леле локумчее хаха благодарение на темава се присетив дека имам локум дома, се надевам ќе си каснам по вечерата.
Јадам локум можам најмалку по 2-3 коцкички на едно седнување и тоа без мерак ги јадам, не ги сакам нешто нај нај, мн ми се благи некако незнам како да кажам и тулумбите ми се благи ама пак можам да ги изедам 10 на едно седнување ама овие некако многу ми се тешки незнам, но сепак ги јадам, лингур сум за благо што да правам се што е благо безразлика дали е убаво јас морам да го бутнам во стомак!
Се зависи до локумот. Има локуми кои што се многу благи. И јас таквите не ги сакам. Последен пат го пробав локумот на Kingdom (во портокалова кутија). Повкусен локум немам пробано.
. Потпишувам и со двете раце Сопругот скоро беше во Крушево вечерта донесе 3 кутии од овој локум со ореви, следното утро едната кутија ја немаше, а веќе наредниот ден ни другите две Инаку не обожавам многу локум, ама овој Крушевскиот да ми е достапен сигурно 100 кг би се направила
Најубаво нешто на цел свет,многу го обожавам и ако купам локум и да е цела канта за еден ден ќе го снема
Јадам каков и да е само локум нека е Сега ми се пријаде во моментов ,одам да се јавам на мајка ми да ми купи
Ммм да пишманија многу се повкусни од локум кој обично и не го јадам освен со орев мајка ми имаше земено пред некој ден и прв пат ми се допадна
Изгледа единствена сум што не јадам локум пред некој ден донесе Татко ми од Крушево , ме премолија да каснам не кога реков и не , од никогаш не го сакав