Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лондон (Англија)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од slatkichKa123, 11 октомври 2011.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.299
    Пол:
    Женски
    Имаш Шатл бус на секои 10 мин, купуваш карта на лице место, на излез од аеродромот има обележано место каде е , не можеш да погрешиш, те носи до железничка и од таму фаќаш воз до централен Лондон зависно каде сакаш да слезеш.
     
    На SunnyGirl2 и Калатеа им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.299
    Пол:
    Женски
    Брат ми аплицираше полани, летно време за 2 недели доби виза.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    786
    Допаѓања:
    1.280
    Пол:
    Женски
    Што документи му бараа, и која беше цената за визата?
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.299
    Пол:
    Женски
    Документи не знам да ти кажам он аплицираше преку посредник, ако сакаш бр од неа ќе ти пишам. Тогаш земаше 5000 за услуга може сега повеќе.
    Околу 200 евра мислам е.
     
  5. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Автобуси имаш ноќно време отприлика на 20-30 минути, 2 компании има - National Express и Arriva Bus (Green Line). Можеш карта да купиш унапред, ама така си ограничена на една компанија. Arriva ако не се лажам кога купуваш карта унапред не мораш да селектираш точно време, за цел ден важи. Јас секогаш на лице место сум плаќала (може со картичка), така не морам да чекам специфичен автобус, туку кој прв дојде. Нормално, постои ризик да нема место и да треба да чекаш следен автобус, ама досега не ми се случило.

    Со воз исто така можеш, иде до St Pancras, до полноќ има почесто возови, после тоа на околу саат време мислам. Веќе нема shuttle bus од аеродромот до станицата, железнички е поврзан самиот аеродром. Ги следиш знаците за Luton Dart, од таму со возот до Luton Airport Parkway Station и таму чекаш воз за Лондон. Ако те фати после полноќ, со воз ти се фаќа околу саат време вожња, па нема многу разлика од автобусите.
     
    На 1209 и Калатеа им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.299
    Пол:
    Женски
    Вистина нема Шатл? Од кога го укинаа?Ете не знаев, ние една година не сме биле, извинете за погрешното инфо @Калатеа
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Почеток на 2023 мислам беше, кога го пуштија во употреба ДАРТ.
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.299
    Пол:
    Женски
    Покасно е било, зошто ние Јули месец 2023 го користевме, ама добро ако имаат поефикасна рута супер.
     
  9. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    786
    Допаѓања:
    1.280
    Пол:
    Женски
    Јасноо, фала ти многу.
     
  10. SinataRuzha

    SinataRuzha Нов член

    Се зачлени на:
    29 јули 2024
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки. Вака маж ми е во Англија,таму живее веќе 5 години. И сега сакаме да средуваме документи за и јас да отидам кај него. Ме интересира што документи требаат за виза, како се аплицира, која е цената на виза, за колку време ја издаваат и слично. Би ве замолила да ми објаснете пошо стварно ме интересира. Ви благодарам однапред. :inlove:
     
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.993
    Допаѓања:
    26.384
    Каква виза сакаш? Туристичка двааат за 6 месеци, чини околу 300 евра.
    Зошто сте давале пари за посредник? Кај ги наоѓате луѓево?
    Се ти пишува на англиски на fcdo.gov.uk пиши uk visas.
    Зависи за каква виза ќе аплицираш, околу 300 е туристичка, се издава за максимум 3 недели. Документи.. зависи он таму како е отиден, дали е легално, дали е со мкд или бг пасош, дали има л.карта за престој или добил државјанство.
    Треба да покажеш пари дека имаш најбитно.
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.299
    Пол:
    Женски
    Сите ја знаат женава што средува визи, Буба, мајка и била член на британската амбасада на времето.
    Инаку апсолутно можеш без посредник да аплицираш ако ги имаш сите документи, ама последните години многу одбиваат за визи и не ни се ризикуваше дека брат ми не беше вработен тука тогаш и користевме документи од друга фирма дека наводно е вработен. Ризик ми беше и ми требаше човек што знае што прави и ете доби виза, ама женска му аплицираше сама и иако беше вработена и студент ја одбија за некоја банална причина дека наводно ќе останела да работи, а буквално немаше индикации за тоа.
    Буба ги знае дупките во законот да не речам за аплицирање и сите што аплицирале преку неа што ги знам, добиле. Исто и јас на времето кога бев кај мм добив преки неа, тогаш па маж ми немаше ни стан, ниту некакви документи на негово име од таму и исто праќавме туѓа сметки и договор за стан, и едноставно беше премногу комплицирано со такви док за да аплицраме сами.
    Ако имаш легално се, правилно е да си аплцираш сам и да се надеваш дека ќе добиеш, нам не ни се ризикуваше да изгубиме пари тогаш, а стравот од аплицирање со такви документи беше голем за да аплицираме сами.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.299
    Пол:
    Женски
    Можеш да аплицираш за брачна виза, ако сакаш да останеш таму, документи од него ти требаат, статус каков има, со кои он документи е таму, стан и сметки на негово име, договор за работа, банкови сметки и пејслипс од работа, пари на сметка дека има доволно да те издржува за да живееш некое време додека добиеш дозвола за работа, извод од венчани, извод од родени, имотен лист од тука дека се водиш на негова адреса или на заедничка од лк, докази дека сте заедно легално од предходно како слики, вибер разговори и такви работи.
    Има објаснето се на страната, пополнуваш апликација и носиш документи на ден на сликање и тоа е тоа.
    Откако ќе добиеш брачна виза одиш таму и аплицираш за присетелед статус и добиваш резидент карта ако си нонеу државјанин и од тогаш можеш да работиш. Ако имаш бг пасош е полесно.
    Ако сакаш туристичка скоро исти документи се плус докази дека планираш да се вратиш како работа тука, пари на сметка, деца ако имате итн.
    Брачната виза е бесплатна инаку, се плаќа нешто само такса за аплицирање или така нешто беше.
    Не се сеќавам добро дека јас аплицирав пред 5-6 год.
    Ако ти треба друго инфо за документи за престој како нонеу државјанин, пиши.
     
