Оргиналниот наслов е Il tribunale delle anime и кога ќе ја прочитате ќе сафтите дека самиот наслов е многу помрачен и крие многу повеќе работи од колку што на почетокот сте мислеле. Книгава ја прочитав во два дена без да трепнам и на моменти морам да признаам дека престанував да дишам додека читав што ќе се случи понатаму. Имаше делови каде што се криев букавално се повелкував и да можев да читам со затворени очи, ќе читав дефинитивно. Книгава буквално ме фати и ме тресна од земја и му симнувам капа на човеков и се чудам каков мозок е секоја чест. Крајот? Шок. Еве има неколку дена од кога ја завршив книгава и не можам да си поверувам каков завршеток..... "Постои место каде што светот на светлината се среќава со светот на темнината. Таму се се случува: во земјата на сенките, каде што се е непостојано, конфузно, несигурно. Ние сме чувари поставени да ја браниме таа граница. Но одвреме -навреме, нешто успева да помине. Мојата задача е тоа да го вратам назад." Пред шест години биле киднапирани 4 девојки сите преку ден, ниедна ноќе, сите брутално убиени на ист начин. Се работи за некој што никогаш не му било доста, некој што не чувствувал никакво сожалување во ниеден момент, некој што не чувствувал никаква вина за тоа што го направил. Па го направил повторно? Дали наредната исчезната девојка, студентка по архитектура ќе се приклучи на истиот ланец жртви и ќе заврши како нив? Ако е жива, не и останува уште многу време. Само еден детаљ, случајот со исчезнатата девојка го чини поинаков од другите. Киднапирана е ноќе. Маркус и Сандра, двајца млади го истражуваат случајот со исчезнатата девојка. Едниот трагач по мрак, со лузна на слепоочницата и амнезија од пред неколку месеци, никаква врска со минатото, сенка и во најсветлите денови, соба само со еден кревет и фломастер под преницата, ѕидот како дневник, и секоја вечер го преживува истиот кошмар. Скрешено стакло. Три истрели. Левучар. Другиот форензички фотограф - единствената жена во машки свет. Низ објективот на апаратот, пронаоѓа траги и виновници, но и детали во кои се крие смртта. Домовите никогаш не лажат, домовите умираат заедно со сопствениците и домовите имаат мирис се трите лекции кои ги научила на местата на злосторствата. Кога ќе им се вкрстат патиштата, ќе откријат ужасен свет пеполн со тајни, скирени помеѓу мрачните сокаци на Рим. Свет кој е осмислен и до најситниот детаљ...совршено злобен!
Ја почнав скоро пред еден месец и не успеав да ја дочитам, но со досега прочитаното можам само да посочам позитивни критики за книгава која е одлична за љубителите на овој жанр..
Одлична книга според мене. Ја прочитав пред некој месец и крајот ме остави без зборови. Каризи ми е еден од омилените автори на вакви трилери. И Владетел од сенка ја препорачувам од истиов автор
Одлична книга, ја добив за подарок и уште истиот ден ја прочитав во еден здив! Баш би сакала и на италијански да ја прочитам.
Zdravo,dali nekoj ja ima lovec na dusi ili prodolzenieto na vladetel od senka od Donato Carisi? Blagodaram odnapred