1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лолита стил

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 28 февруари 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Лолита стилот ни доаѓа од Јапонија, која се темели на Викторијанската облека и костимите од тој период.
    Лолита стилот вклучува пред се здолништа до колена или фустани, капи, чорапи кои често и се високи, високи чевли на платформа но и винтејџ чевли.
    Лолита стилот се појавува во 70сетите години, во Јапонија се наоѓаат брендови и продавници само за овој стил, иако тој е раширен и низ целиот свет но во помали дози.

    Постојат 4 подвидови на лолита стилот и тоа:
    1. Готска Лолита и овој стил е во потемни бои и често придружен со црвен кармин и црни очи, но тука не се вклучува белата пудра како кај класичниот готик.
    [​IMG]
    [​IMG]

    2. Слатка Лолита е стил кој користи пастелни и светли бои, детски мотиви на својот дизајн, најчесто розевата боја е вклучена, вклучени се и чипка, овошје, животински теми, панделки и фантазијата е тука многу распространета.
    [​IMG]
    [​IMG]

    3. Класична Лолита е позрел стил кој се базира на барокот често, не е темен како готикот, а ни светол и сладок како слатката лолита, таа содржи мали сложени шари со пригушени бои.
    [​IMG]
    [​IMG]

    4. Панк Лолита ја додава панк модата во лолитскиот стил, па така тука може да се најде искината облека, синџири, принтови, полуди фризури и чевли. Често може во колекциите на Вивиен Вествуд да се видат парчиња од панк лолитата.
    [​IMG]

    Овој стил го носат и познати ѕвезди а најпознати меѓу нив се Гвен Стефани (заедно со нејзините јапонски танчерки) и Кети Пери.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    A и Лејди Гага е лолитка :lol:
    [​IMG]
    [​IMG]


    И знам дека тука кај нас никој не го носи стилов, не ни може, нема облека, за разлика од тоа во Јапонија нема популарен стил.
    Ви се допаѓа? Интересен е?
    Што ќе кажете за Гвен Стефани, за Кети Пети кои го често се Лолитки :)
    Да имате можност и облека би се облекувале вака?
    Kој подстил ви е најинтересен?
    Лолита стилот јас со еден збор би го опишала уникатност!
     
    На lolyta777 и AlicaInWonderland им се допаѓа ова.
  2. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Интересен стил... :)
    На Кети Пери некако најубаво и прилега стилов,бар според мене и искрено да имам можност незнам дали би се облекувала вака :o
    Готска Лолита и Слатка Лолита ми се некако нај :$
     
    На Angiie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Каква уникатност,мене ми е језив и лудачки.Како порцелански кукли се.
    Дури и ме плаши,се чувствувам како мало дете кога ги гледам.Пострашни се од сите хорор ликови заедно и плус,што одразува нешто друго.
     
    На esperanca, nati44, Libera и 13 други им се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    :clap: Роси, супер темичка. Пред неколку месеци на една наша ТВ гледав документарка за Лолита стиловите и ми се виде многу интересна. Имено на емисијата се покажуваа јапонски девојки кои од обично, условно речено нормално облечени, се трансформираа во една од Лолитките..интересно беше да се гледа како се шминкаат, облекуваат и одеднаш се нешто друго, нешто сосема поинакво...
    Да, може да се рече уметност, уникатност ама и ексцентричност, не секој може да се види себе си на овој начин "дотеран". Интересно за гледање, како кукли се, мене ми се многу убави, посебно Готска Лолита :makeup: и Слатка Лолита.
     

    Прикачени фајлови:

  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Абе уникатноста нема врска со језивоста и тоа што ти се како хорор ликови. Различни поими.
    И јас никогаш никогаш не би облекла нешто слично. Ама вака да гледам интересно ми е.
    Си се смејам :lol:
    Како детулиња ми се слатките лолитки, класичниот стил е како ретро бубалица, готикот е сличен на готскиот стил нешто само понеутрален, а панкот е страшен!!!
    Кети Пери е секогаш поинаква со тие слатки фустанчиња, поразлична од сите, уникатна.
    Да не ти е Лилит и она страшна? :lol:
    Кажуваат дека во Јапонија е нормален стилов, сосема нормален.
    Али кај нас некоја да ја видам вака ќе се свртам 360 степени по неа и ќе си речам нормална ли е оваа :D
    Како и да е јас го почитувам како и секој стил. Посебен на свој начин ;)
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Да,сите до една се страшни.
    Зошто говорат за ригидност,минато,ексцентричност и пред се,внатрешна неисполнетост.
    Човек кој е нормален и на кој ништо не му фали,нема потреба толку *гласно* да се изразува низ облеката.
    Значи,страшни се.Ги доживувам како убава кукла која после 12 оживува и ладнокрвно убива.
     
    На macence85, 2468 и mims-89 им се допаѓа ова.
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Мене ми е како за на маскембал, каде и да живеам не би се облекла вака :)
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Harajuku girls Роси ;) Така се викаат Јапонките кои играат со Гвен и се препознатливи со овој инфантилен и шарен начин на облекување.