    На SinataRuzha му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.993
    Допаѓања:
    26.384
    Мила, британска амбасада Скопје веќе 10+ години нема никаква врска со визи. Се аплицира во фирма која само зема документи и ги праќа во Белград. До пред 2 години се праќаа во Варшава. Таму група на англичани одлучуваат кој ќе добие виза, кој нема да добие.

    Секторот за визи во оваа амбасада не постои. Буба или мајка и може работеле и знаат добро англиски и знаат да ви напишат писмо зошто некој треба да оди или да ја пополнат убаво апликацијата. Или да ви направат документ во кој ќе пишува нешто сосема трето од тоа зошто одите за да ви одобрат. Во случајов лажни документи.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Ова е за family permit, брачна виза е различна и не е бесплатна.
    Инаку се е точно, ама важи само доколку стапиле во брак пред 31.12.2020.

    @SinataRuzha
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.299
    Пол:
    Женски
    Знам дека нема врска веќе визата си амбасадата тука, мислам нема амбасада де.
    Нема врска со англискиот и јас знам убаво англиски, последните неколку пати си аплициравме сами за други луѓе ама во тие два случаја кога документите беа лажни не ми се ризикуваше сама за да изгубам пари.
    Како и да е може некој ете не знае сам и не му се ризикува така да ако му треба посредник да знаат дека работи.

    Да фемили пермит, грешно пишав во ниедно време сабајле. Фала.
    Мислам дека има начин и за ако стапиле во брак после 2020, мислам секако има само не го знам, пријателка наша сега стапи во брак, а доби документи порано и живееше кај него ама не знам на која основа.
    Инаку во теорија и они имаат едни правила за после Брегзит, ама во реалноста малце е дива лига.
    Ете јас пример добив сеттлд статус со нецели 5 год во земјата, мислам ете сега цела год сум надвор и 2020 бев, ми бараа документи да докажам дека живеам таму па им пратив сметки за гас, оти јас уште ја плаќам на мое име е и така ми дадоа.
    Нешто очајни се у последни време за работна сила изгледа.
     
    На eliesaab и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  17. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    Да, unmarried partner исто може, ама многу повеќе замарање има, треба да се докаже дека врската не е само за виза. Мислам бараа докази дека партнерите живееле заедно минимум две години или така нешто. И во тој случај пак, да биле во врска пред рокот во 2020.

    Дупки во законот секако има, на некој ќе му помине, на друг нема.
    Ете мене и со посредништво на Буба ме одбија за туристичка пред 5 години, сите други што ги знам што поднеле преку неа - добиле. Зависи и од тоа на која нога е станат тој ден тој што одлучува. :D
     
    На 1209 и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.993
    Допаѓања:
    26.384
    Има амбасада :) само визи со не работи
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    24.834
    А причината што веќе не работи со визи е што бомбона бизнис се правеше со визите. :D
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.299
    Пол:
    Женски
    Има? Јас пак мислев само канцеларијата е моментално во МК, мислам реално треба да има ама не знам зошто си мислев нешто во главата дека е затворена.
    Како и да е може подобро пошто вака реално доста брзи и ефикасни се, кога се аплицирало кај нас не знам како било, ама сега за не повеќе од 3 недели добиваш одговор, на брат ми немаше ни 10 дена кога му одобрија.
    И тука си во право. Инаку во кој град сте вие?
    Здравје ние сега треба да се вратиме, мислам мм ќе се враќа сега јас подоцна со детето, досега во Лондон живееме ама сега се мислеме да смениме дека многу ни е хаос со дете во Лондон, мм уствари несака пошто живеевме во Гринич на ќеј и беше преубаво, ама цените за стан таму посебно за сами се изгор. Уште не сме сигурно каде да одиме, јас сакам нешто на крајбрежје некаде, тоа отсекогаш ми било сон.

    Инаку да буквално на која нога ќе ги фатиш се изгледа со визиве, оти снаа ми ја одбија за стварно многу глупа причина, реално сите документи не ни навестуваа дека би останала, со работа и студент со испити, ама ете рекоа дека наводно навела дека е сингл, а патувала со дечко, така нели има таму да наведеш. Не знам каква врска има кога под тоа статус се подразбира дали си во брак или сингл, барем јас така то сфаќам. Нејсе треба и среќа.