Обожавам локуми.Најмногу ги сакам тие со ореви,а вчера пробав и со цели јатки ореви како крукчиња беа(има име и за нив не само локум, ама заборавив).Кога купувам купувам од продавница за такви работи што се продаваат оти во маркетите повеќе пати што сум купила не биле тазе.Ги сакам
Порано не можев да замислам такво нешто , али на работа во брзање колку да ме засити нешто набрзинка ми стана омилен "ручек". Посебно со ореви... Уффффф обожавам
Обожавам Крушевски локум. Значи му нема замена. Кога би живеела во Крушево 24/7 би јадела. Иаку, кога веќе сме кај Крушево, ми текна една случка од пред 2 години. Јас и мајка ми бевме на 1 ден у Крушево преку работа и мајка ми купи 3 кутии локум, 2 за нас и 1 за баба ми и дедо ми. На враќање од Крушево застанавме кај Прилеп на саат време и ја за тоа време сама ја изедов целата кутија. Кога тргнавме накај Ск, почнав да ја јадам и втората кутија. Мајка ми едвај ме запре да не јадам за да им оставам на брат ми и татко ми да пробаат. 2-3 дена покасно јас бев сама дома и ја изедов речиси цела кутија локум што беше за баба ми и за да не ме караат моите ја заменив со празната кутија, ама ме фатија
Obozhavam lokum (so iskluchok na chokolokumot, ne mi e primamliv) Najmnogu gi sakam onie so kokos, so aroma od ruzha (mozhe dva vo edno ), so orevi (samo firmive malku shtedat na orev), limon... Vsushnost, sekakov sakam i jadam osven chokoladiraniot. Takov so kikiritki prv pat na temava chitam deka postoi i toj ne mi zvuchi primamlivo.
@sjdgo Каков е тој локум со кокос, каде може да се купи? Сакам да си земам. Инаку, многу сакам локум иако не го јадам често, само се разочарувам од тој од маркет што ќе го земам зошто најчесто не им е тазе. Чоколокумот ми е ок, ама чудна комбинација ми е тоа чоколадо врз локум, обичниот ми е најубав, без никакви ароми и додатоци, особено БЕЗ ореви, ич не сакам јаткасти плодови.
Се наоѓа во продавници и маркети Обичен локум со резанки кокос на површината од сите страни. Многу е вкусен, обожавам и локум, а уште повеќе кокос Мене ретко ми се случило локумот да се погоди престоен не знам зошто само таков наоѓаш... Гледај според датумот да биде понов.
Денес за прв пат пробав чоколокум и не е ништо посебно. Не е ниту лош, ама нема специфики во вкусот, не би купила повторно.