    Како и да е, ги имам сретнато девојкиве еднаш и дефинитивно ако верувате подзастанав со зината уста и смотана насмевка, додека тие ме поздравуваа сите до една, понизно на јапонски начин. 40годишни жени облечени во Hello Kitty маици и чорапчиња, и што ти знам што. Интересно искуство но....својствено само за Јапонците. Кај нив искрено ништо повеќе не ме изненадува, и мислам дека која и да е девојка да се облече вака би изгледала смешно, но за нив поготово за девојките од тој дел на Токио ми е ова некако, како утринското кафе за мене секој ден.
    Јапонија ми е интересна како земја, но ваква земја во која автоматите за употребени женски гаќички се сосема нормални, не треба да извезува ваков стил на облекување ниту пак нешто од она што и е својствено.
    Со други зборови, ништо за мене. Јас пораснав на нормален начин за среќа и би се облекла вака само на маскенбал.

    Да Роси, секако дека е нормален стилов кај нив. Абе стилов развива многу поширока дискусија - а Јапонија како земја ме фасцинира веќе толку долго време, што би зборувала за нив со часови, ама ај да не ја тупам :)

    Значи Хараџуку грлс - треба да си останат такви какви што се. Јас не сум од Хараџуку па според тоа нема ни што да се облекувам така, макар и ми се допаднал стилов. А башка што не ми се допаѓа :)

    п.с. Морам едит. Сушито и јадењето нека го извезуваат у велико! За да можеме јас и мене сличните да уживаме во нивната кујна. Се останато, е строго забрането! Особено нивните чудни фетиши и модава, на пример :)
     
    На la-chicka, LivingGlam и rossonerka им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Ништо од Јапонија не може да се нарече нормално :D
    Како вонземјани да се луѓево.
    Ме фасцинира феудална Јапонија и целата култура од тоа време. Обичаите, мирисите, свилата, боите, црешите...
    Модерна Јапонија - :shake:
    Не ги разбирам.
    Овој стил ме потсетува на расипани мали девојчиња. Всушност - Лолитки. Претерано е, одење во крајност.
     
    На Stam и Phyramide им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    ^^Роси мор, кај ја отвори темава...сега се ме тера да пишувам нешто во врска со неа. А богами и да отворам нова тема за Јапонија :D

    Сосема се согласувам со Ливинг.

    Многу ми се интересни. А стилов е само одлика на целиот нивен начин на живот. Детството им е скратено. Од 2 години веќе од градинка почнуваат да учат англиски на пример и да се образуваат. Додека ние учиме како да правиме замоци од песок и да обликуваме пластелин, тие учат веќе што значи работна дисциплина итн итн. И после - на 30 или 40 години - швркнуваат. Си го надокнадуваат изгубеното детство. Деца заробени во возрасни тела со сосема поинакви потреби. Облекуваат детски сукњичиња, врзуваат кики, облекуваат чорапчиња во весели боички кои истовремено треба да привлечат и ете ти чуден или да речам за нас - невообичаен стил кој е интересен со своето шаренило, а воедно толку манијачки и страшно делува, што ни самата не можам да се решам што попрво. Дури и ми тегне накај педофилија...и да Лолита е име сосема на место.
    Јапонските хорори се едни од најстрашните. Нивните порно филмови се едни од најчудните. Ако ги спојам овие два жанра, веројатно ќе го добијам чуството кое го имам гледајќи ги девојкиве/жениве и овој стил на облекување.
    А рамнодушна богами не ме остава. Баш зјапам како во тие Јапонките кои ги сретнав еднаш :)

    Дефинитивно Јапонциве се многу светлосни години пред нас. И верувам дека еден ден и ние ќе бидеме овака „швркнати“. Со целата технологија и убрзан начин на живеење, веќе полека но сигурно се стремиме кон тоа.
    Само не знам дали да заплачам заради ова или да се плашам. Што попрво.

    Ќе кажам уште еднаш, Јапонија на Јапонците. Подалеку - не!
     
    На Theodora, rossonerka, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Одвратни и одбивни ми се. Јапонсково лудило е без преседан веќе...
    Нема никаква логика ова нивново глупирање освен некоја масовна состојба на психоделија...
    Ова не е авангарда, ова е тотално безумие...
    Не да не ми се допаѓа, туку и ме плаши оваа состојба на заразна глупост... Кај нив беа оние..јавните оргии? На ТВ што се даваа...?
    Начисто се отидени.
    :puke: :puke: :puke:
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    А празнењето на црева во устата на партнерот?!
    А букаке и слични каке работи?!
    Нивната култура,да,во ред,онаа која можеш само во книга да ја прочиташ или да ја видиш на некој филм со гејши и ми е една од поомилените за читање и истражувања,има силна философија,ама денес...благодарам,ама не.
    Извитоперени ми се целосно,полоши од глупите и дебели американци.
     
