1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Логички задачи

Дискусија во 'Образование' започната од meredith, 29 септември 2010.

  1. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Епа вака...на училиште ни дадоја логичка задача...Таа е следнава...Ти се наоѓаш во една џунгла и покрај тебе има двајца луѓе .Едниот од нив секогаш лаже а едниот од нив секогаш за зборува вистината.Имаш две патеки едната води кон хормално село , а другата кон село со човекојадци.Ти имаш право на едниот од нив да му поставиш едно прашање со цел да ја откриеш патеката која води кон нормалното село.
    Ве молам кој знае нека помогне ... :D
     
  2. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    Логичка задача ....Хитно ми е потребна!!!

    епа вака... кажи му на професорот дека во џунгла нема луѓе :lol: (мое мислење) .. добро сега, тарзан може да е во таа џунгла, случајно да не отишол :D (шала на страна) ;)
     
  3. Umma

    Umma Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    Логичка задача ....Хитно ми е потребна!!!

    Најверојатно ова го учиш по програмирање, и ќе ми биде задоволство да ти помогнам. Најверојатно е и за да ја развиете логиката со користење на If.
    Вака: Значи едниот секогаш лаже. другиот ја кажува вистината. Ти мораш да смислиш прашање со кое ќе ги прашаш двајцата истовремено, користејќи го претпоставките со Ако (If). Прашањето треба да биде егзактно и би звучело вака: Што мислите, дали патот(на пример) од левата страна води до селото?
    Ако едниот што лаже рече ДА, а другиот што не лаже рече НЕ, од тоа заклучуваме дека треба да се избере другиот пат, односно десниот. Ова е лесна вежба за размислување, иако сигурно си имаш помислено којзнае какво решение има оваа задача :)
    Поздрав мила, се надевам ти помогнав, слободно пиши ми ако сакаш повеќе да ти објаснам за ова.
     
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Логичка задача ....Хитно ми е потребна!!!

    Умма не ти е добра логиката ;)
    Значи треба да поставиш прашање на само едниот од нив. Прашањето е -Ако го прашам другиот што ќе ми одговори?? На ова и двајцата ќе те упатат на погрешната насока, значи ти го избираш спротивниот пат.
    Ако уште не е јасно, кажи ќе пробам подетално да ти објаснам :)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jasmin

    jasmin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    35
    Логичка задача ....Хитно ми е потребна!!!

    meredith, за задачата важно е да се каже дека при поставувањето на прашањето, не знаеш кој човек е лажгото, а кој ја кажува вистината. ;)

    Значи, целта е да се постави прашање на коешто и едниот и другиот секогаш би дале ист (точен) одговор. Решението лежи во двојната негација, т.е. треба да се постават две прашања во едно, при што лажгото ќе се негира два пати, односно ќе си ја негира лагата и на таков начин всушност ќе ја каже вистината.

    Такво прашање е:
    Што би ми одговорил кога би те прашал дали левата патека води кон нормалното село?

    Објаснување:
    Човекот што ја кажува вистината секогаш ќе одговори точно, нема што да се дискутира. Поинтересен е случајот со лажгото.

    За полесно да сфатиме што ќе каже лажгото, можеме прашањето да го напишеме во следнава форма:
    Што би ми одговорил кога би те прашал „Дали левата патека води кон нормалното село?“?

    Да претпоставиме дека избраната патека води кон нормалното село. Кога би го прашала лажгото само „Дали левата патека води кон нормалното село?“, тој би излажал и би одговорил НЕ. Значи, вистината е дека би одговорил НЕ. Но, тој ќе сака да излаже, па на целото прашање (Што би ми одговорил кога би те прашал „Дали левата патека води кон нормалното село?“?) ќе одговори ДА. Значи, двојната лага се претвора во вистина.

    Идентично е објаснувањето и во другиот случај (ако избраната патека не води кон нормалното село). И во тој случај, лажгото повторно ќе ја каже вистината.

    Одговорот на Lolipop23 исто така е точен. :clap:
     
    На Lella и programerka-2nd им се допаѓа ова.
  6. Umma

    Umma Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    Логичка задача ....Хитно ми е потребна!!!

