Јас бев пролетва 8 дена во Англија од кои 2 во Лондон. Не сум сретнала некоја понуда од тука како што бараш, карти има ефтини преку Wizzair, сместување може да се најде ефтино, превоз од Лутон до Лондон има, само малце таму за снаоѓање сам потешко. Огромен е и има толку многу што да се види, обавезно ти треба некој што бил и веќе знае
а околу добивање на виза може некој да каже дале лесно се добива како се одвива интервјуто во амбасада....
колку што ме информира пријателка која беше летото - треба апликацијата да ја спремаш и да имаш некое мотивационо писмо во стилот зошто одиш таму - бидејќи документите после Белград ги праќале, таму носат одлука
Лондон е град, каде што треба да имаш ептен длабок џеб. Греотка е да одиш само на шетање. И да ти е жал да не си купиш нешто од таму. Има една улица не ми текнува каде беше, што е многу популарна од познативе глумци. Али изгор скапа е. Може само да гледаш. Бев 2-3 пати само да се прошетам.Ништо не купив за жал. Виза многу тешко се зима, па дури и за туристичка виза. За работна, може само да сонуваш.
отвори на сајтот на центар за странски јазици и ќе видиш таму има понуди за летни школи во Лондон. Сепак, ПРЕСКАПО Е...а убаво е...таму има се, само англичани нема
Знам дека е многу скапо ама вреди , ама е за 18 + за во Лондон а јас ова лето ќе бидам 16 така да ќе пробам да најдам преку некое друго училиште за странски јазици или некоја туристичка агенција.Ако некој знае нешто плус секоја информација е добредојдена. Иначе фала
Имам во план во иднина да го посетам Лондон. Со задоволство би отишла. И би сакала за работа да одам,струката ми е таква,така што има доста работни места. Се надевам дека кога ќе финиширам со моето учење,ќе отидам и нема да зажалам,ако не бар само да го видам Лондон кој е град од моите соништа.
Не сум била,ама толку сакам да одам.Дожд,бутиците,биг бенг,чадори,забрзани луѓе,таксиња има ли нешто по совршено ? Сакам да одам,но немам средства за тоа ... Ехе копнежу копнежу ...
Јас нема да одам на шетање, туку ќе останам таму да живеам. Заљубена сум во Лонгон, Велика Британија, кралското семејство и се што е британско. Не сум била, ама ептен, ептен сакам да одам. Се надевам еден ден ќе си го реализирам сонот. Спојлер
Би ве замолила кој е бил во скоро време во Англија, да ми каже кои се СИТЕ потребни документи за виза, што како да ми објасни
Во февруари сакам да отидам на гости во Лондон кај роднини Е сега прашањето ми е дали ќе може со македонски пасош да отидам и/или што документи ке требаат за да се реализира мојот план?
Со македонски пасош можеш. Но нема да ти дадат виза. Знам по тоа што јас се обидував за мене да вадам со македонски пасош и не ми дадоа. 90 фунти е визата.
Лондон е прекрасен град, стварно многу убав. Прекрасна архитектура, паркови, улици, музеи и што уште не. Луѓето се далеку од нељубезни, баш спротивно сите се многу фини и пријателски...а и времето не е само врнежливо доста е променливо и има многу сончеви денови. Лондон е мојот нов дом, за повеќе за Лондон можете да прочитате на следниот линк: http://teona.mk/the-whole-world-in-one-city/