам на телефон... Кога ке се сретнам со некоја личност од моето минато многу ми е мило и неможам да се изнаразговарам, да се изнапрашувам за заедничките пријатели...
    Но, тоа е тоа... Животот не носи во различни правци... Понекогаш во мислите или при гледање на стари фотографии се присеќавам на луѓето кои во дел од животот ми биле блиски...
     
  7. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    17.792
    Пол:
    Женски
    Во последно време и мене ми се случува да помислам на две другарки со кои сме се дружеле, но од одредена причина не се дружиме повеке. Ги паметам сите смешки и плачки. И знам да се запрашам што би било кога би се дружеле сеуште. Баш истите мисли и мене ми се вртат што прават, дали се добри. Што се однесува до мене би ги седнала до мене да си поприкажеме коjа до каде е и да се потсетиме на сите дешавки што сме ги поминале. Со овие две другарки премногу брзо се сприjателивме и исто толку брзо престанавме да се дружиме. Доколку би имала шанса пак би била другарка со нив.
    За сите останати луге кои се во минатото, сите се таму со одредена причина, и не би се навракала на нив.
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.260
    Од време на време знам да се присетам на сите прекрасни моменти.
    Особено, често се присеќавам на луѓето кои сум ги запознавала на одмор со моите. Размислувам колку од нив придонеле за моментот или денот да ми биде поубав и сум им многу благодарна за тоа. Сите тие искуства останале врежани во моето сеќавање, и иако немам никаков контакт со нив во име на добрите денови им посакувам се` најубаво во животот.
     
    На cresa-jagoda, Madam-A, honey.11 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. peperutche21

    peperutche21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    938
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам најмногу на личности што сум ги запознала на одмор како помала сум играла со нив, и тогаш само им го знаев името и од кој град се но повеќе не сум се сретнала со нив ни знаам колкави се можеми се имаме на фб а јас не ги познавам, можеби сум се сретнала случајно со нив, и во иднина можеби ќе ги сретнам ќе се запознаеме и кога би поприкажале за нас ќе се најдеме така.
     
  10. pravnicka2

    pravnicka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Ееее,имав најверна и најдобра другарка.Заедно бевме од градинка,значи од три годишна воздраст и тоа траеше до матура,до 18 години.Значи цели 15 години нон стоп бевме заедно,заено јадевме,заедно спиевме,заедно учевме,излегувавме итн.Бевме како сестри.
    Бевме 4та година пред матурата кога се разделивме.Народно кажано:"уште душата ме боли за таа другарка" Голем времески период поминавме заедно,а сега?!Едно здраво само правиме и ништо повеќе.
     
    На cresa-jagoda, SnowWhite8 и crazylady им се допаѓа ова.
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.952
    Допаѓања:
    33.898
    Пол:
    Женски
    Пред 12 години за време на операцијата имаше еден болничар, работеше додека да дипломира за да стане доктор. Беше млад 34-5 години и беше доста спремен, ликот му беше строг ама беше многу фин, мене ми посветуваше најголемо внимание, тој ми ги преврзуваше раните, секојдневно ми носеше свежо цедени сокови, дури и кога не беше на работа доаѓаше да ме посети.
    Еднаш толку многу ми се влоши состојбата сите беа испаничени, тој не беше на работа, имаше два слободни дена ама од нигде никаде се створи, по неколку минути јас бев потполно смирена, состојбата ми се стабилизира но и покрај тоа тој остна со мене.
    Кога дојде време да си одам од болница на разделбата со него многу плачев, ми подари црвена убава тетратка и парфем, моите му купија вино и нашата заедничка слика ја урамија како знак за благодарност за тоа што го правеше за мене додека тие не беа таму.
    На одење се гушнавме и толку беше.
    Од кога се вратив се слушнавме само два пати и тоа беше се.
    По една година кога појдов на контрола дознав дека веќе е доктор и дека работи во друга болница, иако инсистирав, повеќе информации не добив.
    Се што знам за човекот е само име, имам и негова слика, го барав по фб ама безуспешно.
    Би сакала искрено да го најдам, понекогаш се прашувам дали и тој се сеќава на мене..
     
    На cresa-jagoda, glosipgirl, Madam-A и 15 други им се допаѓа ова.
  12. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    4.296
    Пол:
    Женски
    Коа имав 6-7 годинки на одмор запознав брат и сестра, цело време заедно си игравме. Следната година, заминавме на одмор на истото место, ги видов на плажа, пред мене седнаа, но не ме препознаа. Исто така имаше едно девојче што се всели во куќата до мене, (имав преку сила 6 години) баш се сеќавам се викаше Маја, ептен беше бесна. :D Нон-стоп бевме заедно, со месеци, се додека не сe преселија. Е од тогаш ја немам видено, а и да ја видам, нема шанса да ја препознaам. :D
     
    Последна измена: 9 септември 2015
  13. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.613
    Пол:
    Женски
    Во мојата улица имаше една голема куќа во која живееа 3 семејства и имаше четири деца од тука. 2 машки и 2 женски.
    Детството ми помина со нив и со останатите другарчиња од улицата. Од утро до ноќ бевме заедно, се додека едно лето тие од куќата не се преселија во Германија. Тогаш немаше фб и изгубивме контакт со нив, а и воопшто цела улица престанавме да се дружиме од кога си заминаа тие деца, наеднаш згасна се.
    Пред 2 години со тој едниот се најдовме случајно на фб и разбрав дека неговата сестра починала од леукемија. Душичка, загреота колку неубаво ми падна, најубавите спомени од детството ми се заедно со нив..
     
