1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лорет де Мар

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Gossip-B, 25 јуни 2012.

  1. Gossip-B

    Gossip-B Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    33
    Здраво Феминистки....ова лето би сакала да одам во Шпанија,Лорет де мар и би сакала некој повеќе да каже за цените како се движат,колку чини кафенце,пијачка,екскурзија до Барселона,влезница на Ноу Камп и сл. :) :) :) Благодарам
     
  2. ivana.icka

    ivana.icka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Лорет де мар

    И јас ке одам таму во август и читав дека не е многу скапо за излагање а за аква паркот 26евра е влезница има автобус на секој пола саат бесплатен е еве ти и адреса www.wateworld.es и www.lloretdemar.org, на оваа имаш се за лорет де мар а знам преку агенција 25 евра е прошетка во барселона и во тоа спаѓа и стадионот после имаш и фонтаните во барселона ти се 20евра ,зависи со која агенција ке идеш мислам дека ти помогнав :)
     
    На Gossip-B му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ivana.icka

    ivana.icka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Лорет де мар


    И јас ке одам таму во август и читав дека не е многу скапо за излагање а за аква паркот 26евра е влезница има автобус на секој пола саат бесплатен е еве ти и адреса www.wateworld.es и www.lloretdemar.org, на оваа имаш се за лорет де мар а знам преку агенција 25 евра е прошетка во барселона и во тоа спаѓа и стадионот после имаш и фонтаните во барселона ти се 20евра ,зависи со која агенција ке идеш мислам дека ти помогнав :)
     
    На Gossip-B му/ѝ се допаѓа ова.
  4. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Лорет де мар

    Не знам да ти кажам цена на кафе или влезници, ама од мое искуство цените таму се прифатливи за наш буџет. Значи воопшто да не се секираш, Хрватска е многу поскапа на пример.
     
    На doleina и Gossip-B им се допаѓа ова.
  5. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Лорет де мар

    Јас во еден хотел прашав ми рекоа 60 евра од ден во екот на сезоната полн пансион во соба за двајца. Толку се најевтините мислам. Само влезницата во Ноу Камп е 22 евра а од Лорет де Мар до Барселона се патува повеке од саат. Дискотеките не се скапи, пијачките се 4 евра сангрија, 6 евра жестоки пијалаци. Можеш да најдеш парче пица за 2,5 евра. Продавниците за храна многу се скапи. Лорет де мар како градче не е нешто којзнае што ама плажата е убава.
     
    На doleina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Лорет де мар

    Ова само феминистки може да одговорат на темава? :wasntme:
     
    На meow22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Лорет де мар

    Јас бев пред 2 години и за наши стандарди не е скапо, целиот град е да не кажам српски, скоро сите знаат српски. Храната во хотелот беше прекрасна а и општо кажано храната е добра и по ресторани и сл. Коктелите на плажа се по 15 евра-алкохолни и 10 евра - безалкохолни и чашата е огромна, собира колку едно бинде. Аква паркот и 50 евра да чини е исплатлив, затоа што има што да се види, на секој базен има по еден куп спасители и огромен е, нема што нема. По дуќанчината без ценкање да не купувате ништо, маицата од 10 евра ќе ја купиш за 3-4 евра.
    Не ми текнува колку доплативме за Ноу камп ама мислам дека 12 евра беше ако не се лажам, Барцелона е прекрасен ама 1 ден е многу малку за да се разгледа.
    Плажата во Лорет де Мар е прекрасна, песокот е чист а водата камен... Голфските струи продираат до таму... барем јас кога бев крајот на јуни, почеток на јули беше така.
    Дрога сегде...
     
    На doleina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Лорет де мар

    Да , Ноу Камп влезницата била 12 евра, ама од годинава е сменето сега е 22. Барселона е преубава, а има и по некоја продавница како за наш џеб.
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Лорет де мар

    коментарот за дрогата :o не би идела , јас сум мислела дека дрогата е на ибица , не дека и у скопјево нема деее ама нели !!!!!! се да има мера ! исто многу дрога има на миконос-грција (ми кажувале)
     
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Лорет де мар

    Ако е така не треба нигде да одиш. За жал скоро сите места во кои одат млади луге има дрога. Сум слушнала дека во Лоред де Мар на плажа ја продаваат.
     
