Кон средината на октомври годинава треба да се одржат локални избори за да се изберат градоначалници и советници на 80 општини и Град Скопје. Сите кандидати сè уште не се откриени, но синоќа ги добивме првите 25 имиња од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои не се најде име за Скопје поради тоа што анкетите сè уште биле во тек. За најсериозни имиња за кандидат за таа позиција веќе неколку месеци се споменуваат министерот за локална самоуправа Златко Перински како и актуелните градоначалници на Кисела Вода и Гази Баба, Орце Ѓорѓиевски и Бобан Стефковски. Во листата од 25 имиња се најдоа: 1. Аеродром – Дејан Митески 2. Бутел – Дарко Костовски 3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски 4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски 5. Штип – Иван Јорданов 6. Велес – Марко Колев 7. Свети Николе – Дејан Владев 8. Карбинци – Виктор Паунов 9. Градско – Киро Нацков 10. Кавадарци – Митко Јанчев 11. Гевгелија – Андон Сарамандов 12. Зелениково – Коста Маневски 13. Илинден – Александар Ѓоргиевски 14. Конче – Златко Ристов 15. Делчево – Иван Гоцевски 16. Ново Село – Ѓорге Божинов 17. Василево – Славе Андонов 18. Босилово – Ристо Манчев 19. Берово – Петар Ружински 20. Петровец – Борче Митевски 21. Битола – Тони Коњановски 22. Охрид – Кирил Пецаков 23. Вевчани – Спасе Кочовски 24. Брвеница – Јовица Илиевски 25. Јегуновце – Димитар Костадиновски Од СДСМ уште официјално не се објавени имиња но на прашања на медиумите актуелниот градоначалник на центар Горан Герасимовски одговорил дека се припрема за уште еден мандат, со одличен план и програма. Од албанскиот блок исто така нема официјални кандидати но како можни се споменуваат Фатмир Дехари од ДУИ и Фатмир Лимани од Влен за Кичево, Висар Ганиу од ДУИ за Чаир и Билал Касами од Влен за Тетово. Со оглед на потопот кој му се деси на СДСМ на парламентарните избори на кои партијата не победи во ниту една партија и претседателските на кои во првиот круг Пендаровски победи во само две општини, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се сметаат за апсолутни фаворити на изборите. Најтесни битки се очекува да има во сите општини од албанскиот блок, во хардкор СДСМ општините како Центар, Карпош, Делчево, Берово, Струмица, Дојран, Крушево и Маврово како и меѓуетнички битки во Кичево и Струга каде веќе неколку изборни циклуси Македонците се обидуваат да ги вратат општините под македонско раководство. На изборите 2021 граѓаните на Кичево беа блиску до враќање на општината под македонско раководство откако Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг со неколку стотици гласови разлика, но авионите полни со албанска дијаспора кои Дехари ги донесе во Кичево го сменија исходот во вториот круг и Дехари освои трет мандат. За кандидат на која политичка партија ќе гласате на изборите на есен и какви се вашите мислења за до сега објавените кандидати?
Зошто во Кичево не изгласате градоначалник Македонец? Поматуваат сметки Турци, Роми и други или ? Според демографија од пописот, би имало шанса градот пак да има градоначалник Македонец, е сега, зависи на терен колку луѓе има и какви.
Јас, бидејќи сум од Аеродром, ќе излезам и ќе гласам против копуков од ВМРО што сега ни е божем градоначалник. Погнасна и позапуштена општина никогаш не сме биле претходно
Нема да излезам на гласање. Последен пат гласав во 2017-та. За Претседателски излегов поради цензусот, ги заокружив и двајцата (за малку ќе гласав за Гога, денес се радувам што не ја заокружив само неа), но веќе ни тоа не планирам да го правам. Мојата надеж за промени умре со Шарената револуција и тогашните протести, ирелевантно ми е веќе што ќе се дешава со оваа вукојебина.
