Лорет де мар ми остави голем впечаток. Забава има, многу локали, одлична плажа и бич барови. Цените се достапни, сметам дека можеме да си го дозволиме тоа.
Општи прашања Дечки да ве прашам. Пошо си сум паничар тоа нормално Пратив писмо за Германија, препорачано. И кај и да е треба да стигне деновиве, арно ама јас се плашам дали постои можност писмото да залута некаде и да не стигне ниту таму кадешто е пратено, ниту назад кај мене? Или нема шанса тоа?
Девојки, дали некоја има искуство со нашиве агенции за Лорет де мар...? преку која агенција сте биле како што сакам здравје летово да идам па ако има некој поконкретно нека ми објасни ...
^ Другарка ми беше Лорет Де Мар 6 дена, меѓутоа аранжманот беше за Франција, Шпанија ( Лорет Де Мар ) и Италија. Цена беше околу 450 некаде. Беше со Нехар и беше многу задоволна. Вакви понуди ќе има пак Пролетва и Летово
јас бев летово преку нолимит травел ама они сорабтуваат со српска агенција спирит травел од белград тргавме и супер беше организирано.ако те интересира уште нешто пиши а имам и некои страници за лорет де мар ако сакаш ке ти ги пратам да си разгледаш
Dali nekoj moze da mi kaze nesto poveke za turistickata agencija DIPLOMATIK, sakam da patuvam so niv ova leto na mediteranska tura italija-francija -spanija so letovanje vo Lloret De Mar 14 dena . Cekam brz odgovor. Ve pozdravuvam !!!
Дали некој бил на оваа дестинција преку Атлантик? И какви искуства имате со оваа агенција. Сакам да одам на одмор Лорет Де Мар па ја гледав нивната понуда. Спојлер http://atlantic.com.mk/index.php/mk/
Би ги замолила тие што биле на турата Франција- Шпанија- Италија 14 дена со автобус да споделат искуства. Пред се ме интересира дали некој бил во хотелов Фортуна 2* и дали му е добра местоположбата во однос на близина до плажа и места за излегување. Ваша оцена откако сте се вратиле? Вреди турата за парите или повеќе е малтретирање со оглед на тоа дека има доста возење со автобус?
Јас бев на апсолвентска екскурзија 18 дена, преку DIPLOMATIC и сум презадоволна. Само пофални зборови имам да кажам, нешто што никогаш нема да го заборавам. Голема благодарност до агенцијата и до водичот, на најдобар можен начин ни ги доловија сите дестинации. Spain in my heart <3
Ова лето ќе одам во Шпанија,Лорет Де Мар и би сакала некој повеќе да каже за хотелот HAWAI / MONTEVISTA 3 *** кој што бил у брзо врме за цените како се движат,колку чини лежалка ,екскурзиите, дискотеките,влезница за Port Aventura и сл.Турата ми е Венеција - Верона - Барцелона - Азурен брег ( Кан, Антиб, Ница, Монако, Монте Карло ) 14 дена. Благодарам
Дали некој знае агенција што има понуда само за лорет де мар значи не апсолвентската туку директно таму ако знае некој нека пише
Ова лето бев во Лорет де Мар 8 дена.Преубаво си поминав.Градот е супер и плажата е супер ( подобро ќе беше да не е вештачка) и имаше многу германци и руси.За одмор е одлично и пак би одела.
Во 2010 г. бев на летување 14 дена Италија - Шпанија - Франција, од кои 7 дена во Лорет де Мар, со Туристичка агенција „Дипломатик“ и прекрасно си поминав. Имаат долгогодишно искуство во организирање на оваа тура и се е совршено организирано. Хотелот Хаваи - Монтевиста е прекрасен, храната е одлична... Ова лето ќе ја повторам уште еднаш истата тура со истата агенција.
Женски, летово сакам со друштво во Лорет, ама во сопствена режија. За сместувањето мање-више не ни е проблем, колку што ни е за патот. Гледавме летови од Солун до Барса, и така патот би не чинел околу 170 евра од човек. Немам престстава колку би чинел патот со бус, ама веројатно ова е многу?! Ај ако имате искуство, кој со што патувал, нека сподели Ви благодарам
Јас не сум патувала вака, меѓутоа сакав да ти кажам 170 евра пат и плус сместување ќе ти излезе исто како со агенција да одиш. Понудите се движат од 280 евра па нагоре. А за истите пари јас би избрала агенција, барем се ќе биде организирано
Ај доколку има видено некој понуда за Лорет де Мар од агенциите нека сподели... Значи ме интересира одмор само во Лорет де Мар, не оние понудите по 14 дека со посетување на Ница, Монако и остали.