  11. kate-84

    kate-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    14
    Лорет де мар

    Добро де кој те тера да купиш дрога ако несакаш нели ? мене ме интресира дали навистина одат само деца од 16-20 години и дали воопшто може да се спие навечер. Исто и дали се плака влез во дискотеките?
     
  12. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Лорет де мар

    Се плаќа ама не секаде, на секој чекор по улиците има луѓе кои те канат во некоја дискотека, нешто како менаџери. Секој втор е напушен природно, вештачко и синтетичко. Без разлика на тоа имаше и српски кафанчиња и таму атмосферата беше како и кај нас Турбо фолк итн.
    Но нема потреба од страв, местото е добро обезбедено со полиција, имаше инцидент мегу германци и англичани поради фудбал, за нецели 2 минути 12 комби возила со специјалци се нацртаја и се се смири.
    Баш во периодот кога бев јас, имаше изобилство македонци, фамилијарни луге...па 10те дена добро ги поминавме.

    А за спиењето зависи од тоа каде е лоциран хотелот, јас немав таков проблем.
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Лорет де мар


    Нема врска дека на плажа ја продаваат. Таму има бре Закони кои се почитуваат. Неможеш на плажа да купиш и да удараш фикс или шмркаш можеш да дуваш само, скришно, нормално. Тоа го имам приметено и на сред Барселона, се осеќа мирисот на тревата тук и тамо кој духа и пуха :) .
    Секаде каде што има млади а поготово странци нормално дека ќе проструи некоја марихуана ама пази само да не те фатат. Ако не сакаш никој нема да те тера со зорт ама ако сакаш лесно можеш да ја најдеш (затоа што преку граница и царина тешко дека ќе ја прошверцуваш), затоа што имаат специјализирани продавнички за Тобако (цигари) и остали тракатанци.

    За да стигнеш од Лорет де Мар до Барселона се зема воз и имаш здрава вожња од околу саат и половина (има многу станици - туристички градчиња каде што застанува возот).
    Кога купуваш карта за Аква паркот тука ти е и платен превозот значи не е бесплатен туку претходно си го платил, само ти кажат на кое место да чекаш. Паркот е преубав, прво гледаш претстава од делфини и фоки, има огромен Парото свет и многу тобогани, базени....значи цел ден си таму.

    Лорет де Мар е повеќе извикано место од Французи, Англичани затоа што им е многу блиску за летување како на нас Грција. Местото го краси голема песочна плажа и ништо друго. А каде има млади таму има и добри журки и многу топлест :) што е многу нормално за Европа.
     
    На doleina и kravce им се допаѓа ова.
  14. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Лорет де мар

    Какви тобако продавнички, цигари не се продаваа во продавници туку само во ресторани и од автомати.
    И не е само плажата и вечерната забавата, има и споменици, фестивали, и многу други места за забава, како голф, банџи итн.
    И Јас сум жив сведок дека се продава дрога и на плажа и на улица, затоа што со свој очи видов, а јас дури не видам сама не ломотам. Или можи си разменвеја со 5 лажици од твоето брашно.
    Мене не ме интересираа вечерни журки и пијанење, мене ми беше важно да го фатам утрото и да уживам во денот...
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Лорет де мар

    Тобако продавнички ти зборам за во центар на Барселона каде што и пучувствував мирис дека се пуха и духа во моја близина. А во овие тур. места цигари само од автомат се купуваа.
    Јас на плажа не видов дека се продава.
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meow22

    meow22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    79
    Има и во Лорет исто такви места посебни за цигари - табакериа се викаат, јас кога бев лани оттаму купив пури за подарок, а другарките што пушеа си најдоа цигари со различни вкусови за достапна цена. Случајно ја најдовме табакериата, низ многу мали улички кај што има продавници за се и сешто.