    Се извинувам, јас не прочитав дека треба само на едниот да му се постави прашање, ние имавме слична ваква под услов да поставиш само едно прашање и овој беше одговорот, како што објаснив за вежбање на If изразот, па се префрлив на неа одма кога прочитав џунгла :) . Фала што ме поправи, се надевам девојчето ке ја напише точно.
    Позз
     
  7. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    девојки , фала вии мноогу ...ептен ми помогнавте поздрав!!!
     
  8. hihihi

    hihihi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    може да пишеш што бидна кое беше точно?
     
  9. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Точно беше од јасмин и лолипоп 23 во суштината двете мислења се исти
    благодарам девојки!
     
  10. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Епа вака девојки...имам уште една логичка задача за вас..Јас ја решив оваа , сакам да ги видам и вашите мислења.Задачата е: Моливите А , Б и Ц имаат различна боја.Еден е бел , друг е црвен а трет е син. Одреди ја бојата на секој молив ако се знае дека само едно од следниве три тврдења е точно:
    1. А е црвен молив
    2.Б не е црвен молив
    3.Ц не е син молив
    Па со среќа!!!
     
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Па многу е лесно ова... А е црвен молив,ако Ц не е син и црвен тогаш е бел,а останува сината боја која ја има Б моливот :D
     
  12. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Така е :)
     
  13. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Не е толку лесно колку што изгледа.Барем според мојата логика :D . Не сте обрнале вниманите на тоа дека АКО СЕ ЗНАЕ ДЕКА САМО ЕДНО ОД СЛЕДНИВЕ ТРИ ТВРДЕЊА Е ТОЧНО што значи дека две од тие тврдења не се точни. Доколку А е црвен молив тогаш првото тврдење ќе биде точно што значи дека следните две не треба да бидат точни. Второто тврдење гласи ,,Б не е црвен молив,,.. Во твојот случај ти го наведе Б како бел молив што значи дека и второто тврдење би било точно НО НЕ Е ..
    Мислам дека е вака...
    Тврдењето “Ц не е син молив’’ е точно бидејќи Ц е БЕЛ молив.
    Првото и второто тврдење се неточни бидејќи Б е ЦРВЕН молив а А не е црвен молив А е син.
     
  14. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Да, така е .. Wild Child има право за задачата.Не сте обрнале доволно внимание! :)
     
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Уште не сфаќам што бара темава во Кафе-муабети. Мој предлог е мислењата да се префрлат во истата тема што е во Форумски игри. :wasntme:
     
    На blagica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Ајде да решеме една задача заедно :D И тој што ми ја кажа задачава не го знае одговорот :D ...
    Одат тројца другари во еден ресторан и прават сметка од 30 евра, газдата на ресторанот на келнерот му вика да му наплати на муштериите 25 евра.. Келнерот не знаел како да ти подели тие 5 евра и му дал само 3 евра, а две евра си зел за него :D... И сега?

    тројцата*9евра=27евра+2евра(во келнерот)=29 каде е уште едното евро? :D :D
     
  17. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Ако идеш во форумски игри, логички задачи темата, задачава е веке решена
     
  18. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Не знаев......
     
  19. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935



    Знам дека каснам, не е битно мислењето мое сега, ама ако. Сум ја слушнала задачава и колку што знам точниот одговор беше "Кое е твоето село?". Ако го каже спротивното село значи е тој што лаже, а ако го каже своето село значи е тој што ја кажува вистината што значи дека таму треба да одиш. ;)
     
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Леле ова!
    На св. Јован бев на слава и сите викнати мака мачевме да ја решиме. И старо и младо. :D

    Тие не дале по 9 евра, туку по 10. Значи имаме 30. 25 евра било наплатено, остануваат уште 5 од кои 2 за келнерот, а останатите три се поделени помеѓу тројцата.

    Односно: 10х3=30 30-25=5 5-2=3
    или 9х3=27
    До 30 има уште три значи тие се за делбата меѓу другарите. 27 минус 25 кои се кај шефот, се двете евра кај келнерот.