Лолита (Владимир Набоков)

Дискусија во 'Книги' започната од Neytiri, 21 декември 2011.

  1. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.451
    „Лолита“ на Набоков е едно, според мене, генијално дело. Набоков успева да претстави еден педофил на тој начин што читателот можи да ги разбери неговите постапки, дури и да ги оправда. Лолита според мене е исто толку пореметена како и Х.Х. Стилот на Набоков ме остави без зборови. „Лолита“ стана поим, историја...што е нешто навистина ретко. За многу малку ликови можиме да кажиме дека станале историски и од нив произлегол некој поим, во случајов синоним за малечки, провокативни девочјиња кои заведуваат со својата невиност и прерано влегуваат во сексуалните води и тоа доброволно и потполно свесно.
    Според мене оваа книга или ја сакате или ја мразите и сте згрозени од неа. Средина нема.
    Еве едно видео со мал дел од почетокот на книгата.
    Првиот пасус многу ми се допаѓа. И гласот е :inlove:

    http://www.youtube.com/watch?v=ASrAEVk73mo

    И уште едно видео од филмот. Има две верзии мислам, оваа е од 1999 година.

    http://www.youtube.com/watch?v=un3Umapy ... re=related
     
    На AnnabelLee, elimkd и Micheleljubov им се допаѓа ова.
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.496
    Како беше она... Лолита - оган во моите препони.. Не се сеќавам добро - летото почнав да ја читам и се откажав. Не ја засакав, не ме бендиса самата тема.
    Познавам вљубеници во книгава, но јас нема да се правам луда и да ја прифатам бидејќи на други им била убава.
    Секој со свој вкус, нели? ;)
     
    На Cinderfakinrella, Beatriche19 и Neytiri им се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.324
    Не сум ја читала книгата, само зашто го гледав филмот и ме лазеа морници, ми се :puke: додека гледав. Знам дека и со книгата ќе се случи истото, едноставно темата ми е ненормална и одбивна.
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.267
    Јас ја почнав за време на испитна сесија, бавно ја читав и потоа ми ја зедоа :devil: и така ми остана, недочитана :tmi:
    Ама во секој случај морничава книга, и додека читав во никој случај не го оправдував или разбирав постапките на педофилот, како што пишала Нејтири, ама сепак не можам да кажам дали ќе сум останела така расположена до крајот на делото.
    Ова е една од ретките книги која сум ја почнала и не сум ја довршила, темава само ме потсети дека треба да ја дочитам :)

    Еј и заборавив да кажам- јас изразот Лолита не го користам за некое девојче кое свесно предизвикува блудни мисли, ами за жени со “егзотичен стил“ :D
    Ќе ја видам така “убаво стилизирана“ и викам види ја оваа Лолита- некако името така ми делува, егзотично :tmi: :D

    Нејтири, бегам од темата, ќе ти ја расипам :lol: :*
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.451
    Сеси да ја дочиташ. Не знам дали мислењето ќе ти се смени, зависи до каде си читала, ако си била на почеток, пред воопшто да се случи нешто меѓу нив, тогаш можно е да смениш мислење понатаму, а инаку не верувам дека би сменила. Имаше моменти кога тој ги пишуваше своите дневници, а меѓу нив ништо се немаше случено, ми се гадеше, ми се :puke:, се сеќавам дека во еден момент ја затворив книгата и реков не читам повеќе, но пак и се вратив и храбро си издржав. Кога стигнав до делот каде што Лолита буквално му се понуди него, самата, доброволно, да не речам го нападна со бакнежи, безобразно и безсрамно, моето неодобрување се префрли од него, на неа. Па почнав да ја обвинувам Ло. И моето мислење се смени тогаш.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.267
    Епа не, на почетокот бев, не знам, :wasntme: првите 100 страни, кога ја набљудуваше само и ми се гадеше од него, ама баш би сакала да знам како завршила, така што ќе ја дочитам, затоа не сум ги гледала и филмовите.

    Само стави го мислењето во спојлер некако, бидејќи се открива голем дел од содржината ;)
     
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.563
    Ако ја тргнеме настрана контроверзноста на приказната, која факт е дека скоро никој не би ја оправдал, она што не смее да се занемари е дека Набоков е врвен мајстор на перото, неговиот стил и продорно анализирање на човечката природа и мисли дури и кога се вака неприфатливи, според мене се - воодушевувачки. Значи надвор од содржината, посебноста на стилот и чувството како некој ви се отвара себеси целосно, макар и се згадиле и изненадиле - кај мене буди почит.
     
    На elimkd, Ицолгудбејбе, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. mina-mina

    mina-mina Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    6
    Едноставно совршена нарација...
     
    На elimkd и Neytiri им се допаѓа ова.
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.025
    Од каде може да се купи книгава и колку пари е ?
     
  10. Mashnichka

    Mashnichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    26
    anyone??
     