    А, што се однесува за цените храната не е баш евтина, а облека, аксесоари и други работи - ако се ценкаш ќе си поминеш одлично. Исто така во некои парфимерии имаа одлични акции, и во брендираните како Адидас и Најк ако имаш среќа да си најдеш број има акции со голем попуст.
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Сум била во Лорет де Мар и не ми остави некој екстра посебен впечаток, мислам за моите години тогаш беше онака сосем ок, за тинејџери и 19-20 годишници.
    Сега да ми речат оди на одмор таму, не би прифатила.
    Има премногу гужва, бучно местенце, плажата не беше нешто сјајна, а и водата богами.
    Луѓето општо ми оставија впечаток на незаинтересирани, мрзливи цревца, ги мрзи да работат, само се кријат под сенка од жештината (ко само ним да им е жешко, на туристите па ич) |( а недај боже да ти треба нешто итно, ќе ти треба половина ден да се разбереш поради нивниот совршен англиски.

    Кога ќе ми речат дека во Шпанија, еве во Лорет дека било евтино, ми се иде да им вчукам една врела, каде ја видоа таа евтинија се прашувам? :^)
    Во обични мали продавнички убаво се сеќавам дека кока кола од половина литар им беше тогаш 2 евра. За неупатените, тоа се 120 ден, кај нас уште беше 30 ден, и тоа е цена - 4 пати повисока од нашата. Не дупло, туку четиридупло.
    Скапа беше храната, водата која ја купувавме за пиење, да не зборуваме за сендвичи, палачинки, коктели и такви работи. Се беше 3-4 па и 5 пати поскапо од кај нас.
    Единствено евтино нешто беше сангријата, за литар и пол плаќавме 90 ден, значи евро и пол, со неа можеше комотно да се опуштиш.

    Премногу туристи, премногу гужва, ден и ноќ е викотница и бука, градчето не стивнува воопшто.

    Инаку има обезбедување, полиција на секој чекор, ред и мир, не сум видела тепачки, инциденти, продавање дрога и чуда, а и да видев многу ќе ми беше гајле, оној кој не сака не оди да се пика да ја купи или проба, а никој не му доаѓа да му ја дава сосила. :^)

    Дури една вечер другарка ми си дојде сама од дискотеката до хотелот до ниедно време, еден полицаец се понудил да ја испрати, значи прилично безбедно место, со оглед на гужвата која ја има.

    Ние имавме некои си блок влезници за дикотека, не фаќаше евтино, плус некоја пијачка гратис, некаде се плаќа влез, некаде не, некаде е супер, некаде шабанерија, впрочем како и секое туристичко место од тој калибар.

    Ако сакате луд провод, неспиење, многу гужва и бучава, врволешник што би се рекло, народ од секое можно местенце низ Европа да сретнете и запознаете, и ако не ви е најважна водата и плажата и имате некои 300 евра вишок за трошење надвор од уплатениот аранжман, Лорет тогаш е правото место за вас.
    Во друг поинаков случај, не е.
     
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Одморот ќе ве чини како да сте во соседна Грција, па дури и поевтино.Местото е блиску до Барселона па ќе можете да си дозволите да ја посетите и неа.
    Препорачувам секој барем еднаш да оди.Има многу знаменитости, а како што кажав...плажите се филмски,шмекерски романтични.Целото место има некој таков шмек,љубовен :inlove:

    Се надевам нема да пречи доколку споделам неколку мои фотографии од одморот таму.Инаку престојував во хотелот Селвамар, јадење имаше во изобилие,шпански специјалитети ( доста зачинети ).


    http[​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]


    Хотелот беше класа за парите кои ги плативме :)Башка повеќето од гостите беа од Балканот.Се изненадивме кога влеговме во продавница и продавачката ни зборуваше течно српски а знаеше и по некој збор на македонски.
     
    На doleina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    856
    Можеш со воз да одиш до Барселона,тоа ти чини 5 евра и саат време патување.Влезница за возрасни на Камп Ноу е 22 евра и со таа влезница можеш да го посетиш стадионот,музејот и мултмедијалниот дел на клубот.А Лорет де Мар има многу гужва,ако не сакаш гужви многу тогаш можеш да одиш во некое од околните места како што се Санта Сусана,Бланес итн.(и од таму имаш возови кон Барселона)
     
    На doleina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Јас стојам зад тоа дека Шпанија во принцип е ефтина земја за наш буџет. Сум била во Лорет де мар, Барселона, Мајорка и цените се доста прифатливи и за шопинг и за јадење. Е сега Ибица е сосема друга приказна, ама тоа е нормално со оглед на популарноста.
     
    На doleina му/ѝ се допаѓа ова.