Кои се вашите поранешни лозинки? Какви лозинки преферирате? Работи што ви значат, откачени лозинки, бројот од телефонот? На пример јас секогаш ги имам најоткачените лозинки. Еднаш на фб ми беше четказаушоља(гомниљаво) Оди па погоди ја Повеќе не планирам да ја користам таа бидејќи на сите другарки им кажам дека ми била Можете да ставете и предлози за лозинки. Колку се силни вашите лозинки? Ви ја имаат ли некогаш пробиено лозинката?
********************* Моменталата лозинка оди погои ја Иначе постари ми се: прозор123321 прасетомирче шозборашбе и други не ми текнуваат сеа Инаку преферирам долги со запирки точки броеви хакери да неможат да ми ја дознаат
Јас кога бев мала цело време ставав лозинки во стилот принцезичка, меченце, срничка... Од претходнта година немам сменето лозинка, така да не ми текнуваат претходните
кога бев помала клавав 007 убавезно во лозинка сите ми беа така џејмс бонд сега имаме една од нашколо што ни ја дадоа за мејли и такви работи со 10тина бројки и не смееме да ја заборавиме и таа за повеќе работи ја користам истата .. на твитер ми стои уште со 007 на крајот имам клавано со име на селото, мое име и некој број , омилени бендови ама на никој не се сеќавам сега , имам направено 3 фб профили што не се чепнати оти сум ја заборавила лозинката имам еден лажен профил со лозинка fakeaccount ја имам пробиено лозинката на една жена кај нас што дојде и се пушти на фб ама наместо да ја напише лозинката кај квадратот за лозинка таа ја напиша со букви и јас ја видов .. мене ми го имаат хаирано фејзбукот 3-4 пати пред неколку години кога имав фб ... и имаат пишувано срамотни статуси а јас во тоа време имав 3-4 учители на фб
Јас на старите лозинки воопшто не се сеќавам. Но, секогаш ми беа на англиски или моето име со бројчиња. Значи прелесно за некој што ме познава. А , да, во 2009 ми беше kolace. Само братучед ми ја дозна и секако, на брат му пишувал сваштарии за кои дознав дури вчера. Претходната на фемина, а и на фејсбук ми беше everything. Бравос за мене бе. Колку се мачев коа праев грешки. Едно време, насекаде ми беше, *******123 (* чките= моето име) Добро, уште ми е таа на е-маил, али нема везе. Ееех, да, еднаш коа бев во микс состојба, си ја сменив во smile. Некаде и уште ми е таа, али не ја мењам. Барем се сеќавам која кај ми е.
На фејсбук уште кога татко ми ми направи беше моето име и датумот на раѓање, после јас сменував, пишував глупости за кои се не сеќавам Последна на фејсбук ми беше justinandmattbabies затоа што ги сакам Justin Bieber и Matthew Espinosa и после додадов babies
***************** Toлку ми е долг пасвордот на скајп и на уште една страна, нешто е што на никој не би му текнало. А на фб на лажните профили ми е hakerii123457 Знам порано ми беа цело име и презиме и плус 123/abc./.
Првата лозинка на фејсбукот ми беше мојот хороскопски знак. Потоа името и презимето, ама бдејќи беше прелесна морав да ја сменам. Потоа следува секогашната лозинка само што овојпат и ги додадов броеви 1,2 и 3 бидејќи мајка ми ја знаеше.На скајп ми е истата, а исто и на Фемина.Ова ми е втора лозинка на Фемина, а првата ми беше моето корисничко име, ама дознав дека еден (мислам дека е трол) ми навлегол во профилот и открил како се викам па дури и го кажал моето име на другарка ми нагалено. И од тогаш веќе не ставам лозинки со мое име и презиме или пак со корисничкото име. На мејлот лозинката ми е барби. Па добро мала бев тогаш, па поради тоа и таква лозинка. Ме мрзи да ја сменам, се немам уклучено таму едно сто години. А пак на мобилниот лозинката ми е многу тешка. Истата лозинка ми е и на е-дневникот, па пишувајќи ја секојдевно ја научив на памет. Е така се заштитувам од оние кои ми брчкаат по телефонот. А ако ја ставам истата и на фејсбук има да бидам најбезбедна.
Сега на фб не ми е баш толку силна лозинката, но имам направено ако ми ја дознае некој лозинката и да сака да ми влезе во фб мене ми стига порака на телефон дека некој се обидел да ми влезе во фб. А иначе, мене еднаш лозинката ми беше стекчесокомпирче.
Се сеќавам,првата лозинка на фб(уште кога го направив профилот) ми беше stepenica,вака брат ми ја пишал,бидејќи тој ми го направи профилот. Од тогаш па навака,менувам лозинки редовно,комбинирам букви и бројки за потешко да се открие.
Имам некој страв дека некој ќе ми ја пробие лозинката, па затоа постојано комбинирам и букви и броеви.
Лозинката на мојот прв фејсбук беше barbika1, а по неколку недели профилот ми беше хакнат од страна на брат ми И потоа 2ипол месеци немав фејсбук, бев само на didi games, и кога почнав 1-одд дури тогаш ми направи чичко ми фејсбук. Лозинката беше winxclub, потоа брат ми повторно ми ја дозна, па ја променив во princezicka Никој не ми ја дозна, но потоа профилот ми го хакнаа(не беше брат ми xD). И од тогаш имам направено 2/3 нови профила бидејќи постојано ми ги хакнуваа. Ставав многу лесни лозинки, како на пример ********1(*-моето име), моето име и презиме, мојот прекар со додаток на некое бројче... И сега, моментално што ми е лозинката е исто така лесна, но не баш, ама не си ја мењавам, бидејќи ми е зачувана на opera и ако ја сменам секогаш кога ќе се исклучам од фејсбук и кога ќе сакам да се уклучам ќе ми вика потврди ја твојата лозинка, што тоа многу ме нервира, па така да во последно време избегавам да сменувам лозинки
ахахахха многу глупави лозинки сум ставала порано моето име и презиме, потоа името и презимето на симпатијата, па датумот на раѓање, има од некој филм или серија. Ама затоа сега оди па погодија ја
Првин кога си направив фб профил лозинката ми беше CrazyAndzi. И така со години си дремеше, се додека не си купив ајфон. Е тогаш си ја сменив лозинката во ilovemyiphone , но пред еден месец ми го хакнаа, па ја сменив.
Сум имала ретардирани лозинки но сега понормални ми се. На пример старата на Фемина ми беше upmsve На Фејсбук ми беше shitshitandmoreshit во комбинација со бројки и знаци. И други имало такви но не се сеќавам точно.
мојата последна лозинка на фејсбук ми беше лебедгускашатка123 а инаку преферирам комбинација од бројки и букви со знаци.
Јас иста лозинка имам од како знам дека користам интернет. Значи МСН, меил, фејсбук, скајп, фемина, алиекспрес... таа е. 12 букви +?
Еднаш ми го хакираа фб - то и ај го вратив некако и сега дилема како да биде новиот пасворд ама на никој да не му текне, а во тој момент јадев нешто слично на леблебија беше а на опаковката пишуваше "препечена соја" и ете го и новиот пасворд... Секогаш ми биле пасвордите составени од некоја комбинација на името и презимето со исклучок на сојава. хахаха
Не се сеќавам на старите лозинки на Фејсбук. Сегашната ми се состои од имиња на два града и од 5 броеви. На Фемина и на Yahoo имам други лозинки.