Ми текна да дополнам: Brutalisk на Илинденска кај Влада Не сум била, но од сликите можам да видам штекери одма до масите и поволно за работење
Видов деновиве така седат и во M House, Su Roastery и другите места што се на Gourmet street, Diamond mall
Луѓе, не ќе е срам така секој ден, по 8 саати да им седиш? Ма да, секако ќе си порачаш нешто за пиење и јадење... Малку за тоа се мсилам
Па може и да прашаш, ако немаат гужва нема зошто да им пречиш, а ќе правиш промет секако. Ако па не се враќаш пак на исто место, тогаш што ти е гајле што ќе мислат . Јас не сум седела 8 саати, не сум имала потреба. Во тие денови кога сум дома, за да не ми сметаат, излегувам од сабајле во најблискиот кафич во најтивкото ќоше и после 3-4 саати станувам за пауза и продолжувам дома. Некогаш сум само на кафе некогаш и со доручек. Ама пак, не сум им секој ден таму, не знам во тој случај како би ме третирале . Иначе има и coworking простории, ама се поскапи. Во адева хуб спроти соборна за 1 ден беше 1000ка (со вклучено кафе и принтер ако ти треба), мислам има и месечен пакет. Ако за секој ден ти треба по 8 саати види дали имаат поволни понуди за подолг период.
Не мораш да одиш во истиот кафич и не мора секој ден. Или пример јас ако сум работела од надвор ќе се ставам во фокус и 3-4 саати ќе поработам ќе си одам од дома ќе си доработам. Можеш да си комбинираш.
Има, и многу муабет се прави, конкретно во Public Room пример. Ако работиш на calls, нема да имаш тишина.
За ова пример во адава мислам имаат phone boots, се затвараш внатре додека си на call. Ама да не се оставиш цел ден нели .
Знам дека темава е за барови, пред се бесплатни, но не најдов тема за еден поинаков тип на места - coworking spaces. Може и да се отвори нова тема ако сметате дека има потреба.. Вакви локали се се поактуелни во светот зошто се повеќе луѓе работат од далечина. Кај нас знам за еден ваков локал, еве линк од нивниот веб-сајт: https://www.coworkonnectivity.com/ Се наоѓа на ул. Македонија во Скопје. Не ми е целта да ги ракламирам, само е едно интересно решение за кое дознав неодамна од луѓе што си работат од далечина и повремено го користат. Ми се допадна, па сакав да споделам. Во суштина си изнајмуваш одреден тип на простор за одредено време, може и за еден ден, може и за подолго. За оние кои заработуваат солидно поисплатливо им е отколку изнајмување деловен простор на подолг период, а добиваат услови кои дома можеби не ги имаат. Си бираш што ти треба - простор кој го споделуваш со други или посебна канцеларија, сала за состаноци и сл. Поработно е од кафич, нема луѓе кој доаѓаат само за пиење, ако работиш со повици имаш можност за приватност. Резервираат и плаќаат електронски, така да лесно е и брзо и немаш директен контакт со сопствениците.
Ми ја зеде мислата. Гуглав одамна, да видам. Може да си отвориме една тема. Баш ќе видиме и искуства. Баш ако си фриленсер е убаво. Ама пред се зависи од цената. Или поќе да се собереш и да поделиш сума. Дали знаеш како идат цените и дали опција е 8 саати или 4?
Јас како не-можам-да-не-пушам човек, Нетавил не ми е опција, пошто ни Ајкос не прифаќаат. Не работам од дома, ама учам, и иако сум сама дома подобро се фокусирам надвор. Генерално било кој помирен кафич ми одговара, идеално ако можам нешто ситно да нарачам за јадење (кроасан, клуб сендвич...) Седам обично 2-3 саати, со кратки паузи, не ме држи концентрација подолго Луѓе не ми сметаат, гласна музика да. Некогаш учам ноќе па и по бензински што се со кафичи дремам
Вие што треба да се уклучите на повик или состанок еднаш до два пати во денот каде го реализирате тоа, а да не е нон стоп од дома? Јас не сум била во ко-воркинг од овие причини, верувам дека се почитува тишина, има и други луѓе што работат, јас дури и на слушалки да сум ќе им сметам кога зборувам. Од друга страна, во кафич не сметам никому ако зборам, ама ако има галама од други гости околу, тогаш мене ќе ми смета и ќе се слуша во повикот. Опција би било некое кафуле но со поинтимна атмосфера, да нема многу луѓе и да има растојание меѓу масите.
Фала ти на предлог, и мене ме интересираат конкретно coworking места. Јас работам на далечина, што до некаде ми одговара бидејќи знам да патувам често и можам да сум било каде. Често работам од дома што е супер, но во последно време ми фали социјализација па гледам како можам да ја максимизирам Сум била во ваква канцеларија но не во Скопје, и беше супер, се запознав со нови луѓе, стекнав пријатели, дури и поубаво мислам дека е отколку да сте сите од иста фирма колеги, туку сите работат во различни фирми или се фриленсери. Ќе поминам да го видам местово, исто сум слушнала и за Highspace во Џевахир и Тhe Hub by Adeva. Не сум била никаде се уште но сакам сите да ги видам ) Ако некој има некое искуство со нив нека пише, или ако знае други. Од кои причини не си била во cowork? Јас имам искуство само со едно место (не во Скопје), и генерално е тишина во главната канцеларија, но има и посебни канцеларии за луѓе кои се на повик. Ако тие се полни, некогаш и во главната канцеларија се збори, не е страшно, сите сме навикнати на повици и сите ги правиме, не верувам дека на некој нешто многу ќе му сметаш. А и сите ќе знаат дека или е краток повик или другите соби за разговор се полни. Плус повеќето имааат слушалки така да нема гајле. Плус ако си друштвена, можеш скоро сите да ги запознаеш и спријателиш. Моето искуство беше ептен позитивно па затоа сега сакам пак да одам и во Скопје Сум работела од Public Room, фино е, али знае да е гласно многу, не е баш за на повик, плус мислам дека е потешко за запознавање на луѓе бидејќи сите си седат на своја маса и некако штознам, потешко се мешаат луѓе, али можеби сум грешка. Не сум работела многу пати од таму.
Дечки ај ве молам, ЛП.Ако има некој што работи по 8 саати, нова сум во фирамва, работам римоут и нз дали ќе ме пуштат пример да работам 3 саати во коворкинг плејс, а др саати од дома. Позицијата е Customer Care само со мејлови. Каде најчесто идете по кои места?
Не гледам причина зашто не би те пуштиле или знаеле каде работиш додека си ја работиш работата какошто треба. Седни си во некое кафиче и работи си, Броз го препорачувам горе обично никој не го знае тој дел и ептен е тивко и практично. Исто joy coffee bakery, во кантина имам исто работено супер ми било иако може малце галама да ти е пр. ако работиш навечер. Ново откритие ми е Jeronimo во аеродром ако не ти е далеку.