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Мене ми се ко ликови од некој порнич :D
    Немам некое оформено мислење бидејќи искрено до сега не ни знаев за ваков стил. Имам гледано вака облечени, ама ги сметав на ексцентрици и толку, а сега читам дека всушност сето тоа ти било цел стил на облекување. Некои ми се интересни, Ке(ј)ти Пери ми е слатка, мада тоа и е само сценски настап и за сценски настап границите се многу поместени и на оправдано. Ама секојдневно вака да се облекува некој мене ми е creepy.
    Ја сакам нивната култура многу, обожавам за читам, како што кажа Лилит посебно за темата за гејшите, ама тоа у глобала во минатото, ни гејшите денес не се тоа што биле порано, сега оние што постојат ми се скоро еднакво на наши проститутки. Ама тоа друга тема, да не забегувам. Денешнава култура во Јапонија стварно заебга. Не се нормални тие. Ете што ти прави многу учење :D
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    ^^Камо да беше „само“ ова, каке, маке, шитаке и други глупости :) Милион други работи кои се последица на нивниот живот, на нивниот начин на развивање кој за нас е далеку од границите на нормалата!

    Да, го сакам Мураками, ја сакам Натсуо Кирино, го сакам Куросава, ама спиење во ковчег или мирисање на употребена долна облека не ми се работи сфатливи за ова поднебје и за мојот мислам засега сеуште здрав мозок.
    А жими се сакам да отидам еден ден во Јапонија, чисто онака да видам со сопствени очи како најавуваат доцнење на метро од 2 секунди, и како им изгледаат цветните градини некаде на Фуџи.

    Патем вчера со Роси го зборев концептот на педофилија, неизживеани девојчиња кој е баш добро прикажан во Алиса во земјата на чудата (плус и концепт употребен во спотот на Гвен Стефани) - ич не се чудам што ги укомпонирала Harajuku девојките и нивниот стил во спотовите и настапите.
    Стилов мириса, поточно смрди, само на тоа.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Пирамитке слободно пишувај си за стилов, очигледно си читала и повеќе отколку што е потребно.
    А да отидам во Јапонија и да ми излезат овие готик и панк ќе ме фати страв а не дај боже навечер да е :D

    Иако реално има и други пострашни стилови, мене ме плашат црни кармини, тиширани очи, комплетно црна морбидна облека, па синџири, шилци итн всушност панкот. Таков тип да ми искочи навечер ќе се издавам од памет.
    Или Лејди Гага стилот висока мода е претеризам.
    Денешново општество за да не те направи дел од масата, се трудат луѓето да се поинакви, па се оди во крајност и најчесто се раѓаат стилови кои те заплашуваат.
    Абе на настапи Гвен Стефани и Кети Пери ми се слатки.
    Ама сликиве од Јапонкиве се чудникави, дел се интересни oние со детски мотиви, а тие од последната слика на првиот пост на сериски убијци ми изгледаат:)
    [​IMG]

    Бууууууууууу
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    За 1ви април ако искачам Лолитка ќе сум :D
     
  16. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Стилов е максимална утка. Застрашувачки, одвратен, нималку привлечен или интересен. Анатомијата на изгледиве ми е феил огромен, ми изгледаат како трудни девојчиња од по 5 години. Неприродно, јас кога ги изгледав вашиве слики бев ваква :o wtf?? Се заинтересирав и прочитав, и се шокирав дека ова уствари некаде е популарно. Човештвото ги губи границите на нормалата ама јапончињава како да претераа. Ми е смачено од нивните искривени фаци, и очајните обиди да го прекријат она што навистина се. А кога сме кај стилов морам да ги спомнам овие што шетаат секој ден облечени како ликови од нивните популарни цртани серии, за порно нема што да се коментира :D
     
    На Sparks му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Језив стил, а името асоцира на нешто спротивно слатко и детски...
    Не може да ме зачуди ништо од јапонциве, ми се допадна она што го кажавте дека детството им е уноштено па преку стилов се обидуваат да си го манифестираат.
    Ме плаши стилов искрено, само нека си остане таму нека не зима замав. :D
     
  18. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми се допаѓа стилов. Можеби затоа што сакам кога човек си има свој стил и дели од другите.
    Ме потсеќа на времето на барокот кога се носеле вакви фустани (кои прости ги обожавам), само нели, до земја. Би ги носела фустанчињата, али не тие ептен што се на розево. Се заљубив. :inlove:
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Чаки стил. :D :D
    Чудно, мноогу чудно, премногу натрупано, језиво. За некој маскенбал би се направила Лолита, зошто да не :D Но не ми е прифатлив некако. Како некои лижавки ми се.
     
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Има некој психо момент во стилов.
    Дали е тоа што го наведе Пирамида или е нешто друго,не знам, ама мене ми делува језивко. :|
    Особено ми се лоши од ХелоуКити/Пинк&Готик/Панделка+Моторна пила, јапански и кинески девојки кои личат на жени заробени во тело на тинејџ кукла.

    Гвен Стефани ми е друга приказна. Си има таа некој свој стил, па дури и кога вака е облечена пак си има свој печат и не делува страшно. Нејзниот лолита стил е модифициран да не ги плаши луѓето ширум светот, повеќе мава на кул модерна лола. :D

    Патем, добра идеја за карневал или 1ви Април.