За Скопје Боби или Орце? Lol. Не знам дали е за смеа или за плачење. Може Коневски или Коце само да се дораснати во Вмро. Сдс е во слободен пад и нема шанси на овие избори кој било и да го кандидираат за Скопје и покрај фијаското на Вмро со Данела. Може и независен зошто да не така и најдобро, пример Мукаетов. Иначе за очекување е двете партии да си ги зачуваат сите актуелни општини што ги држат. Карпош ќе се врати кај Сдс, тоа е единствената промена што ја очекувам. Од албански блок нит знам нит ме интересира, ама ако Влен сака да ги добие општините на Дуи, Вмро за возврат треба да ги бара Кичево и Струга (или Гостивар). На Вмро Влен не му треба во ниту една општина а Влен без Вмро никаде нема да победи. Ај да видиме како ќе преовладаат интетесите. Иначе на последните избори кога веќе се збори за Кичево, кандидатот на Вмро победи во 1 круг ама на жалост пак преовлада нашиот ген и во втор Сдс гласаа за овој бантитов. Јас вообичаено не гласам на локални, ептен ако има некој квалитетен за Скопје можеби ама за општина или советници нит по разно. Се е тоа багра, кога ќе видам на тие листи за советници кои се ме фаќа блам. Па и реално од цела постава во Скопје може само на Центар и Ѓорче градоначалниците се фини, културни, работат, не се впуштаат во бескрајни пр припаганди, не се препукаваат, немаат ботови и кога организираат манифестации единствени имаат градска и модерна програма исклучиво со наши изведувачи, поп, рок и урбано. Остатокот од Скопје е на ниво на Амадеус, Бресквици и сл.шунд.
Турците и Македонците се најголемите кривци што не изгласуваме македонец градоначалник. Турците гласаат од корист, кој повеќе ќе даде, нормално Дехари дава повеќе. А 2017 во чисто македонско село со преку 50/100 гласачи Дехари им вети асфалтиран пат и чисти гласови за вмро заминаа за Дехари. 2021 сите мислевме дека падна Дехари кога одеднаш два три дена пред изборите гледаш само автобуси шибаа од Охрид, ги влечеше Дехари печалбарите со авиони до Охрид. Кога можат нивните печалбари зошто нашите не идат, колку знам заминати Германија со визи и македонски пасош, зошто и тие не се вратат да гласаат. Или само за на фејсбук сме патриоти да објавиме "Заветна", македонски знамиња и емоџино "цела да е".
Како ти е поставена темава типично македонски (без навреда поентата сфати ја), за кандидат на која политичка партија ќе гласате на локални избори…. Гласате за партијата или за човекот кој сметате дека ќе придонесе за раст и развој на вашето место на живеење? Одговорот е јасен уште во тоа како е поставена темава и се додека е така ништо не бидува од нас. П.с за левица ќе гласам
Ќе гласам за жена градоначалник, некако се потиснати од машките од партиите а не дека нема способни. Инаку на хартија сите партии се декларираат дека се за рамноправна застапеност, пример на листата погоре има 0 жени.
Гласам во Гази Баба ама дека живеам во Берово можам да кажам дека изборот на ВМРО за кандидат за Берово е одличен. Само да не го искварат Пепи ... Овој моменталниов од СДС ги премина сите граници на нормалното работење.. иако имаше добри проекти, мирисот на парите го поремети изгледа .. За гази баба веќе не ни знам кој е..битно знам дека нема ништо направено за Маџари/Триангла..и немам гласано на последните 2 избори
Точно такаа. Иван во Штип во претходните четири години има направено најмногу за разлика од другите така да заслужено ќе го добие мојот глас. Искрено не ни памтам да сум гласала за него претходниот пат.
Тоа што на листата има само мажи-многу кажува. Имаа некои вештачки обиди, демек, ете, имаме многу жени-кандидатки (во времето кога беше градоначалничка Билјана Беличанец), ама тоа беше нешто како изнасилен тренд, оти морале, а не оти сакале. Јас или нема да гласам или ќе го поништам ливчето, ако испаднам на гласање. Зошто? Зашто сум изгорен од речиси сите кои досега биле на власт. Бев трагикомично наивен дека нешто може да се смени. Откако увидов дека не, не може, и дека секој си го гледа својот задник, сметам дека ништо нема да придонесе мојот глас-ништо нема да смени, ама буквално ништо. Пошо, и не знам колку неважечки да има-џабе: пак ќе си победи тој што треба да си победи+кај нас не знам ШТО треба да се деси за да почнеме да се менуваме. Ќе го споменам само Кочани како пример (многу болна тема...).
Вмро од секогаш сум го мразел, ко прво членовите се антипатични, особено во мојава општина, сите пијаница до пијаница, не верувам дека некогаш душава ќе ми даде да ги заокружам на парламентарни или претседателски, ама на локални морам, немам некој голем избор, или љочка или вмро, во секој случај подобро вмро. За советничка листа ќе размислам, како ќе ми дојде во тој момент, така ќе гласам, претходно за ЛДП гласав, еден советник влезе во советот и добро се покажа, доколку е на листата повторно не гледам проблем пак да го заокружам. Ако не ЛДП, алтернатива ми е Левица.
Не ги окривувам Турците, за нив и Македонецот и Албанецот се странци. Македонците се криви. Па и за Дехари гласале, ттутууу.
Леле доаѓа и нашето време на расправии пак. Ич не идам никој да гласам!!! Кој од кој полош. Вукојебина е мал збор, за државичево.