Не видов ваква тема. Еве да ја посветиме на овој град кој го посетуваат милиони туристи годишно. Сте биле ли? Кои се вашите впечатоци?
Imam odeno dvapati i voodusevena sum,barem jas,mojata prijatelka ima dosta loso iskustvo vo vrska so London.Jas preubavo si pominav bev vo leto i vrmeto mi se pogodi i se,a vtoriot pat bev namerno vo esen i postojano vrnese dozd(mnogu sakam koga vrne dozd),no kako i da e i togas preubavo si pominav.
Го обожавам Лондон! Омилен ми е после Париз... И се надевам дека ќе го посетам оваа година,ако отидам во летна школа.
Не да сакам, ма плачам за да го посетам. И јас си планирав едно лето пред 2-3 години да одам во летна школа. Моите желби беа за 3 или 4 недели. Но рачуниците кои ми испаднаа не ги ни собираше во калкулаторот. 3 недели сместување кај фамилија (ако сакаш интернат беше за 500тини поскапо), часови секојдневни освен викенд нормално и лет без притоа такси беше околу 2500 или 3000 за 4 недели. А камо трошоци? Плус јас не одам да учам, учењето ќе ми беше пропратно да си земам диплома од добра англиска школа. А за шетање во најскапиот туристички град за 4 недели сигурно треба да носиш џепарлак уште некоја илјадарка. Плус виза, а каде може и да ти бараат и гаранција да си платиш сума во банка. Тоа се многу пари. Татко ми пушти срце и рече оди ако толку сакаш ама јас одбив. Моите да дремат цело лето дома и сестра ми, за јас да си исполнам една желба, која можеби во иднина сама поефтино ќе си ја изрежирам, не не, сепак не сум толку бездушна, си ја знам должината на чергичето. Затоа си стои во моето мозоче Лондон. Но без дожд, нека пророси некад, ама не секад Сакам да уживам во таа култура, да видам како живеат со тоа луксузно најпознато кралство, како е тоа сите да и се поклонуваат на една жена со години и да и даваат пола од заработката на неа. Ме фасцинира Англија т.е Велика Британија од култура, начин на живеење, историја, специфичната и уникатна мода, го сакам Лондон, но ги сакам и другите гратчиња и посебно играта на природата во овој предел. Плус сакам да зборувам англиски, не американски, сакам да ги слушам англичаните, колку се шармантни со нивниот акцент мх мх. Се надевам ќе се видиме во некоја пригода. Ако не одам на докторски на Оксфорд па што биде нека биде
А луѓе, што било тоа 30 и нешто евра, повратна карта за Лондон? Вчера баш правев муабет со едни пријателки. Па ако е вистина, тоа е многу ефтино. Секако, со пропратни додатоци.
Види, се тоа е маркентишки трик.. Такви карти од 30 и нешто евра има 3-4 кои треба да се резервираат месеци пред тоа. 1 час во воздух, компанијата ја чини неколку илјади евра, и не е исплатливо за нив да бидат сите карти такви. Чичко ми работи во воздухопловство и знам
Прво, извини што ти го сменив постот, не мислев дека одма ќе одговори некој. И фала на информацијата. Лондон, место кое од секогаш сум копнеела да го посетам. За да видам до кај сум со мојот англиски, да го видам Биг Бен. Не дека сакам дожд, но ќе преживеам. Како што кажа Росоњерка, да видам малку што е култура, друг начин на живот. Ех, Лондон. Се надевам дека ќе имам можност да го посетам.
Следното лето ќе идам со другарми обавезно... Требашее ова ама се искомплицираја некои работи... Не го сакам само поради дождот. Имам многу другари и другарки Англичани кои ја очекуваат мојата посета
Ах Лондон, сонувам да го посетам. Местото е волшебно, а дождот и маглата кои ги обожавам го прават уште по магично ... Се надевам дека оваа Нова година ќе го посетам
После Мадрид мојот омилен град и имам силна желба некогаш да го посетам.Копнеам да го видам Биг Бен,да го гледам градот од Лондон ај,да се запозаам со друга култура а плус повеќе ми имат кажувано дека Лондон или воопшто Англија е далеку подобра дестинација од Њујорк,Лос Анџелес и слични градови.Има многу работи вредни да се видат и се надевам дека ќе имам шанса да ги видам. А времето баш ми се допаѓа,обожавам дожд.