  14. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    пиши ми порака ако имаш слика преку google images можеш да го најдеш :)
     
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    9.582
    Допаѓања:
    142.809
    Ретко размислувам на вакви теми, ама има некои луѓе што оставиле траен белег во нашите животи..
    Сигурна сум дека сите имаме по некого, мали гестови, дури и само насмевки по кои ги паметиме..
    Пред 15-20 години имаше еден дечко, Мите. Живееше во Маџари, па се пресели во Дубаи. Тогаш бев детиште, ептен мала.. Бев многу срамежлива па секогаш ме закачаше. Многу си се сакавме:D
    Неговите живеат во Кисела Вода и има брат.. Толку знам.
    Последен пат го видов пред 12тина години, меѓувремено татко му ми рече дека е добар и дека е уште во Дубаи. Ама и него го немам видено веќе 6-7 години, изгубив секаков контакт..
    Баш се прашувам дали се ожени, дали е уште во Дубаи, како е..Дали е уште таков закачко:lol:

    Друга личност, Ивана околу 25 год. (ако некој ја знае да ми каже8-|)
    Одеше со мене на англиски во Работнички со години, свиреше на флејта и беше многу убава и висока. Живееше во Лисиче или може грешам..

    Некогаш жалам што ни се разделија патиштата, се надевам дека се среќни и дека најдобро било така...
     
    На cresa-jagoda, peperutche21 и sanjaeva им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.841
    Допаѓања:
    26.172
    Пол:
    Женски
    Темава многу ме потсетува на „Све за љубав“. :D
    Но, сериозно, ако навистина сте загубиле контакт со толку блиски луѓе, зошто да не?

    Јас немам некое минато, ама многу, многу често се прашувам што прават во моментот некои луѓе кои сосема за многу кратко сум ги сретнала, па и не сум разменила ни збор. Не мора да бидат ни луѓе, на пример најмилото куче што го запознав во 2011 во Грција. Иако ми беше до половини, беше права душичка. Сега би требало да има околу 7 години. Се викаше Бази, не знам дали е живо, ништо не знам. :( Имам слики од него, ама не можам да го најдам преку Google images, има мал милион кучиња исти како него, а и не е сигурно дека неговите сопственици имаат слики од него на социјалните мрежи.

    Како и да е, се сеќавам на уште едно девојче кое го запознав во 2007 (6 години), и таа беше колку мене. Се запознавме на пазарот во Струмица, јас со баба ми и дедо ми одев, а таа живеше во близина, и често одевме во паркот, се лулавме, некогаш гледавме цртани кај неа дома. Мислам дека се викаше Ангела, не сум сигурна. Ако се препознае овде (што не верувам), обавезно да ми пише ЛП. Се надевам дека ќе ја видам барем уште еднаш, баш да видам дали и таа се сеќава на мене и да се потсетиме на тие денови. :inlove:
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial и Dust им се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се сетам како сум се нервирала и како сум се нервирала за некој тогаш важен или воопшто сум се трудела да бидам добра другарка, сега ми доаѓа да си мавнам еден бокс. Не вреди бе на никој од минатото посебно ако те повредил или те навредил ни една секунда од денот да мислиш.
    Мадам многу ми се допадна темата и понекогаш самиот мозок ме навраќа на некои моменти од минатото во зависност од тоа како се чувствувам. Ете по ова напишаното веднаш ми текна на една непријатна случка. Не вреди да се трудиш да стапуваш во контакт со некој од минатото. Тоа било за тогаш и за тогаш треба да си остане. Гледам многу луѓе се лутат и воопшто не се трудат да стапат во контакт, иако се знаете долги години, ако не правиш онака како што ним им одговара. Јас веќе не се трудам за пропаднати познанства и пропаднати пријателства.
    На крај може да заклучиме дека тие лажни пријатели и бивши најдобро е да си останат во минатото, таму да се изгубат и никој веќе да не ги пронајде.
     
    На Adi888 и SnowWhite8 им се допаѓа ова.
  18. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Јас не се замарам кој сум изгубила од пријатели кога сум го изгубила најмилото нешто (татко ми) и не се замарам кој ќе изгубам не сум изгибила јас туку они мене ме изгубиле.
     
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.652
    Допаѓања:
    49.159
    Пол:
    Женски
    Размислувам често, особено за личности кои ми биле блиски.
    Ама очигледно не сме одговарале за друштво, штом немаме контакт. Се поминува преку се, од далечина до различни карактери, ама некои луѓе едноставно не се компатибилни.
     
  20. AutumnRain

    AutumnRain Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Тука би ги вклучила семејствата кај кои што престојував кога патував на турнеи. Со некои подолго време, со некои многу малку, така кај едно семејство со брат и сестра што беа само еден ден бевме, ама многу добри беа и баш се здруживме. Повремено незнам наеднаш ќе се присетам и се запрашувам како се, дали се добри, колку пораснале, дали се промениле.