Не сум била, ама во план ми е, се надевам во блиска иднина. Лондон ми е бр. 1 на листата места што сакам да ги посетам. Би сакала и да живеам 2-3 години ако имам можност.
Здраво, темата не е одамна активна но имам едно прашање ако знае некој како да ми одговори што бил. Ми кажаа дека за да одам во Лондон ми треба виза која чини околу 10 000 денари а било можно долго да чекам за да ја добијам. Дали тоа е вистина и како одат тие работи?
Значи треба да се обратиш во Канцеларијата нивна па ќе пратиш документи за во Полска и од таму ќе ти пратат дали ти е одобрена виза или не. Толку е колку @buba4e89 што ти пиша. Но има една работа може и да те одбијат а парите се неповратни. Инаку колку подолго ќе трае визата толку поскапа е визата оваа сума е за 6месеци времетраење на виза.
А јас барем мислев дека со нив е посигурно дека ќе добиеш виза . И да платиш процент барем да е сигурно .. Најубаво да си собирам инфо сама да си средам. Фала ти .
Сум била , 2007 седев месец дена и не ми се свигаше ама ич. Бев од крај на јули до крај на август, многу ми беше тмурно, сиво, лугето ми беа преладни,празни улици во шпиц период на денот, за викендите све живо и диво пијано се влечеше по улици..не знам мене не ми остави некој уау впечаток. И да, прескапо беше ,изгор, има што да се види не викам не, доста заменитости мегутоа не ми беше нешто да пагам во несвест и да се вратам преодушевена. Може игра и улога што имав 17години и бев дете,не знам ако имам можност втор пат да одам може и нема да го доживеам вака сега на овие години
Некој што живее во Лондон, ми треба за инфо за Лутон аеродромот - дали има метро, бус, било што до Лондон? Доцен лет ќе имам, а добив инфо дека само такси има што кошта околу 100 фунти.
Има и возови, кој те лажеше тоа дека само такси има. Воз до централна станица Kings Cross St Pancras стига за 30тина минути, цена од 6.30 до 20 фунти. Coach е за саат и нешто, зависи од времето и колку е гужва. Цената е околу 15 фунти. Јас ги купувам картите на апликацијата train line. Таму може и за воз и за автобус да се земе карта од било која локација.
@KuklickaSk го има ли навечер автобусот? После 23ч? И возовите исто? Не е скапо тоа, само да се редовни барем.
До полноќ се редовни, некогаш на секои 5 мин, максимум растојание од 20 мин има меѓу автобуси, после полноќ до кај 4 савајле се на 45 минути. Најлесно ќе ти е ако ја симнеш апликацијата и на лице место си земеш карта, оти некогаш некои летови од балканот доцнат заради царинска проверка, сите носат голем број на штеки. Јас еднаш 2 саати чекав да си го земам куферот. Прифаќаат карта до 30 мин задоцнување.
Здраво дечки. Имам мало прашање. Треба да патувам во УК, септ-октомври па ме интересира кога треба да се аплицира за туристичка виза отприлика за колку време излегува? И кои се трошоците за визата и што документи бараат. Супер би било да слушнам од некој што веќе вадел виза, фала ви