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.066
    Пол:
    Женски
    Верен фанатик на пишаниот збор на листата прочитани книги дефинитивно треба да го има ова ремек дело на писателското перо.
    Психолошкиот профил во прво лице е во полно светло доловен, искрени емоции кои дури на моменти иницираат еден вид иронична емпатија кај читателот кон ликот на Х.Х.
    Верувам дека во светот нимфетите постојат. Верувам дека постојат луѓе кои ја гледаат таа нивна аура. Верувам дека кутриот Хамберт е емотивен манипулатор. Дека Долорес е напатена душа која заради својата нескротлива природа, а и значајниот дефицит на родителска посветеност единствено знае да игра со туѓите емоции онака како што другите го прават тоа така со неа.
    Генијално искрено, Х.Х. себеси не се осудува и сепак се казнува. Толку искреност на лист никогаш не сум прочитала.

    Играта на зборови го одвлекува вниманието на читателот од морничавата содржина. Настаните се потполно прикажани низ очите на учесниците и единствената темна дамка осудување е грижата на совест која во ниеден момент не ги обзема во целост.
     
    На AnnabelLee, Trnche и tessie им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.347
    Допаѓања:
    18.395
    Пол:
    Женски
    Не само што не го обзема грижа на совест, тој дури и се правдаше цело време за она коешто го прави, обидувајќи се да се оправда со глупави изговори од типот на како Данте првпат ја сретнал и ја засакал Беатриче кога имала 9 години, а цел свет го цени него и неговата поезија, или пак за фактот дека војниците силувале жени во војна, а биле прославувани како херои дома и демек тие како него имале искрена љубов во срцата. Немој, аман, ќе се расплачам од неговата пожртвуваност.

    Не е точно дека до крајот на книгата мораш да го оправдаш, јас не го сожалував од прва до последна страница. Додека пак, Долорес немаше избор. Нејзината сексуална оптеретеност и збунетост во комбинација со егоистична и незаинтересирана мајка не можеше да вроди со многу подобар плод. А, таа комбинација Х.Х фино си ја искористи. И да не заборавиме, нејзината страна од приказната е раскажана од истиот тој човек, којшто низ книгава се покажа како сè друго, освен како достоен за верување.

    Инаку, вистинската приказна којашто служела како инспирација за книгава е многу поразлична, а вистинската Лолита е многу понаивен лик, а нејзиното киднапирање се случило под сосема поинакви околности, како и нејзината смрт.

    Еве ја вистинската Лолита.

    https://en.wikipedia.org/wiki/Florence_Sally_Horner


    ... што ти е судбина, едно нотесче од 5 центи ѝ го упропастило животот.
     
    Последна измена: 24 јуни 2015
    На душленце и HarleyQuinn им се допаѓа ова.
  13. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.412
    Пол:
    Женски
    Ја има некоја читано Лолита на српски јазик? Јас сакав да ја прочитам но во библиотека ја има само на српски па не знам дали да ја земам.
    Да не ми е за џабе читањето, можно е ништо да не разберам.
     
  14. tockaAa.

    tockaAa. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    само што завршив со читање на книгава воодушевена сум браво! ремек дело
    може ли да ми препорачате некоја слична на оваа?
     
  15. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.131
    Пол:
    Женски
    РЕМЕК ДЕЛО.
    Секој друг коментар е излишен !!
     
    На teteks и elimkd им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    31.314
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга, различна од се останато
    Уште по чудно е што дури ја читав книгата и дури го гледав филмот немав никакво чувство на омраза, туку сожалување кон Х.Х
     
    На AnnabelLee и teteks им се допаѓа ова.
  17. teteks

    teteks Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    788
    Ја имам прочитано,мене ми беше интересна,посебно почетокот.Го имам гледано и филмот и искрено книгата ми беше далеку подобра,филмот некако глуп :D.
     
  18. Pembe

    Pembe Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Ја има ли некој книгава во пдф формат на македонски или на српски?
     
  19. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    5.893
    Пол:
    Женски
    Повели
     

    Прикачени фајлови:

  20. AnnabelLee

    AnnabelLee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    357
    Пол:
    Женски
    Настрана од тоа што мислат читателите за Хамберт Хамберт, ја чувствувам како многу реална и длабока приказна. Јас не се ни обидов да бидам "opinionated" додека ја читав, премногу нијанси на сиво за да бидам во состојба да бидам на нечија страна. Ете колку може да те турне во амбис пукнатина во животот, посебно ако е рана. Колку може да те скршне од патот, да те извештачи, да те направи нечовечен, да те полуди. Посебно кај човек со висока интелигенција и бујна фантазија и згора на тоа оган во срцето.
    Драг подарок ми е книгава, но вакви книги или ко на Гете, или на Иго, не можам да ги читам постојано, затоа што премногу ми влијаат и ме апсорбираат душевно и емотивно, но кога ги читам им се посветувам целосно.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.