Извини овака Unica, за капутите, јас и големата моја уста! Ама интересно е тоа што и многу Американци мислат дека народот уште така се носи и претежно така зборува, и ги сликаат Англичаниве баш така во америчките филмови. Реалноста е исти се како сегде, луѓе како луѓе, новата мода, новите електронски играчки, новата не-култура. Ако не се воглавно дури и понекултурни поради се што им е принесено на готово. Мене лично Лондон најмалку ми се допаѓа од целава земја. Освен за театар, концерт или за шопинг! Доволно ми е близу за тоа, но доволно далеку од се што не ми се допаѓа секојдневно. Оти пустото нема друга Оксфорд Стрит, па ќе трпам и врела подземна железничка, и саѓи во нос и гужви од народ ама во Селфриџес морам да влезам па не знам што нека биде. Од жив зор! Не дека не го сакам поради тоа како изгледа, туку како функционира, и се што има неубаво во него, што не се рекламира во туристичките брошури. Голем град како голем град, не е се толку романтично и интересно што само дождот му е негативна страна. Ама дека има што да се види, има. Не само во Лондон, ќе го видите за еден ден, тоа што вреди да се види, туку има многу интересни места, помали градчиња, повеќето урбани села каде секој Англичанец сака да живее, со многу историја, со мали интересни улици, калдрми, остатоци од замоци, средени паркчиња, па кошници цвеќиња закачени на секоја куќа, дотерани пабови, мали ама привлечни кафе-ресторанти, зеленило, реки, бротчиња по реките, лебеди...глетки за милина, и многу покултурен, мирен и дружељубив народ отколку во големиот град.
луѓе јас пробав да аплицирам онлајн, само што блокирана им е страната, се јавив на англиска амбасада, нешто секретарка ми збореше. од каде да почнам, каде да завршам за пуста виза?
ќе оди некоја за Oлимписките игри? Aплициравте за виза? ви отвори таа страната? Jас пак се обидов да аплицирам, ама нешто не сака плус ми вели дека треба да се плати нешто и вели за 14 дена од аплицирањето ти ја даваат визата. значи многу лоша работа е ова со визава Kај им текна на нив да не се у шенген Mаме им **** A само Oнлајн се аплицира, така направија овие будаливе
^јас требаше да одам,да настапам но за жал работите во спортот паралелно со политика некако не оди работата. Сепак Лондон ќе остане убав сон....можеби некогаш повторно ќе ми се пружи шанса. А сега останува тренирање за Рио 2016
Како не ја видов темава порано? Инаку една од моите најголеми желби е да го посетам Лондон, ма не само Лондон цела Велика Британија! Ме интересира дали има некои големи или помали разлики помеѓу земјите во ВБ. За Шкотска, Северна Ирска и Англија знам доста, но за Велс би сакала да знам повеќе. Инаку преку курсот по англиски кој го посетувам се организираше посета на Англија, но немав храброст да одам бидејќи ќе сме биле сместени кај некои фамилии со цимерки од други држави на пример Германија, Кина... Јас штотуку наполнив 14 год и само јас можев да одам бидејќи моравме да бидеме над 13 год. Ќе се оди во јули, а јас во јуни наполнив 14. Но, еве ако одев ќе одев со доста поголеми деца кои не ги познавам. И како што ни кажаа ќе требало да одиме сами со автобус од куќата до летното школо, а јас како што сум си од мало гратче... Ме фана страв. И така... Ајде белки нема некој земјотрес *мада нема замјотреси таму ама што знам* да го однесе цел остров додека јас да соберам храброст. ПС. Ни кажаа како едно дете се загубило па со полиција го носеле до куќата каде што престојувало, арно имало адреса со него
Дали можеби знаете некоја агенција којашто организира патување до Лондон и посета на значајните знаменитости во Англија.Колку би сакал да одам на некое такво патување, но досега немам видено некоја понуда.
А дали некој знае како е за виза??? мислам ако нема гаранција - ќе ми бараат ли хотелска резервација пари на банка....или знае некојшто како??
Англија мојата најомилена земја сакам да ја посетам особено Лондон а најголема желба ми е да живеам во Лондон
Го обожавам! Не можам да дочекам да облечам оксфордки и да ги прошетам улиците на Лондон, па правец накај Стемфорд Бриџ. Од секогаш сум го сакала и дури и кога ќе го посетам, пак ќе чекам со нетрпение да ми никне нова шанса да го видам. Пред неколку години сестра ми имаше можност да помине 3 недели во Англија и неколку дена му посветија на Лондон. Не е свесна колку и љубоморам. Не сум ни јас свесна колку сум глупава што ја пропуштив шансата да отидам и јас. Смотаница. Ме молеа дома моите, јас не па не, немало никој да познавам од групата. Кокошка. Сега за сега само им завидувам на мајка ми и сестра ми и се надевам на пакување куфер во скоро време.
Јас планирам да одам ова лето, само заради тоа нема да одам во Америка ама ризикувам дека не знам дали ќе добијам виза. Некој што добил да пише што како поминал, искуство? Имам најдобра другарка што живее таму, како сестра ми е. Она е таму родена, државјанство има, цела фамилија се таму од пред десетина години. Она ќе ми праќа гарантно писмо што значи не би требало да ми прават проблеми за виза, ама тие акнати се, може да се очекува од нив се. Леле колку ќе се радувам ако ми дадат виза, многу ми се иде... омилен град ми е Лондон, животен сон. Башка другарка ми живее 15 минути од Стемфрод Бриџ.. нема кај да бега, ќе одам да ги гледам Челзи на натпревар па после може мирно да си умрам.. едвај чекам
Ах, моја тема. Незнам дали постои воопшто град што повеќе го сакам, незнам а и не верувам. Доволно ми е 1 ден, 1 саат, само да отидам. Незнам како.. Барам низ агенцииве, има само повратни билети и незнам што.. Зарем ќе се снајдам таму само така, па макар и татко ми бил со мене. Си правам филмови да отидам на еден ден, ама многу подобро би било да најдам понуда каде што е организирано, со водич итн. Сепак ова би можело да остане само сон, но нема да остане така. Ќе направам се за да отидам, морам да отидам. Никој не ме разбира подобро од неколку во темава, неколку заљубени во овој град. Dear London, wait for me. We are going to meet, I PROMISE !