Јас искрено почнувам да ја избегнувам да зборувам на оваа тема. Кога и да ми го спомнат Лондон, солзи ми навираат во очите. Поомилен град од Лондон никогаш не сум имала, ниту пак ќе имам. Желбата да го посетам е огромна, а ми ја вроди мајка ми која кога бев помала, а и сега цело време ми раскажува за времето поминато во Лондон. Едноставно копнеам да се шетам низ неговите улици, да ги разгледам сите знаменитости и да ги видам сите негови убавини. Искрено се надевам дека наскоро ќе имам можност да го посетам Лондон, а некој ден и да живеам во тој волшебен град. Го обожавам.
Го обожавам градов!!!! А,и цела држава,ама посебно Лондон Незнам зошто,али секогаш кога и да го видам на слика,видео,толку ме дига на нозе,ме инспирира нешто во него нез што Татко ми има работено во Лондон некое време,мислам дека година,и кога и да ми раскажува за тоа како му било таму,храната,луѓето,настани...ах, сакам сакам да одам и ќе отидам некогаш,си се договорив ја со него
Лондон, преубав град. Сакам да одам еден ден да го посетам,а кој не би сакал.. -Сакам со една ваква говорница да се сликам
Не сум била досега во Лондон, но имам голема желба да го посетам. Еден од омилените градови ми е. Самата помисла на него ме инспирира, буди некое убаво „англиско“ чувство во мене, што ја прави желбата да го посетам уште поголема. Многу ми се допаѓа градот, неговите знаменитости, културата, работите карактеристични за него, The British accent. Сакам да научам повеќе за навиките на луѓето што живеат таму, нивниот начин на живот, обичаите, културата. Сакам да го посетам не само Лондон, туку и многу места во цела Велика Британија и урбани и рурални. Имаат воодушевувачки предели, замоци, места кои не само што се убави и оставаат без здив, туку и те враќаат назад во историјата, која им е многу интересна. Се надевам дека еден ден ќе отидам, па тогаш ќе споделам впечатоци .
Леле , сонувам за градов. Во принцип не сакам големи градови , но заљубена сум во Лондон од сликите и од филмовите и би сакала да го посетам. Англиски акцент , тони пиво, пабови , луѓе облечени со капути во англиски стил ... А исто така имам слушано дека англичаните биле големи кавалери. Одамна сакам да го посетам, па се надевам дека и тоа ке се случи.
Го обожавам градов, уствари сакам СЕ што е Англиско Некогаш кога се возам во двокатниве автобуси имам чувство како да се возам таму, но кога ќе погледнам надвор сепак сум далеку од тоа. Лондон е дефинитивно меѓу топ 5 листата на места кои сакам во најскоро време да ги посетам и се надевам ќе успеам.
Кавалери се Англичаните. Филмови! Ретки се тие кавалери, добро воспитани луѓе, како и во секоја средина така и тука. Од оние што ќе ви свиркаат, довикуваат и фатат за нога или на други срамни места, што ќе се дерат еден по друг како простаци, со гнасни пцости и секакви вулгарности, има многу повеќе за жал од добро воспитаните. Едно 95:5 ќе речам. The British accent, оној од филмовите, имате далеку-далеку поголема шанса да го слушнете надвор од Лондон, поточно југозападно од него, отколку во самиот Лондон. Пабови има да, на секој ќош. Но никој, за жал Unica, никој не се облекува во оние капутите во англиски стил. Да видиш таков ќе мора да најдеш некој театар со некоја таква тема на претстава, или некој собир/забава на таква тема на кој не би била ниту поканета оти не си дел од „нив„. Исто како да бараш да видиш жена во Македонија која за секојдневна облека носи традиционална носија.
Хмм , ми се сруши сега сликата за англиски џентлмен со капут . Не сум била јас, како што напоменав сум слушнала дека се џентлмени , изгледа човекот се трудел да ме импресионира . Во секој случај , би сакала да го посетам. Има што да се види.
Еднаш реков и не порекнувам: сакам да ја посетам цела Европа. Ама Лондон, за разлика од Париз или некој трет европски град, не е град во кој сакам да живеам. Не знам да живеам некаде кај што има постојано врнежи и просто го мразам оној загушлив воздух после дожд. Би го посетила, онака туристички, ама за живот во Лондон не сум!